МАКТЕЛ

     

Претераниот оптимизам за зелената агенда

      

Каде всушност лежи проблемот или поточно проблемите бидејки ги има повеќе. Најпрвин околу зависноста. Бегајки од зависноста од Русија, ЕУ па и цела Европа влетува во прегратките на Кина во иста, па дури и поголема зависност. Имено скоро сите суровини, метали и минерали, кои се неопходни за зелена транзиција ги поседува Кина од кои најголемиот дел во 70 до 90 посто, а тие кои не ги поседува таа ги има Русија, а од Русија, заради санкциите ги увезува само таа. Доколку не се од Кина и Русија тогаш се од на пример Индонезија и Филипините, а таму концесиите за рудниците ги држи, погодувате, пак Кина. Без тие суровини нема зелена транзиција бидејки без нив нема ни фотоволтаици, ни електрани на ветар, ни електроника, ни батерии, ни електрични автомобили. Значи ЕУ, па и најголем дел од светот скоро во целост би зависеле од Кина што сериозни актери на светската политичка арена никако не смеат да си го дозволат. Импликациите се неизбежни и многубројни. Она што прво паѓа на памет е кога во такви околности Кина би го нападнала Тајван во светот би настанал целосен хаос. Западот би морал да воведе санкции и на тој начин би ја пресекол гранката на која седи. А такво сценарио воопшто не е неверојатно, дури е минималистичко. Геополитиката е незгодна дисциплина, а геополитичката реалност, во контекст на зелената транзиција станува се посложена.
И идејата дека со зелената транзиција ќе се забават и спречат климатските промени стои на се поклимави нозе. ЕУ дури се залета дека до 2035 ќе престанат да произведуваат бензински и дизел автомобили, но кога се соочија со фактите набргу ретерираа. За да возат сите автомобили на електричен погон потребно е огромно производство на струја, а таа ни во моментов ни во блиска перспектива не може да се произведе од обновливи извори. Ова особено ќе биде проблем кога потребите за електрична енергија драстично ќе се зголемат. Во тој случај потребната струја покрај од обновливи извори ќе мора да се произведува и од фосилни горива, како и од нуклеарни реактори кои се повеќе се наметнуваат како неопходност. Друг проблем е што зелената енергија е нестабилна и нестална, а енергетскиот сектор мора да обезбеди стабилност на системот. Базната енергија не може да биде обезбедена од такви нестабилни извори и уште долго време класичните електрани ќе бидат незаменливи.Покрај ова преоѓањето на зелена енергија претпоставува огромно, неколкукратно зголемено производство на разни видови метали и минерали кое нешто изискува огромни количини на енергија како за производство така и за нивни транспорт. Многу од овие суровини доаѓаат од прекуокенски држави и самиот нивен транспорт претставува големо загадување и остава значителен карбонски отисок. Парадоксот е очигледен.Од аспект на заштита на животната средина исто така постојат многубројни контрадикторности. Самото производство на потребните суровини, кое ќе мора многукратно да се зголеми, бара многу енергија, а уште повеќе претставува голем загадувач на природната средина. Примерот со литиумот е особено интересен поради неговата круцијална улога во зелената транзиција. Неговото производство предизвикува големи негативни нуспојави за околината што го прави неприфатлив за експлоатација за локалните заедници. Особено во густо населени држави какви што се европските. Во Европа најголемо наоѓалиште на литиум има на границата помеѓу Шпанија и Португалија меѓутоа поради отпорот на локалното население не се експлоатира ни во едната ни во другата држава. Слично е и во Германија, во нејзиниот јужен дел, а неодамна бевме сведоци и на револтот во Србија.
Штетноста по околината е огромна и при експлоатација на останатите суровини неопходни за зелената транзиција и тие метали и минерали дури и кога ги има во западните држави како Европа и САД на пример, не се експлоатираат заради штетноста и се увезуваат главно од Кина и некои азиски и јужноамерикански држави кај кои не постојат построги еколошки стандарди. На тој начин се доаѓа во парадоксална ситуација да суровините неопходни за зелена транзиција главно ги нема, а и кога ги има не се погодни за експлоатација. Покрај ова од еколошки аспект се штетни и малите хидроцентрали кои на почетокот беа промовирани како погодно решение за задоволување на потребите за електрична енергија.Се чини изненадувачки колку површно е влезено во еден таков стратешки проект каков што е зелената транзиција и се влегло во “олако обечана брзина”. Една реномирана студија покажува дека прокламираната цел на Велика Британија своите енергетски потреби да ги задоволува претежно од сонцето и од ветарот е сметка без крчмар бидејки за такво нешто едвај да би била доволна целата површина на Велика Британија, што би бил еколошки, прехрамбен и секаков проблем. Како што споменав ЕУ најави па се повлече од најавата дека после 2035 веќе нема да произведува возила со мотори на фосилни горива, но набргу увидоа дека е неизвесно дали ќе можат да ги обезбедат потребните предуслови бидејки им фали и литиум и скоро сите останати суровини, им фали енергија, им фалат места за полнење на електричните возила кои би требало да ги има барем околу 7 милиони, само нема да им фали загадување затоа што возилата освен од издувните гасови, воздухот го загадуваат и со абење на пневматиците и кочниците, особено кај електричните возила кои се потешки од обичните. Згора на тоа околу 600.000 високо квалификувани работници би останале без работа.На каков начин ова ја тангира Македонија, на секаков. Се што важи за Европа во поглед на недостаток и зависност од суровини важи и за нас. И целата територија да се покрие со фотоволтаици и електрани на ветар не би се обезбедило доволна, а особено не стабилна енергија. Тие можат да бидат помошен извор на енергија, но главен секако не. Во кој точно правец треба да се оди треба да кажат енергетските експерти, но неоспорен е фактот дека на ова ниво на технолошки развој зелената енергија покажува значителни слабости кои мораат да бидат земени во предвид при дефинирање на енергетската стратегија, а не да се оди со грло во јагоди.

   

Најново

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski
Вчитувам....