МАКТЕЛ

     

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

      

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.
Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски:
Почитуван Претседателе ван дер Белен,
Почитувани претставници на австриската и македонската бизнис заедница,

Ценети гости,
Официјалната посета на почитуваниот претседател и наш пријател, ван дер Белен, го симболизира долгогодишното македонско-австриско пријателство и партнерство. Ние не само што немаме отворени прашања меѓу нас, туку наидуваме на постојана, силна и принципиелна австриска поддршка на нашите европски интеграции и стратешки интереси. Затоа ми претставува чест, во оваа посебна прилика, да ве поздравам и да посакам успешна работа на овој македонско-австриски деловен форум.

   

Имајќи ги предвид одличните билатерални односи, изградената доверба и исклучително плодната економска соработка, клучните прашања и констатации на кои сакам да се осврнам се: која треба да биде основната цел на овој македонско-австриски деловен форум, во услови кога Австрија е веќе најголемиот инвеститор во Северна Македонија? Како овој Форум може да ја унапреди деловната соработка, кога некои од водечките компании во клучните области на енергетиката, телекомуникацијата, градежништвото, банкарството, осигурувањето се во сопственост на австриски инвеститори? Македонската и австриската стопанска заедница се познаваат доволно долго и доволно добро, но, убеден сум дека формални собири од овој тип не можат да одмогнат, напротив!

Ценети присутни,
Постојат барем три добри причини за денешнава средба.
Првата причина е што трговската размена меѓу Северна Македонија и Австрија е сè уште мала ако се имаат предвид квалитетот на билатералните односи, бројот на австриски компании на македонскиот пазар и потенцијалот за развој на двете страни. Тоа зборува дека можностите за соработка не се доволно искористени, особено во сферата на земјоделството и прехранбената индустрија.

Втората причина е фактот дека Европа и светот минуваат низ клучен период. Од една страна се соочуваме со бројни и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат и продлабочуваат. Нема земја што не е погодена од геополитичките ризици, енергетската криза, ценовните шокови и од инфлацијата. Од друга страна, сведоци сме на брза технолошка и дигитална трансформација на производството, пазарот и професиите. Зелената агенда влијае на промената на потрошувачките навики, а со тоа и на понудата и побарувачката. Иновациите и новите технологии можат да понудат решенија за многу од предизвиците со кои се соочуваме. Ова се новите полиња на економска соработка.

Тоа не води до третата причина за организирање на овој форум. За успешно да ги надминеме предизвиците и да обезбедиме долгорочен одржлив раст за Северна Македонија, минатата година ја донесовме Рамката за развој „МКД 2030“ во која утврдивме четири развојни приоритети. Меѓу другото, тие опфаќаат вложување во образованието, дигитализацијата и ИТ секторот, земјоделството, екологијата и енергетиката, особено чистата енергија. Оние компании кои навреме ќе инвестираат во развојот на овие области кај нас ќе се стекнат со конкурентна предност на македонскиот пазар во наредните децении. Затоа, ја користам оваа прилика да ги поканам македонските и австриските компании да соработуваат во областите за кои е утврдено дека ќе бидат наши развојни стратешки прироитети во иднина.

Почитувани стопанственици,
За Австрија да продолжи да биде број еден инвеститор во Северна Македонија, не само во наредните неколку години туку и во наредните децении, нужно е да отвориме новите перспективи во економската соработка.

Улога на државите е да создаваат услови за вие да може полесно и подобро да соработувате. Меѓу Северна Македонија и Австрија нема отворени прашања, туку само отворени можности. Се надевам дека овој форум ќе биде потврда на досегашната квалитетна соработка, но и почеток на нова фаза на соработката помеѓу компаниите од двете земји. Ви посакувам успешна деловна средба, сигурен сум дека ќе размените важни информации и ќе успеете да се поврзете на начин кој би бил од корист за унапредување на бизнис климата во двете држави.
Наредната 2024-та ќе одбележиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две пријателски држави. Во пресрет на тој значаен јубилеј, ве повикувам да ја искористите стекнатата доверба и да ја продлабочите соработката.
Ви благодарам.

   

Најново

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Станоевиќ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski
Вчитувам....