МАКТЕЛ

     

СДС остави голем број на долгови и апатична администрација во голем број на општини, но покрај се реализираме се што е ветено

      

Вкупниот долг заедно со образованието во Охрид изнесува 22 милиони евра и тоа е почетната точка од која што почнавме, рече Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид на денешниот политички саем на трибината Промени што носат иднина во Југозападниот регион и додаде дека освен исполнување на ветеното од програмата и реализација на проектите кои што ги ветил, тој посочи дека предизвик за него е и намалување на долговите кои ги наследил од претходниот градоначалник од СДСМ.

Освен сето она кое што сме го ветиле пред граѓаните во програмата, еден од предизвиците е и раздолжување на општината односно  намалувањето на долговите . прилично сум среќен и задоволен што можам да кажам дека од околу 21 милион денари долгови во образованието, долгот е нула денари. Што значи дека го исчистивме долгот во образованието. Главниот долг на општината е намален за околу 300 илјади евра, вели Пецаков.

Пецаков потенцираше дека во Охрид се реализирале голем број на проекти од големо значење за охриѓани, инфраструктурни проекти, нови мултифукнционални игралишта, како и изградба на пречистителна станица.

   

По однос на проектите кои што се поврзани со програмата а за нас се капитални и клучни, имавме ветено основно училиште, го завршивме проектот, сега следи буџетирање дали ние или со некаква апликација, изградба на пречистителна станица е завршен проект, изградба на ново водоснабдување на Охрид каде што преку 60 проценти од територијата ќе се снабдува од нов извор, изјави Пецаков.

Заклучно до 31 декември општина Охрид ќе има 27 проекти спремни веднаш да се реализираат, дали од наш буџет или пак преку аплицирање од некои фондови, грантови од бакни. Така што оваа година изработивме и мислам дека граѓаните тоа го препознаат, заклучи Пецаков.

„Околу долговите затекнав долг од 2 милиони денари. Затекнав апатична администрација, фрустрирана и деградирана и затворена општина“, изјави градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочоски на денешниот отчет даден на саемот на промените што носат иднина.

Тој истакна дека минатата година инвестирано е во инфраструктурни проекти, културата, здрава животна средина, исто така инвестирано е и го поддржувавме туризмот и градењето на Вевчани како туристичко место.

„Околу инфраструктурата имаме асфалтирано, поплочено во бекатон плочки или камени плочи повеќе улици низ Вевчани, изградено има 4 канализациони краци и со тоа го решаваме проблемот со канализацијата во Општина Вевчани. Инвестирано имаме во партерно уредување околу јавните општински згради како што е мултикултурниот центар во Вевчани, во тек е и хортикултурно уредување на истиот. Инвестираме во реконструкција и реновирање на детската градинка во Општина Вевчани“, рече Кочоски.

Кочоски посочи дека кога сме кај културата, 20 години Вевчанскиот карневал е финансиран од министерството за финансии, меѓутоа оваа година министерството за култура не додели ниту денар, така да Општина Вевчани сама со буџет од општината го реализираше Вевчанскиот карневал. Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод рече дека е работено на сите полиња како урбанизација, развој на местото како туристичка дестинација и слично.

„Она што беше клучно тоа е отворање на работни места и затоа веднаш ја ставивме во употреба индустриската зона Барбарос, бидејќи најголем проблем беа вработувањата. Тоа е единствениот начин да се задржат младите преку работни места. Но, не сопревме тука, работевме на урбанизацијата, почнавме да урбанизираме две парцели во индустриската зона една ја планираме за инвестиција, изградба на фабрика, а другата за фотоволтаици за да ја ублажиме енергетската криза. Ние како општина имаме капацитет за развој како туристичка дестинација. Поради тоа потпишавме и Меморандум со Агенцијата за туризам и успеавме да реализираме една манифестација Адреналински фестивал каде имавме на илјада учесници“, посочи Ристески.

Градоначалнико  на општина Брвеница, Јовица Илиевски  истакна дека општината ја затекнал во многу долгови и тотална нефункционалност од претходната власт.

„ Општината ја затекнавме со огромни долгови, успеавме околу 50 проценти да ги вратиме од долговите да го подигнеме нивото на јавната администрација да станеме услужен центар на граѓаните. Во следната година комплет ќе ги расчистиме долговите и ќе го подобриме сервисот на услуги на уште повисоко ниво. Затекнавме многу нереализирани проекти од претходната власт, општината немаше ниту еден проект аплицирано по институции,  сега аплициравме во биро за развој од светска банка успеавме да изреализираме проекти кои ни се во фаза на пред тендерирање и дел веќе почнати се да ги извршуваме и имплементираме.  Од претходниот градоначалник во тој дел затекнавме нефункционална општина“ истакна Илиевски.

Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски истакна дека се инвестира во сите области особено во делот на инфраструктурата.

„Како општина инвестиравме во сите области. Најмногу се концентриравме  во делот на инфраструктурата, како најболно прашање за општина Брвеница, улици имаме асфалтирано 3000 метри од бекатон улици, пат довршен, партерно уредување во село Брвеница. Во делот на спортот го активиравме стадионот после многу години, спортската сала која исто така беше запоставена повеќе години ја вративме во функција. Во културата имаме доста манифестации, во делот на екологијата учествувавме во уредување на речното корито на реката Вардар, за образованието, реконструкција на училиштето во село Гургурница и набавивме нов школски автобус за превоз на ученици. Во јавното комунално претпријатие успеавме да набавиме нови возила. Канализација и водовод имаме поставено канализациона мрежа во должина од 1800 метри а водоводната мрежа успеавме да ја реновираме и поставиме нова во должина од 2200 метри“ нагласи Илиевски.

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски истакна дека општината кога тој ја презеде функцијата градоначалник иако не беше во финансиска задолженост, таму владееше административна нефункционалност, бидејќи како што рече тој, може била единствена општина во Република Македонија кај што решенијата за данок за имот за 2020 или 2021 не беа поделени и единствена општина во Македонија која немаше јавно комунално претпријатие, но во овој изминат период од една година тоа се надмина, се отвори ново јавно претпријатие, тековните административни работи се ставија во функција и општината стана сервис на граѓаните.

„Изминатите 365 дена успеавме општина Јегуновце да ја направиме отворена, транспарентна и отчетна општина, општина за сите граѓани без разлика на партиска и етничка основа. Во период од една година успеавме да го отвориме, како што спомнав и претходно, јавното претпријатие и да обезбедиме машини, односно багер, камионет и помал камионет за потребите на јавното претпријатие што за овој период од една година е гордост на општина Јегуновце, бидејќи тоа се немаше случено во годините што поминале. Во овој период успеавме да отвориме градинка со капацитет од 50 дечиња од кои 25 се од македонска националност, а 25 се од албанска националност. Во другата градинка која што е клон на постоечката обезбедивме греење со пумпен систем, обезбедено е целосно оградување на двете градинки, поставени се детски реквизити и двете градинки се комплетирани за нашите најмили“, рече Костадиноски и додаде:

„Најголемиот проблем кој ги засега дел од населените места на територијата на општина Јегуновце, Ратае, Жилче и Шемшево, обезбедивме вода за пиење со капацитет за овие три села каде што можам да кажам дека овој проблем бил нерешлив повеќе од 20 години, а сега е решен со средства од буџетот на Јегуновце и изработени од страна на јавното комунално претпријатие. Се одржаваат јавните површини, се реконструираше основното училиште во село вратница, а се реконструира или се заменува греењето во неколку подрачни училишта на територија на општина Јегуновце“.

   

Најново

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski
Вчитувам....