9.8 C
Скопје
18/05/2024 05:53
МАКТЕЛ

  

     

 

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

      

Еве, за почеток една саркастична порака од стар новинарски циник за предизборната кампања. Одвај го чекам 9 мај, денот на победата над фашизмот. Тој ден, по поразот на окупаторите, Македонија ќе биде повторно моја. Само кога  ВМРО ДПМНЕ  е на власт Македонија е моја, а кога е во опозиција револуционерната ни партија таа е заробена од домашни предавници и надворешни непријатели и не ја чувствувам како своја. Во изминатите 33 години слобода и независност цели 16 и пол години Македонија беше моја, а 16 и пол години туѓа. Како наближува денот на големата победа сѐ повеќе ми се враќа гордоста поради што многу подостоинствено се чувствувам. Ете, ова е големата милина што ме опфаќа од симболиката и пораката од  слоганот на ВМРО ДПМНЕ  и Христијан Мицкоски за парламентарните избори „Македонија повторно твоја. “

Поглупав и поштетен  повик на делби во предизборен проглас  за национално единство освен онаа на Хитлер „Германијо разбуди се“ од триесеттите години од минатиот век немам ни чуено, ни прочитано. Толку за моја, твоја, наша, ваша, недај боже и ничија Македонија, со или без ВМРО ДПМНЕ на власт.

   

Да се вратиме малку од еден друг агол на истата тема од која ни ја потекоа главата повеќе од пролетните алергии и вируси и од магарешката кашлица. Предизборните ветувања одамна ги слушам и читам како забава, или што би рекле Србите како „обечање, лудом радовање“, или по нашки ветувањата се радост за будалите. Во новинарството, кога тоа беше професија, ветувањата на политичарите  во изборните кампањи во првите години на независноста беа многу поинтересни на крајот на нивните мандати, кога ревносно пребројувавме што од тоа што ветиле оствариле , за да дојдат на власт, а што не. Мислам дека тоа во еден период пресудно влијаше на изборните резултати кога власта се менуваше на секои четири години. Тоа беше главната причина повеќе да се гласа „против“ отколку „за“.

Бомбата на СДСМ допрва ќе експлодира

 

При голема и оправдана недоверба кон  предизборните ветувања,  кои кај луѓето со здрав разум служат главно за мајтап и исмевање на волшебни решенија и големи остварувања најмногу ми падна во око една најава која колегите ја нарекоа „бомба“ што ја приопшти СДСМ во предизборната кампања. Големо ветување кое се разликува од сите други и за чудо поминува без некои пожестоки реакции што може да се протолкува на различни начини, или како нешто небитно, или како одобрување и од јавноста и од експертите од оваа област.

   

     

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ, партиски секретар за меѓународни односи во свои јавни настапи ветија дека секој граѓанин на Македонија, вклучувајќи ги и децата ќе добијат акции во државните енергетски објекти, веројатно се мисли не само на ЕСМ, првично во износ од 8.000 денари. Или, едно просечно четиричлено семејство ќе добие акции во вредност од 500 евра. Износот на вкупната вредност на акциите не е ни малку безначаен како што изгледа на прв поглед, но уште позначајна е идејата за поседувањето на приватна сопственост во големи државни ресурси. Бегла и непрецизна пресметка кажува дека на овој начин би биле дадени акции во вредност од повеќе од 100 милиони евра. Колку се тоа проценти од реалната вредност на ЕСМ не е точно познато, но сигурно претставува близу до половината од износот на оваа најголема и по многу што најзначајна државна компанија.

Побарав нешто повеќе детали за ова, но не најдов ништо поконкретно. Можеби и затоа не доби поголема гласност како што се очекува за една ваква најава која во суштина беше многу актуелна тема уште пред повеќе од три децении.

Дали станува збор за вистинска бомба која допрва ќе експлодира многу посилно, или празно ветување како и многу други, веројатно ќе се соочиме во натамошната кампања на парламентарните избори. Но, темата навистина заслужува посебно внимание, пред сѐ дали се работи за прецизен програмски и стручен пристап за исправање на голема неправда направена во Македонија кон илјадници, да не речам повеќе од милион луѓе, или се работи за едно од многубројните ветувања кои се вбројуваат во списокот во подгревање на илузии.

Се потсетив дека уште во првите години на независната држава, па дури и пред тоа кога се отвори расправата за приватизација на државниот и општествениот имот имаше повеќе предлози за давање на ваучери на сите граѓани кои ќе им обезбедат некаков удел од сопственоста што ќе се приватизира.

За жал, приватизацијата на еден огромен дел од државниот имот се претвори во озаконет грабеж  при што беа елиминирани од било каков надомест илјадници граѓани вработени во разни дејности како здравството, образованието, во сите институции, во армијата, државната администрација и во многу други дејности. Друг дел од вработените во општествените компании по таканаречениот закон на поранешниот премиер на Југославија, Анте Марковиќ добија извесен број акции за минат труд и право на купување акции, но со текот на времето голем дел од тие хартии завршија за мали пари во рацете на новата класа на новиот општествено економски поредок кои беа именувани како олигарси, богаташи, тајкуни…кои брзо стекнаа големи богатства, што унесреќи многу луѓе. Кога некој брзо се богати, многумина брзо осиромашуваат.

Ваучерите, тогаш како идеја да се ублажи неправдата кај нас не поминаа. Беше укажувано на некои лоши искуства во источноевропските земји каде е примената таа метода. Но, и таму ваучерите завршиле кај олигарсите, бидејќи сиромашните луѓе брзо ги продавале за мали пари, а многу често и за кригла пиво, или шише вотка.

На тој начин се преземани големи компании, фабрики, рудници и нафтоносни полиња. Ваучерите послужиле само како еден од начините да се озакони криминалот. Сегашната идеја на СДСМ која ја соопшти СДСМ со недоволно јасно образложение, која сѐ уште е обвиткана со молк по веќе насобраните искуства, може да биде оправдана само ако се обезбеди заштитен механизам тоа да не се повтори во катастрофална приватизација какви што имаше во Македонија. Од друга страна, имаше и позитивни примери на успешни приватизации по кои еден дел од вработените добија можност со своите акции да остварат одредени приходи од дивиденди, или пак од продажба на акциите кога нивната номинална вредност на берзата пораснала повеќекратно.

Би било добро идејата за доделување акции во државните енергетски компании да опфати уште дејности кои се во државна сопственост и кои и натаму ќе останат со мнозински пакет, но со добар дел на учество и на граѓаните кои ќе имаат свои акции како надомест од државата за неправедната приватизација и болната транзиција.

Што значи тоа конкретно. Граѓаните на Македонија во најголем дел се онеправдани не само со приватизацијата, туку и со одземен личен имот што е стекнат со сопствено учество во финансирање на значајни државни капацитети. На пример, во Телеком една од најрентабилните државни компании која во најголем дел е приватизирана, но уште таму има свое учество државата, повозрасните граѓани сигурно не заборавиле дека за да се добие статичен телефон во своите домови плаќале цела годишна плата која во еден период изнесуваше над 1000 западногермански марки за телефонски приклучок. Висока, нереална цена која била употребена меѓу другото за изградба на една од најдобрите телекомуникациски мрежи во целиот регион. Такво учество денес би обезбедило сопственост на удели, или одреден број акции. Втор карактеристичен пример е ЕВН која меѓу другото ги доби без денар надомест и трафостаниците кои се изградени со самопридонес на граѓаните.

Дали се сеќавате за заемот на државата од граѓаните за изградба на патишта со обврзници кои завршија обезвреднети во канти за ѓубре. Има стотици такви примери на учество на граѓаните во изградба на државни добра, дури и со откажувања од лични примања во корист на компаниите кои подоцна се приватизирани без надомест, или останале во сопственост на државата која сега може да возврати на еден чесен и транспарентен начин. Ако идејата на СДСМ поаѓа од вакви мотиви и ако добро се спроведе со поголеми пакети акции не само од енергетските државни ресурси, туку од државните патишта, железници, од делот на државата во веќе приватизираните компании, тоа би бил полн погодок на исправање на една голема неправда. Такви успешни примери има и во регионот.

Од друга страна, сопственоста на акции во големи државни компании може да изврши силен притисок за рентабилно работење, а што е уште позначајно за праведна и компетентна кадровска селекција која ќе овозможи профитабилни резултати. Тоа би означило и крај на енормните партиски вработувања во државните компании.

Сите наши златни кокошки што ги купија странските компании работеа со загуби кога беа во државна сопственост, а денес прават милионски профити. Менаџерскиот начин на работење и во државни компании, особено каде што има и приватна сопственост може да предизвика голем успех. Толку за предизборното ветување на СДСМ во оваа фаза. Ќе биде навистина значајно дали ова ќе остане само како едно од бројните ветувања, или ќе се отвори еден значаен многу поширок процес на јавно и приватно партнерство кое може да даде извонредни резултати. Неопходни се попрецизни и подетални информации за оваа тема која има многу поголемо значење од предизборна кампања. Можно е за ова прашање на исправање на долгогодишна неправда да падне првиот консензус и да се примени во живот без оглед кој ќе победи на изборите. (dw)

Ерол Ризаов

    

Најново

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski
Вчитувам....