Што е најважно за мене. Стефан ги спомна студентите. Морам да признам дека секогаш ми биле неверојатна инспирација. Сум почитувала сократов метод, сум ги учела, но и јас со нив сум учела. Знам дека кога ќе бидете избрани за најинспиративен професор тоа многу значи, но одговорно тврдам дека ниту еден труд, ниту членство во меѓународни организации не ми значело толку колку можноста што ми дадовте вие и тогаш и сега да си го запознам народот, рече таа.Силјановска Давкова нагласи дека секој може да си го смени стилот на живеење, може да промени многу нешто, но никогаш не може да си ја промени татковината.Може да смените се, може стил на живот да смените, може да смените многу нешта, ама татковина никогаш, нагласи Силјановска Давкова.Силјановска Давкова во текот на своето обраќање истакна дека многу работа стои пред сите.