Денеска (23.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Флоријан Чехаја. На средбата министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи. Особена благодарност министерот Тошковски упати за разбирањето што Република Косово го има во однос на проблемот со личните документи. Амбасадорот Чехаја исто така се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во делот на граничното работење и изрази уверување дека во најкус рок по завршување на дополнителните правни процедури ќе отпочне да функционира „one stop shop“ механизмот за преминување на државната граница меѓу двете земји.
Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше потенцирана заложбата за спроведување на фер, слободни и демократски избори, што претставува примарна надлежност на оваа техничка Влада, обврзувајќи се на европски изборен процес.