16.8 C
Скопје
05/05/2025 21:07
МАКТЕЛ

     

ФОКУС: Тинејџери цицаат снус никотин, кој илегално се продава во киосци, родители бараат институциите да ги заштитат децата!

      

Снус, релативно нов производ во земјава, кој за кратко време стана доста популарен кај младите генерации, односно кај деца на возраст од 13 години, па нагоре, а за кој доста малку се знае, предизвика паника кај голем број на родители.
Овој никотински производ најпрвин стана актуелен во регионот, во Србија, Босна, Косово, Бугарија… И тамошните власти немаа доволно податоци околу регулативите за продажба и користење, па апелите на вознемирените родители завршија со соопштенија од надлежните служби, да биде пријавено во полиција секое сознание дека некаде им се продава снус на малолетници.

Околу тоа што е всушност снус, производ за кој официјално се знае дека предизвикува огромна зависност, но и здравствени проблеми, посебно за лица во раст и развој, и дали станува збор за еден вид на дрога, која им е лесно достапна на тинејџерите, кои без проблем можат да ја купат во многу киосци по цена од околу 300 денари, ,,Фокус” побара одговори од повеќе институции.

   

Дали продажбата на снус е легална и дали е дозволена продажба на таканаречените никотински ќесички на малолетници, кои ги ставаат во уста и ги цицаат, додека тие испуштаат голема количина на никотин, кој предизвикува малаксаност, вртоглавица и опуштање, се прашањата кои ги доставивме до Министерството за внатрешни работи, како и до Министерството за економија.

-Во земјава нема легален увоз на снус, беше краткиот одговор од МВР, што значи дека неговата широко распространета продажба е противзаконска.
И од Министерството за економија потврдуваат дека овој производ не е регистриран во Регистарот на марки на тутунски производи од тутун и сродни производи.
Од таму потврдуваат дека во 2016 година фирма од Челопек, Брвеница, била регистрирана во Министерството за економија за увозник со Решение бр. 11-5680/4. Но, досега фирмата немала регистирано трговска марка на тутунски производ за увоз и пуштање во промет.

Појаснуваат дека доколку фирмата продава тутунски производи без да поседува Решение за упис во регистерот на трговски марки на производи од тутун согласно член 92 од законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, Државниот пазарен инспектор ќе донесе решение со кое ќе забрани:
1) пуштање во промет на производи од тутун и сродни производи и привремено да ги одземе доколку производителот, односно увозникот не се запишани во регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи.

2) пуштање во промет на несогорливи тутунски производи и привремено да ги одземе истите, доколку не се запишани во Регистарот на марки на тутунски производи од тутун и сродни производи.Исто така, биле предвидени глоби за мали трговски друштва во висина од 1.000 до 2.000 евра и за средни и големи трговски друштва од 5.000 до 10.000 евра доколку не поднесат барање до Министерството за економија за запишување во Регистарот.

Глоби на правно лице во износ од 1.000 до 1.500 евра ќе му се изречат на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од 3.500 до 7.500 евра ќе му се изречат на средно и големо трговско друштво за прекршок, ако не поднесат барање до Министерството за економија за запишување во Регистарот за марки на производи од тутун и сродни производи.

Од разговор со родители кои случајно дознале дека нивните малолетни деца купила снус, дознаваме дека станува збор за никотински ќесички спакувани во убава кутија, која изгледа како пакување за бонбони.Децата кои го купиле најчесто не ни знаат за штетните последици од овој производ чија продажба во земјава е илегална. Наводно, повеќето од нив сакале да експериментираат, да се направат важни, но и од љубопитност.

Многу од нив сметаат дека снус е замена за цигари, а тоа што се произведува со разни ароми на ментол, кафе, овошје, ги навело да мислат дека е сосема безопасен.
Но, за штетните последици од снус, за ,,Фокус” детално раскажува Ивица Апостолов, Претседател на Здружението на медицински лаборанти на Клинички центар и како здравствен работник во Универзитетскиот Институт за клиничка биохемија со 32 годишно работно искуство од областа на клиничката биохемија и лабораториската медицина.
Информациите кои тој ги сподели со ,,Фокус” се алармантни, посебно поради тоа што на мета се деца од основните и средните училишта, а јавноста не е доволно информирана за штетните последици од снус.

-Неколку години наназад голем број на малолетници завршуваат или со повици до итната медицинска помош или со барање на пружање ургентна помош на Клиниката за Токсикологија, а сето тоа поради предозираност од најчесто алкохол, но се случува и од употреба на ,,лесни” наркотици (дроги), но многу често се случуваат предозираност од употреба на наргиле и некои никотински производи.

Предозираноста од употреба на наргиле и на никотински производи доведува до пад на крвниот притисок и намалена церебрална циркулација, како и колапс и краткотрајно губење на свеста, а овој ,,нов тренд” на труења со овие или слични последици се почесто ги зафати децата во средните училишта, матурантите, но на жалост го имаме дури и во основните училишта.

Имено, во последните неколку месеци родителите, но и наставниците и професорите на скопските средношколци и основци, сè почесто ја изразуваат својата загриженост за се почестата состојба во која се наоѓаат децата, а сето тоа е тесно поврзано со потрошувачката на никотински производи, кои колоквијално се наречени СНУС меѓу учениците во училиштата. Употребата на вакви опасни тутунски производи и материи од страна на тинејџерите, на жалост зема се поголем замав, што влијае и на нивното здравје, а никој од родителите, па дури и професорите во училиштата во прв момент не знаат што се случува со детето, дали е тоа здравствена состојба или е последица од употребата на овој тутунски производ (снус), кој многу тешко се препознава – појаснува Апостолов.

Додава дека како Претседател на Здружението на медицински лаборанти на Клинички центар и како здравствен работник во Универзитетскиот Институт за клиничка биохемија со 32 годишно работно искуство од областа на клиничката биохемија и лабораториската медицина, институт кој е веднаш до Клиниката за Токсикологија, секогаш добивал точни, прецизни и вистинити информации како доаѓало до вакви несакани труења кај децата.

-Тинејџерите при употреба на снусот, првин кесичката ја ставаат во уста и не може да бидат приметени, ниту од родителот и другарчињата, а и ниту од професорите на училиште, дополнително отежнато да се препознае употребата на снус е што при проверка детето во себе нема ниту тутун, а додека го употребува снусот околу него нема ни чад и никој освен детето не знае што се случува.

По конзумирање на снусот детето колабира, повраќа на час и дури тогаш професорите или учениците повикуваат брза помош. Всушност, причината за оваа состојба и колапсот на ученикот е количината на конзумираниот никотин која се движи од 9 до 15 милиграми во една кесичка снус. Замислете како ширењето на овој тип на никотин влијае на млад организам, доаѓа до забрзан метаболизам, брза циркулација, плус амонијак кој ја забрзува целата оваа реакција, а тоа може да доведе и до оштетување на мозочните клетки.

Според мои информации овој тутунски производ се набавува најчесто од Србија и таму го има за помалку од 5 €, а тинејџерите масовно го употребуваат во последно време. Загрижува и фактот дека одредени популарно наречени ,,тобака”, слободно го продаваат овој производ поради нерегулираноста во Законот за тутун и тутунски производи кај нас, а кај родителите треба да биде показател дека нешто се случува со нивното дете кога детето одеднаш и неочекувано ќе почне да повраќа, понекогаш на секој час и доколку одеднаш дојде до губиток на свеста, тоа се првите показатели за употреба на снус и за загриженост-тврди Апостолов.

Вели дека родителите и професорите треба да бидат внимателни и претпазливи доколку децата доаѓаат дома или на училиште со кесички слични на чај, кои се обично во украсни метални кутии, а самите такви се привлечни и за децата да ги намамат да ги купат и обично се со различни ароми, а потоа од првенствената љубопитност за да ги купат кај тинејџерите преминуваат и во тоа за да ги употребуваат.

-Кога кажувам за СНУС, за да бидам добро разбран, станува збор за мали кесички кои содржат преработен тутун кој не е лесно видлив. Кога ќе се стави над горната усна, снусот може да се држи во текот на целиот ден без никој да забележи дека детето нешто конзумира, а јас слободно ќе кажам дека со тоа детето конзумира чист непреработен никотин.

Неговата употреба предизвикува голема зависност, а во комбинација со емулгатори СНУС-от ги има истите ефекти како и дрогите. Никотинските кесички се производ чие конзумирање овозможува никотинот да влезе во телото многу побрзо од цигарите, преку образите брзо се ресорбира и со тоа завршува во мозокот. Како што напоменав, производот содржи и разни адитиви, а предозирањето може да има сериозни последици кои претходно ги наведов.

СНУСОТ е опасен затоа што тинејџерите може да го користат дискретно, кесичката е поставена директно на слузокожата помеѓу горната усна и непцата. Така, никотинот стигнува до мозокот побрзо отколку со цигарите, а моменталното чувство на релаксација се јавува многу побрзо отколку при пушење на цигара, многу слично како при користењето на наргиле- раскажува здравствениот работник.

Алармира и на симптомите на предозирање.
Вели дека некои од симптомите на предозирање со снус се повраќање, гадење, главоболка, аритмија, забрзано чукање на срцето, нарушување на концентрацијата и општа лоша состојба, а тоа се класични симптоми на труење.Со оглед на лесната достапност на снус, но и недоволната информираност за овој производ, родителите бараат институционална заштита за своите деца, инспекциски контроли во киосците каде се продава снус, како и училишна едукација на темава.

Во соседна Бугарија, на пример, кон крајот на минатата година, група на родители се организираа на социјалната мрежа Фејсбук, со цел сите кои имаат сознанија каде им се продава снус на нивните деца, случаите веднаш да ги пријават во полиција.И српското Министерство за внатрешни работи пред три месеци се огласи со јавно соопштение по повод вознемиреноста на родителите чии деца користеле снус, и порача родителите да разговараат со децата и да ги едуцираат, а сите граѓани кои имаат сознанија за продажба на снус на деца, информациите да ги достават во полиција.

  

Најново

Трамп ќе постави царини на филмови произведени надвор од САД за да ја спаси Холивудска индустрија

Sase Ivanovski

Сојузник на Трамп од крајната десница победи во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

Уметничка од Јапонија со потекло од Србија ќе го црта балканскиот рис и ќе собира пари за негова заштита

Sase Ivanovski

Oдбележан Меѓународниот ден на акушерките

Sase Ivanovski

Голема распродажба на Star Wars игрите на сите платформи

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДО) Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми

Sase Ivanovski

Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Sase Ivanovski

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Sase Ivanovski

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка, Н.Е. Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

МОН со стипендии поттикнува средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик

Sase Ivanovski

МОН: Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Sase Ivanovski

Обраќање на академик Живко М. Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на: Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Sase Ivanovski

Јаневска: Законот го штити македонскиот литературен јазик, но и секој лично може да придонесе во неговото унапредување

Sase Ivanovski

“ПЕРОТО НА КОЧИЌ” ЗА 2025 ГОДИНА МУ Е ДОДЕЛЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Sase Ivanovski

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

Вучиќ наместо дипломатска служба за време на посетата на САД користел неформални канали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Хутите истрелаа ракета на аеродромот Бен Гурион во Израел

Sase Ivanovski

Орбан тврди дека Трамп ѝ предложил на Унгарија да ја напушти Европската Унија

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Куманово – шестмина повредени, меѓу нив и дете

Sase Ivanovski

Зеленски: За Украина во ЕУ треба да одлучува Европа, а не индивидуален манипулатор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕК: Пакет од 500 милиони евра за привлекување научници во Европа

Sase Ivanovski

Фицо заплива во Дунав по шпекулациите за неговото здравје

Sase Ivanovski

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

Љутков: Грижата за македонскиот јазик e чин на современ патриотизам

Sase Ivanovski

Потенцијални кандидати за локалните избори – албанските партии ги започнаа калкулациите со имиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Путин: Западот се обидува да не испровоцира да употребиме нуклеарно оружје против Украина

Sase Ivanovski

Се тепале соседи во Берово, едниот сакал да го прегази другиот со кола

Sase Ivanovski

Две лица уапсени за експлозијата на 26 април во иранско пристаниште

Sase Ivanovski

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

Sase Ivanovski

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Sase Ivanovski

Телма: Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари

Sase Ivanovski

Во Скопје се уапсени тројца студенти од Турција, ограбиле таксист

Sase Ivanovski

Скопската „гротескотопија”

Sase Ivanovski

Денко Малески: Кажи само па ќе те обесат на плоштад!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Sase Ivanovski

Многу ја чинат државата – колку заработуваат германските пратеници?

Sase Ivanovski

Граната од Прва светска војна пронајдена во нива во Новаци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад: Маж уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од несреќата

Sase Ivanovski

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Sase Ivanovski

Средбата на Путин со Трамп е неопходна, вели Кремљ

Sase Ivanovski

Мицкоски: поради локалните избори во јуни ќе има ребаланс на Буџетот.

Sase Ivanovski

Трамп планира рекорден буџет од трилион долари за одбраната

Sase Ivanovski

Руски шпиони присуствувале на настан за брегзит во британскиот парламент

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Аеродром

Sase Ivanovski

Над 200 тони јагнешко ќе се увезат во Бугарија за Ѓурѓовден

Sase Ivanovski

Малолетничка била нападната и ограбена од врснички во Аеродром

Sase Ivanovski

Скопјанка се породила дома, новороденчето починало

Sase Ivanovski

Две жени се пресметале во Драчево

Sase Ivanovski

Мицкоски му се јавил на Ердоган и го средил проблемот што го имале пациентите од Кочани при полетување од Истанбул

Sase Ivanovski

Сакаме квалитетен мед, а пчелите се трујат со токсични метали!

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ќе субвенционира набавка и монтажа на сончеви колектори во домаќинствата

Sase Ivanovski

(ФОТО) Дина Јашари со нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска во работна посета на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Sase Ivanovski

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова на Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

Sase Ivanovski
Вчитувам....