23.8 C
Скопје
19/05/2024 15:06
МАКТЕЛ

  

     

 

Шефицата на Прокредит Банка, Јованка Јолеска Поповска: 20 години инвестираме во развој на локалните компании

      

Јованка Јолеска Поповска, претседател на надзорен одбор на Прокредит Банка
ПроКредит Банка на македонскиот пазар е основана пред 20 години, како германска гринфилд-инвестиција, без спојувања или преземања на други банки. По повод јубилејот, разговараме со Јованка Јолеска Поповска, претседател на Надзорниот одбор на банката.

   

Во дводецениското работење на македонскиот пазар ПроКредит Банка има преземено неколку пионерски чекори. Кој, според Вас, е најзначајниот придонес за развој на локалната економија и што е уникатно за вашето работење?
Уште од основањето на банката наша примарна цел беше да овозможиме полесен пристап до финансии за компаниите кои во тој период забрзано се развиваа, а со тоа и позитивно да придонесеме кон пораст и развој на македонската економија. Низ годините бевме лидери и во воведување и промоција на процесот на дигитализација на нашето, но и работењето на нашите клиенти, а предводници сме и во промоција и поддршка на зеленото финансирање во нашата земја.

 

Денес сме особено горди што по 20 години постоење изградивме системски значајна банка, која континуирано поставува високи стандарди во банкарското работење и дава пример како една модерна и одржлива компанија може да влијае врз општото добро.
Во нашето работење во континуитет промовираме одговорно банкарство, односно се залагаме за кредитирање без презадолжување на клиентите, поттикнување култура на штедење наспроти консумеризам. Според мене, токму ова се работите што го дефинираат работењето на ПроКредит Банка, но се основа и за еволуција на начинот на банкарското работење во Македонија.
Градењето долгорочна релација со клиентите и советодавната улога при носење на нивните финансиски одлуки нe позиционираа како банка-партнер на македонскиот бизнис.

   

     

Денес сме особено горди што по 20 години постоење изградивме системски значајна банка, која континуирано поставува високи стандарди во банкарското работење и дава пример како една модерна и одржлива компанија може да влијае врз општото добро
Уште од почетоците на работата на македонскиот пазар ПроКредит Банка е препознаена првенствено по фокусот на поддршката на малите и средни претпријатија. Како беше прифатен новиот пристап тогаш, а каква е ситуацијата денес?

Во периодот на основање банката почна да опслужува еден сегмент на пазарот, кој дотогаш воопшто не беше адресиран од постојните банки. Ги поддржавме микро и многу малите бизниси, кои како производ на транзициската економија честопати и не беа регистрирани како формални правни субјекти, немаа официјални биланси, ниту пак имаа регулиран работен статус. Во тоа време од македонскиот банкарски сектор овој сегмент беше сметан за доста ризичен, особено поради фактот што компаниите немаа никаква бизнис и кредитна историја зад нив.

ПроКредит Банка воведе сосема различен пристап за анализа и опслужување на овој сегмент благодарение на одлично обучениот кадар и германската кредитна технологија. Активно ги посетувавме клиентите на местото на нивниот бизнис, а целта беше да се разбере нивниот бизнис-модел, да се направи детална анализа и добра кредитна процена и да се одобри кредит што клиентот ќе може да го плаќа од реализираниот профит. На тој начин беа поставени основните принципи на одговорното кредитирање, со цел да не се оптовари бизнисот со кредит кој клиентот нема да може да го врати. Овој иновативен начин на работа не беше вообичаен во тоа време и направи револуција во начинот на банкарското работење во Македонија.

Одговорниот пристап на банката кон кредитирањето беше основа за градење доверба и долгорочно партнерство со овие новонастанати компании. Тие со нас добија пристап до банка и финансирање, односно ги регистрираа своите бизниси како правни субјекти, отвораа сметки во банка и создаваа кредитна историја со банка-партнер, која не ги гледаше само низ призмата на сопствениот профит, туку преку поддршката што им ја даваше овозможи долгорочен развој на нивните бизниси.

Изразено преку бројки, во период од 20 години поддржавме 4.000 македонски компании со над 60.000 кредити со вкупен волумен од 2,2 милијарди евра. Од нив, 800 милиони евра се поддршка за нови инвестиции и развој. Одговорното кредитирање се рефлектира преку високиот квалитет на кредитното портфолио, кој во континуитет е под 2% и е значително подобар од нивото на банкарскиот сектор во земјата.

Во 2015 година ПроКредит Банка се етаблира како пионер во дигитализацијата на банкарството со отворање на зоните 24/7, преку замената на класичните банкарски филијали и воведување дигитална платформа за клиентите. Како се развиваше целиот тој процес?

Во 2015 година воведовме 24/7 зони, ефективно заменувајќи ги конвенционалните филијали на банки, со што воведовме нов и модерен модел на банкарското работење. Овој стратешки потег ја одбележа нашата посветеност кон пионерски напредни банкарски услуги, кои на нашите клиенти им овозможија флексибилност, безбедност, дискреција и достапност во кое било време. Во моментов, ПроКредит сe уште е единствената банка на пазарот што го врши своето работење исклучиво преку дигитални канали. Освен тоа, ние сме и прва банка што креира платформа дизајнирана да ги дигитализира кредитните и административните барања на нашите клиенти. Потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и другите административни документи, клиентите на ПроКредит Банка ги прават по електронски пат – брзо, едноставно и, пред сe, сигурно. Фактот што банката е високодигитализирана ја прави услугата за нашите клиенти мошне брза, ефикасна и квалитетна. Токму затоа, ПроКредит Банка е исклучиво привлечна за прогресивни клиенти, правни и физички лица што се во трка со времето, што сакаат квалитетна услуга, но и автономност во извршувањето на нивните трансакции.

Како банка активни сте и во сегментот на зелени инвестиции. Колкав удел имаат зелените кредити во вашето кредитирање?
Зеленото финансирање, кое подразбира финансирање проекти поврзани со енергетска ефикасност, производство на обновлива енергија или инвестиции што придонесуваат за заштита на животната средина, е еден аспект од сеопфатниот систем на одговорно банкарско работење и грдење одржлива иднина. Свесни сме дека како банка, нашите активности, методи на работа и одлуки имаат значително влијание врз животната средина, економијата општеството во целина. Затоа се стремиме да го минимизираме нашето негативно влијание врз животната средина, а истовремено промовираме и финансираме проекти со позитивно влијание. Оттука, учеството на зелени кредити во нашето портфолио изнесува околу 20%, а нашиот фокус и заложба во овој сегмент е очигледен во споредба со банкарскиот сектор во Македонија, каде што процентот на учество на зелените кредити во вкупното кредитирање не е повеќе од 3%. Досега исплативме 215 милиони евра за поддршка на 1.400 зелени инвестиции во земјата.

Од нив, околу 100 милиони евра се за зголемување на енергетската ефикасност кај компаниите и домовите, а околу 35 милиони евра се кредити наменети за финансирање на обновливи извори на енергија, со кои финансиравме 150 фотоволтаични централи со капацитет за производство од 41 MW, доволно за да се задоволи годишната потрошувачка на 9.420 македонски домаќинства со чиста електрична енергија. Во период од 20 години ПроКредит Банка има поддржано 4.000 македонски компании со над 60.000 кредити со вкупен волумен од 2,2 милијарди евра. Од нив, 800 милиони евра се поддршка за нови инвестиции и развој.

Какви се вашите планови за во иднина? Врз што ќе се темели вашиот понатамошен развој на македонскиот пазар?
Опстојуваме во нашата мисија да обезбедиме одговорни и одржливи финансиски услуги што суштински придонесуваат за унапредување и развој на македонската економија, општеството и животната средина.

ПроКредит Банка веќе 20 години претставува пример за одговорност, но тука не застануваме. Продолжуваме со нашата мисија да обезбедиме одговорни и одржливи финансиски услуги. Цврсто сме посветени на развој на банката, а во наредниот период очекуваме да постигнеме двоцифрена експанзија на нашата база на клиенти, опфаќајќи ги и правните и физичките лица, како и двоцифрена стапка на зголемување на кредитните и депозитните портфолија. Веруваме дека ќе продолжиме да важиме за етичка и одговорна банка, која е трендсетер на сите новини во банкарството што ќе значат унапредување на банкарските услуги кон нашите клиенти.

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....