МАКТЕЛ

     

Ќесето на одбраната ќе треба да се одврзе повеќе

      

Македонскиот буџет за одбрана за 2023 година изнесува 1,85% од БДП и е блиску до проектирана цел од 2%. Столтенберг ги повика членките на НАТО да вложуваат повеќе.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика земјите-членки да го забрзаат зголемувањето на трошоците за одбрана, бидејќи новите бројки покажуваат дека помалку од една четвртина од нив ја исполнуваат целта на Алијансата.

На вчерашната прес-конференција во Брисел, на која Столтенберг го претстави годишниот извештај на НАТО за 2022 година, рече дека рускиот напад врз Украина минатата година покажа дека светот станал поопасен и дека сојузниците во НАТО треба да одговорат со поставување и исполнување на поамбициозни цели за воени трошоци.
На самитот во Велс во 2014 година, членките на НАТО се согласија со насоките да се движат кон трошење на најмалку 2 отсто од нивниот БДП за одбрана, во рок од една деценија. Членките на НАТО постојано ги зголемуваа трошоците за одбрана откако руските сили го анектираа Крим во 2014 година, но според Столтенберг, минатогодишната инвазија ја истакнала потребата да се вложува повеќе.

   

Според вчера презентираните податоци, во 2022 година седум од 30-те земји членки на НАТО ја исполниле целта да потрошат 2 отсто од нивниот БДП за одбрана, односно една земја помалку во споредба со 2021 година, пред војната во Украина.
„Нема сомнеж дека треба да направиме повеќе и да го направиме тоа побрзо. Сегашното темпо на зголемување на трошоците за одбрана, не е доволно високо. Мојата порака до сојузниците е дека го поздравуваме она што тие го направија, но тие треба да забрзаат, да испорачаат повеќе во овој поопасен свет. Ќе се залагам за поамбициозно ветување од она што го дадовме во 2014 година. Ако имаше потреба да се зголемат трошоците за одбрана уште во 2014 година, ова сега е уште поочигледно“, порача Столтенберг.

Северна Македонија издвојува 1,85% од БДП
За пет дена, на 27-ми март, изминуваат три години откако Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО. Македонскиот буџет за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра (1,85% од БДП) кој е за 24,45 проценти поголем од буџетот за 2022 година. Во 2021 година буџетот за одбрана бил 1,57 % од БДП.

Годинашниот буџет е блиску до проектираните 2% што треба да се постигнат до 2024 година. И покрај тоа што РСМ е најмладата членка на Алијансата, сепак таа не е во редот на земјите кои се далеку од поставената цел.
За споредба, податоците од извештајот на Столтенберг покажуваат дека издвојувањата за одбрана во Белгија, Шпанија и Луксембург биле под 1,2% од нивниот БДП. Буџетот за одбрана на Бугарија во 2022 година бил 1,54%, а на Романија 1,76 отсто од БДП.

Како што пренесе Ројтерс, Хрватска и Франција биле најблиску до исполнување на целта од 2 отсто, при што секоја од нив трошела околу 1,9 отсто од БДП за одбрана.
Целта ја исполниле Грција, САД, Литванија, Полска, Велика Британија, Естонија и Летонија. Најмногу за одбрана издвојува Грција 3,54% од БДП, потоа САД 3,46% и Литванија 2,47%.

Вкупните трошоци на сојузниците на НАТО за одбрана биле зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходната година.
Се очекува лидерите на НАТО да договорат нова цел на јулскиот самит во Вилнус, Литванија. Според Столтенберг, на двата процента од БДП треба да се гледа како на како минимум, а членките треба да се движат побрзо за да достигнат повисоки нивоа.

Опремување и модернизација
Северна Македонија во последните години е посветена на исполнување и на втората обврска на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс – а тоа е повеќе од 20% од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација на Армијата.
За годинава, од вкупниот буџет за одбраната, една третина (33% или 88,7 милиони евра) отпаѓа на модернизација и опремување, што во овој сегмент е повеќе за 6 отсто во споредба со 2022 година.

Првите 6 транспортери од типот JLTV се веќе пристигнати, а се продолжува со набавка на оклопни транспортери од типот Stryker и други специјализирани возила, системи за противвоздушна одбрана и опрема за сајбер-одбрана. Во буџетот се предвидени 16 милиони евра за реконструкција на објекти и инфраструктура во МО и Армијата. Во 2022 година биле завршени 15 проекти за реконструкција и реновирање на објекти, а за 2023 година се планираат уште 28 низ поголем број касарни и на полигонот „Криволак“.

Декласифицирање на донациите
Паралелно со опремувањето и обновувањето на инфраструктурата, РСМ не заостана ни во донирање воена помош за Украина. Министерката за одбрана Славјанка Петровска пред една недела информираше дека е исполнето ветувањето дадено пред јавноста и дека е извршена делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина. Декласификацијата се однесува на видот на опрема која е донирана врз основа на шест одлуки.

„Донациите се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилерска опрема, тенкови, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства“, изјави Петровска на ТВ 21.

На прашањето дали станува збор за нова опрема, Петровска рече дека станува збор за опрема од источно производство и дека истата не била дел од формацијата на Армијата.
„Таа не претставува дел од формацијата на Армијата, односно не допринесува за гарантирање за борбената готовност на нашата Армија. Односно, со донираната опрема не се нарушува борбената готовност на нашата Армија. Тоа е она што е важно при носењето на секоја таква одлука“ истакна Петровска.
Извор: ДВ

   

Најново

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Sase Ivanovski

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно

Sase Ivanovski

Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“

Sase Ivanovski

Лишен од слобода битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Sase Ivanovski

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – Филипче се фаќа во сопствените лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Sase Ivanovski

Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

📢Клиниката Жан Митрев – Скопје, вработува администратор 🖥🗒

Sase Ivanovski

Технологијата која ја користи Жан Митрев Клиника овозможува прецизно следење на состојбата на кожата, со цел благовремено откривање на потенцијални ризици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) М-р Татјана Павлова – нутриционист во Клиника Жан Митрев зборува за културата на исхрана, здравите, но и лошите навики

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: TAVI/TAVR претставува процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на срцето преку катетер

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Проширените, вaрикозни вени се повеќе од само естетски проблем

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија e специјална оперативна техника достапна и повеќекратно применета

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Периодот на новороденчето е време на чудо, одговорност и љубов – време кое брзо минува, но засекогаш останува запаметено – д-р Марја Анѓелеска – специјалист педијатар

Sase Ivanovski

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивна гинеколошка хирургија

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Навреме превенирајте и лекувајте бидејќи остеопорозата е тивка болест

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје

Sase Ivanovski

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Цветановски: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

Момче пронајдено мртво на игралиште, убиецот е во бегство – сакал да ја убие екс девојката

Sase Ivanovski

Левица: Главниот проблем во Владата не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри

Sase Ivanovski

Се фатија за колата лепена со селотејп, а молчат оти направив нешто кое никој 40 години не го направил, вели директорот на Психијатриската болница Демир Хисар

Sase Ivanovski

Приведен стружанец, управувал мотоцикл под дејство на алкохол и излетал од патот

Sase Ivanovski

Филипче: Со Таравари имаме добра лична релација како колеги, договоривме средба

Sase Ivanovski

На 38 години почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи

Sase Ivanovski

Во Словачка протести поради патувањето на Фицо во Москва: „Премиерот го минува Денот на Европа со воен злосторник“

Sase Ivanovski

Спасовски за законот за Кочани: Мора да покажеме солидарност со родителите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Убиецот на турскиот студент во Штип, пиштолот го купил во Скопје, уште четворица осомничени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владините политики за подобрување на бизнис климата даваат резултати, се повеќе компании сакаат да инвестираат во Македонија, последна заинтересирана е мултинационалната Каво Отомотив

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мајките од Кочани со молк предупредија: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС е истата матрица на лицемерие и потценување на народот, поднесувањето закон за Кочани е исто како Филипче да однесе за Модуларната во Тетово

Sase Ivanovski

ЦАРСКА ТРПЕЗА ЗА ГОСТИТЕ НА ПУТИН Од кнедли со есетра, па сѐ до карамелизирана патка – погледнете што се нуди во главното мени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потпишан “One stop” со Србија, генералка викенд низ министерствата, потенцијална нова инвестиција од 25 милиони евра и 500 работни места

Sase Ivanovski

КРВНИЧКА ТЕПАЧКА КАЈ КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИ Со метален капак од шахта го удирал противникот, додека не го совладале полицајци

Sase Ivanovski
Вчитувам....