Спортско-рекреативниот центар Треска бил изграден со самофиннсирање на граѓаните, а 20 години подоцна беше затворен поради загаденоста на водата.
Снимката од посетата на Јосип Броз Тито на некогашното Езеро Треска во скопски Сарај при неговата посета на Скопје од 1978 година е како од друг свет. Овој спортско-рекреативен центар некогаш бил заштитен знак на главниот град, а тоа мислење го делел и самиот Тито. Центарот бил изграден со самофиннсирање на граѓаните, а 20 години подоцна беше затворен поради загаденоста на водата. Повеќето идеи за реконструкција не вродија со плод низ годините.