13.5 C
Скопје
12/05/2025 21:31
МАКТЕЛ

     

ЕУ не разгоре крвава војна во Украина, тоа го стори Русија

      

Поддршката за Украина е во согласност со нејзиното право на самоодбрана. Неточно е да се каже дека ЕУ или некоја европска држава ја испровоцирала воената инвазија. Всушност, Русија не беше нападната од никого.Поддршката за Украина е во согласност со нејзиното право на самоодбрана. Неточно е да се каже дека ЕУ или некоја европска држава ја испровоцирала воената инвазија. Русија не беше нападната од никого, туку таа ја нападна Украина, пишува Вистиномер. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Колку се јадни овие од ЕУ, им се потпалија гаќите! Ќе решавале за Украина!? 1800 МИЛИЈАРДИ МИ ЕВРА ДАДЕНИ ЗА ОРУЖЈЕ, зошто беа ЗА МИР!? ИЛИ ЗА КРВОПРОЛЕВАЊЕ!? ЗАСРАМРЕТЕ СЕ РАЗГОРЕВТЕ КРВАВА ВОЈНА НА ТЛОТО НА ЕВРОПА!? И тоа после најголемото крвопролевање од 2 СВ! ОЧИГЛЕДНО ДЕКА МАЛОУМИЕТО ВИ Е ВО ГЕНОТ, ВО ИМБЕЦИЛНОСТА НО И ЗЛОБАТА КОН СЛАВЈАНСТВОТО! Бајден и Дип Стејт ве матката како малоумни. Е кај Трамп нема трите мрте, со глупави тиквари не се занимава! Наспроти изнесеното во објавата, не ЕУ туку Русија ја разгоре крвавата војна во Украина. НАТО и ЕУ земјите членки даваа помош во правото на Украина да се одбрани.

На 24 февруари 2022 година, Русија започна војна на агресија против Украина, предизвикувајќи ги аспирациите на Украинците за подобра иднина и за приближување кон ЕУ. Ова беше напад, не само против Украина, туку и против слободата, самоопределувањето и демократијата. Уште од почетокот на војната, ЕУ се залага за Украина со непоколеблива посветеност. На земјата ѝ пруживме политичка, финансиска, воена и хуманитарна поддршка и пречекавме милиони Украинци кои бараат засолниште во земјите-членки, пишува на сајтот на Европската kомисија. Поддршката за Украина е во согласност со нејзиното право на самоодбрана. Неточно е да се каже дека ЕУ или некоја европска држава ја испровоцирала воената инвазија. Всушност, Русија не беше нападната од никого. Русија ја започна војната против Украина без да биде загрозена од Украина или која било друга земја во Европа. Незаконски го анектираше Крим во 2014 година и продолжи со заземање територии во Доњецк и Луганск. И во 2022 година, со целосната инвазија на Русија на Украина, започна најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна. Русија ги погоди болниците, училиштата и трговските центри. Русија ја бомбардира цивилната енергетска и водна инфраструктура. Русија убива украински цивили. Украина има право и одговорност да го заштити својот народ. Самоодбраната е фундаментално право, кое е вградено во Повелбата на ОН. А, НАТО има право да ја поддржи Украина додека се обидува да го поддржи нејзиното право на самоодбрана и да преовладува како суверена држава во Европа. Самоодбраната и поддршката на самоодбраната е во согласност со меѓународното право, пишува на сајтот на НАТО.

   

Пред агресивните дејствија на Русија против Украина во 2014 година, немаше постојано распоредување на мултинационални трупи на НАТО во источниот дел на Алијансата. Како што безбедносното опкружување се промени по нелегалното анектирање на Крим од страна на Русија и дестабилизацијата на источна Украина, НАТО ја прекина практичната соработка со Русија, истовремено одржувајќи политички и воен дијалог, и распореди четири мултинационални борбени групи во балтичките држави и Полска во 2016 година. Како реакција на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, НАТО го зајакна своето одбранбено држење. Го удвоивме бројот на мултинационални борбени групи на истокот на Алијансата од четири на осум. Ќе продолжиме да го правиме она што е потребно за да ги заштитиме и одбраниме сите сојузници. Агресивните дејства на Русија ја поткопуваат меѓународната безбедност и стабилност. Покрај нејзината агресија врз Украина, Русија има воени бази и војници во Грузија и Молдавија без согласност на владите на овие земји, наведуваат од НАТО. Откако Русија ја нападна Украина, таа почна да се брани затоа што граѓаните на Украина не се согласуваат да бидат територијално преземени од Русија. Европскиот совет на 9 февруари 2023 година побара Русија да се повлече од територијата што не е нејзина и во која навлезе (Украина), ама тоа не се случи.

Русија мора веднаш да ја прекине оваа страшна војна. Европската Унија ќе застане до Украина со својата цврста поддршка онолку долго колку што е потребно, стои во заклучоците на Европскиот совет од 9 февруари 2023 година. Лидерите на ЕУ во неколку наврати побараа Русија да ги прекине своите воени акции, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Во објавата невистинито се тврди дека ЕУ дале 1.800 милијарди евра за оружје на Украина. ЕУ и 27-те земји членки од почетокот на војната на Украина ѝ овозможија 145 милијарди долари во финансиска, воена, хуманитарна и помош за бегалци. Значи, од тие пари (145 милијарди долари) не сите се за оружје. Во февруари 2024 европските лидери се согласија да овозможат 54 милијарди долари до 2027 година за да се овозможи опоравување, реконструкција и модернизација на Украина како и за нејзините напори да спроведе реформи како дел од пристапниот пат кон ЕУ. Не може со сигурност да се каже, дали без воената помош на ЕУ ќе имаше помалку или повеќе крвопролевање. Хипотетички, можеше да се случи да имаше повеќе крвопролевање без западната воена помош. Русија можеби во таквата ситуација ќе освоеше поголема украинска територија, повеќе градови и села и ќе имаше повеќе злосторства. Познато е дека руската војска има убиено недолжни цивили како на пример во Буча. Познат е случајот на егзекуции на украински воени заробеници од страна Русија. Доколку фронтот се зголемеше на поголем дел од територијата на Украина, никој не може да тврди дали ваквите злосторства ќе се зголемеа или намалеа. Така што, не може со сигурност да се тврди дека „воената помош разгорела крвава војна на тлото на Европа“. Можеби истата го намалила бројот на жртвите со стабилизацијата на линијата на фронтот и давањето отпор, на начин што ова придонесе да гинат помалку цивили. Доколку пак се промовира тезата дека „воената помош е разгорување на војната“, тогаш не може за тоа да се обвинува само ЕУ. И САД има дадено воена помош која според сајтот на Стејт Департментот изнесува 65,9 милијарди долари во воена помош. Воена помош дава и Норвешка, која не е членка на ЕУ, како и Јужна Кореја која исто така не е членка на ЕУ, како и С. Македонија. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

ВИДЕО: Јокиќ ги промаши сите обиди за три поени, но Денвер поведе во серијата со Оклахома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Sase Ivanovski

Владата гради клучен инфраструктурен проект што како опозиција во 2021 не го гласале како јавен интерес

Sase Ivanovski

Стојаноски: На 1200 локации до крајот на оваа година ќе се гради во рамки на јавниот повик за финасирање на инфраструктурни проекти од Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Средба на министерката Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек – Договорено интензивирање на соработка меѓу двете министерства

Sase Ivanovski

Дизел горивото од полноќ поевтино за еден денар

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

ВИДЕОАНКЕТА: Дали знаете што е СФРЈ?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕАко Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев и го посочува како некој од кого “треба да учи“ ?

Sase Ivanovski

Откако најавија дека ке им дојдат во Скопје ОЈО ги кани на средба семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христија Мицкоски: Коридор 8 – Нема да се потрошат милијарди евра за пруга која не води никаде

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Секоја чест! Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го ограби манастирот во село Обршани – камерата го сними

Sase Ivanovski

МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: Нам не ни требаат детски приказни за скршени јајца за „омлет“ за тие што бараат влакно во јајцето, туку „муда“ за систем и развој

Sase Ivanovski

ПОЛИЦАЕЦОТ ЌАЗИМ АДЕМИ СО ПРЕДЛОГ ДО СИТЕ КОЛЕГИ: Парите од бонус платата да ја донираме на семејствата на ранетите и загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

По истекот на велигденското примирје, Соединетите Американски Држави изнесоа нов предлог

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ИРАН И САД ПОМИНАА ДОБРО Дали двете земји ќе најдат заедничка точка за нуклеарната програма на Техеран?

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Sase Ivanovski

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

Sase Ivanovski

Дрон го загрозил слетувањето на два авиони на аеродромот во Дубровник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овие очила за вештачка интелигенција би можеле многу да ви помогнат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Браво за овие дечки! Еве како се товараат 5 тони отпад во 200 кеси…

Sase Ivanovski

Облечени во виолетови одори и со качулки на главата, учесниците во уникатната Назарен поворка во Билбао, се дел од прославата на Светата Недела пред Велигден

Sase Ivanovski

Се преземаат сите мерки за безбедна туристичка сезона во охрид

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Sase Ivanovski

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

Sase Ivanovski

Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈА ИМАМЕ НОВАТА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА НА БИХАЧКА, ОСТРА И ИНТЕЛИГЕНТНА ШТИПЈАНКА РАСПАЛИ ПО МИЦКОВСКИ: „Мене ми е нејасно како некои од моите поранешни сопартијци трчаат во скутот на еден потпросечен политичар како Христијан Мицкоски, зашто сдсмовската борбеност налага да се одважиме и да се спротивставиме на деструктивните политики на владејачкото мнозинство. Тоа ние и го правиме“

Sase Ivanovski

Нов ден, ново снаоѓање како да се избегнат гужвите

Sase Ivanovski

Околу 3.000 жени трчаа во Скопје: Оваа трка е симбол на женската моќ!

Sase Ivanovski

Трамп ги иззема паметните телефони и компјутерите од новите високи царински тарифи

Sase Ivanovski

Коцевски: ДЗС ниту еднаш низ годините не спровеле инспекциски мерки на објектот „Пулс“ и на останати клубови

Sase Ivanovski

Фотографијата од гробот на „украински војник“ е неверодостојна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Усвоена е дополнетата програма за стоковните резерви, поддршка за развојот на Армијата во процесот на модернизација и опремување, Македонија на пат кон енергетска транзиција

Sase Ivanovski

„Jас немам проблем од морални причини да поднесам оставка, а за другите ќе ги прашате нив“ – Мицковски прашан ке има ли оставки за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Кристина Костова: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Sase Ivanovski

Општина Центар: Герасимовски и амбасадорите го одбележаа месецот на Франкофонијата и оддадоа почит на жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

Европскиот фронт бара собраниска комисија да ја набљудува истрагата за случајот во Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ Неготино тврди дека се случувале разбојништва во домовите, од СВР Велес информираат дека лани било евидентирано едно, а годинава ниту едно разбојништво!

Sase Ivanovski

Владата распиша тендер за прес-клипинг, ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА КОЧАНИ Е СИНОТ НА ЕКС ПРЕМИЕРОТ ВЛАДО БУЧКОВСКИ: Овие протести се најголем патриотизам во моментов!

Sase Ivanovski

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, Собранието консензуално одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: ССМ нема кредибилитет веќе, СДС потврдија дека го координираат синдикатот

Sase Ivanovski

Ахмети: Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче презентираше економски индикатори, економијата и стандардот паѓаат

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) ЦУ: Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ефектите од засилените контроли во сообраќајот даваат резултат, системско решение за проектот „Безбеден град“ и имплементација на системот „One Stop Shop“ за побрз проток на патници

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Исклучително ми е драго што Министерството за локална самоуправа ја препозна идејата на ЗЕЛС!

Sase Ivanovski

Се поголем број млади луѓе во САД избираат да се воздржат од алкохол, водени од вкусот, здравјето и начинот на живот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НБА Ол-стар: Хиро победи во шутирање тројки, Мекланг најдобар во забивања

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ја втурна земјата во економска криза – цените повторно пораснаа за над 5%

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: 7 економски мерки за спас на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Белата куќа му одзеде акредитација на новинар затоа што одбива да го нарекува Мексиканскиот залив со новото име

Sase Ivanovski

Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии, ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард

Sase Ivanovski

„Кремљ сега пие вотка директно од шише, Путин не може да биде посреќен“: Реакции на разговорот Трамп-Путин

Sase Ivanovski

Ага Кан, муслимански духовен водач кој жонглираше со филантропијата, бизнисот и верата, почина на 88 години

Sase Ivanovski

Гневот на јавноста се зголемува како што се влошува економијата на Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Карпош: Разговор – Субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во општин

Sase Ivanovski

СЕ СПРАВУВА СО СИТЕ ТЕРЕНИ НОВОТО COMBO 4X4 НА OPEL И DANGEL  

Sase Ivanovski

КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА: РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА, ГЛОБАЛИЗАМ И ВОУК АКТИВИЗАМ ВО НОВАТА КОНЦЕПЦИЈА ЗА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Нема промена, стари инкриминрани кадри од режимот го советуваат Мицкоски

Sase Ivanovski

Селена Гомез објави емотивно видео за имиграциските рации, кандидат за Сенат возврати: „Депортирајте ја!“

Sase Ivanovski

Државните институции ќе плаќаат струја по цени на Македонската берза, референцата ХУПЕКС оди во пензија

Sase Ivanovski

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Sase Ivanovski

ЕВРОПА НАЈАВИ ПОВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА РУСКОТО АЗОТНО ЃУБРИВО Колку тоа ќе ги чини европските земјоделци?

Sase Ivanovski

Д-р Михајло Ивановски од Аџибадем Систина – предавач на семинарот за ургентни состојби и траума во спортот

Sase Ivanovski

„И ДИСКУСИЈА ЗА АТЕНТАТ НА ПУТИН Е ПАТ КОН НУКЛЕАРНА ВОЈНА“ Володин предупреди дека Русија води сериозна борба

Sase Ivanovski

Може ли една држава со две химни?

Sase Ivanovski

Украина апелира за враќање на своите сонародници

Sase Ivanovski

Николовски: Ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(АРХИВА) „4iG“ побара радиофреквенции од АЕК: Кога ќе почне омилената компанија на Орбан да ги урива цените на мобилните услуги?

Sase Ivanovski

БЛУ ОРИЏИН ГО ОТКАЖА ЛАНСИРАЊЕТО НА РАКЕТАТА „ЊУ ГЛЕН“ Безос се жали дека Маск фаќа врски кај Трамп за да му пркоси

Sase Ivanovski
Вчитувам....