18.8 C
Скопје
29/05/2025 13:23
МАКТЕЛ

     

Мегапаркови во ниви и во маалски ќошиња

      

Во киоскот со натпис „чизбургер“, поставен до мегапаркот што го направи скопската градоначалничка Данела Арсовска во Општина Ѓорче Петров, одамна не бил направен и продаден ниеден сендвич. Тој служи како куќарка за неколкутемина чувари што на смени внимаваат на овој парк. Дваесет и четиричасовното обезбедување тука било потребно, ни рече дежурниот чувар, бидејќи локацијата е надвор од населено место и нема струја, што привлекува несакани ноќни посетители и го зголемува ризикот од оштетување на клупите и на зеленилото.
„Навечер светиме со ламби, а се грееме на дрва“, додаде тој, покажувајќи на складираните цепаници до киоскот.

Мегапарковите беа едно од клучните ветувања на Арсовска во предизборната кампања во 2021 година, заедно со бесплатниот јавен превоз и новите автобуси. За разлика од превозот, ова ветување се реализира. Но, какви се резултатите од реализацијата?
Посетивме четири од петте ветени паркови, бидејќи последниот не е ниту почнат. Три се веќе во употреба, а четвртиот е во изградба. Еден е опкружен со ниви и со депонии и е надвор од населено место, друг е уредено зеленило меѓу згради, а трет е на траса каде што треба да се гради булевар. Некои имаат многу помала површина од онаа што беше најавена, или помалку елементи од тие што беа ветени на почетокот.

„Следете ги тополите“

   

Откако ниту сателитската навигација на мобилните телефони не ни помогна да го најдеме мегапаркот во Ѓорче Петров и нè однесе прво во депонија покрај Лепенец, а потоа во слепи улички меѓу куќите во Ново Село, помош побаравме од локален жител.
„Следете ги тополите, паркот е веднаш зад нив“, ни рече тој.
До тополите, пак, се поминуваше низ повеќе ниви и други имоти. Првото нешто што го забележавме на мегапаркот беше паркингот. Просторот за паркирање таму е корисен, со оглед дека паркот се наоѓа среде ниви, со само пет-шест куќи и два-три индустриски објекти во близина, и е на половина километар оддалечен од најблиското населено место, Ново Село.

Логично се наметна прашањето – зошто некој би правел парк овде?
„Мегапаркот во Ѓорче Петров е речиси целосно реализиран, а преостанува поставувањето на урбаната опрема, која е предвидено да биде поставена во следниот период“ изјавија од Град Скопје без да потенцираат кога ќе биде тоа.

Оттаму појаснија дека локацијата на која е изграден мегапаркот во Ѓорче Петров, претходно била дива депонија што предизвикувала значително загадување на просторот и на воздухот во тој дел на градот, па затоа било одлучено токму таму да се спроведе проектот. На северната страна до паркот сè уште има дива депонија, а и реката Лепенец што поминува веднаш покрај него е полна со ѓубре.

Мегапаркот има површина од над 30 илјади квадратни метри. Долг е околу 400 метри, односно за да се стигне од едниот до другиот крај се потребни десетина минути. Местото не изгледа идентично како видеоанимацијата што градоначалничката Арсовска ја објави во 2022 година на својот фејсбук-профил. Таму имаше и фонтани, летниковци и парк за миленици, кои на теренот ги нема. А тоа што најмногу недостасува е електричната инсталација и осветлувањето. Според најавеното соопштение, овој парк чини 1,1 милион евра.

„Микропарк Чаир“

Таблата на која пишува „Мегапарк Чаир“ е главниот показател дека ова парче зеленило меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и зградите е посебен проект, а не обично маалско зеленило. Просторот и порано беше зелен, со големи дрвја, а нови се патеките, неколку видиковци и други елементи. Најпосетен дел од овој парк се лулашките и другите детски реквизити, каде што неколку мајки си играа со децата.

Споредувајќи ги цртежите од промовирањето на паркот и тоа што е реализирано досега, во него недостигаат 23 летниковци, ново детско игралиште, парк за миленици и фонтани. Од Град Скопје велат дека средствата за тоа се обезбедени и дека паркот ќе се доправи во иднина. Оттаму не кажаа колку чини уредувањето на овој простор.
„Мегапаркот во Чаир е во постапка на реализација. До овој момент е завршено поставувањето на зеленилото, а преостанува инсталирањето на урбаната опрема за која обезбедени се средства и план за реализација“, се вели во одговорот од Градот.

Парк врз булеварска траса

Мегапаркот во Аеродром е, всушност, продолжение на т.н. проект „Рајски парк“, кој го направи поранешниот градоначалник Коце Трајановски покрај последната станица на автобуската линија број 5 во Ново Лисиче. Она што е ново во овој простор е обновениот тревник, изградената пешачка патека и поставените летниковци меѓу последна „петка“ и паркот Авионче од околу 800 метри, меѓу булеварот АСНОМ и комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Урбанистичката документација покажува дека дел од ова зеленило и некои елементи се наоѓаат на трасата каде што треба да се направи вториот крак од булеварот АСНОМ, што значи дека ако некогаш почне тој проект, дел од мегапаркот ќе треба да се уништи. Нема конкретен одговор зошто е одлучено така. Од кабинетот на градоначалничката само рекоа дека Рајскиот парк бил делумно оштетен кога се градел колектор и затоа решиле да го обноват зеленилото таму.

Ризично ќоше

Мегапаркот во Кисела Вода, сместен во ќоше меѓу пругата и улицата Есенинова, почна да се уредува во декември 2023 година. Во средината на март 2024, кога го посетивме местото, тоа не изгледаше различно од денот кога свечено беше одбележан почетокот на работите. Освен што овојпат немаше ниту булдожери, ниту работници, само купишта земја и отпадоци. Од најавени 52 илјади квадратни метри, нема ниту две илјади на просторот што се уредува, според пресметките од сателитските снимки. Имотите во продолжение се приватни, а од Град Скопје истакнаа дека се планира тие да се откупат.
„Во овој момент, секторот за уредување ја процесуира експропријацијата“, велат оттаму за БИРН.

Улицата Есенинова беше доградена во 2021 година за да ги поврзе населбите Кисела Вода и Пролет. Со тоа, сообраќајот на неа драстично се зголеми. Една жителка на населбата вели дека е чудно што токму тоа место е избрано за парк.
„Никако да не се постават реквизити за деца на ова место. Опасно е тие да трчаат тука, кога има улица и пруга веднаш до паркот“, ни рече таа.

Најавите се дека уредувањето на овој парк ќе заврши  до крајот на годината и тој ќе чини 486 илјади евра. Изградбата на последниот парк во Карпош ќе почне во текот на оваа година, а според информациите што ги добивме од градот, тој ќе чини нешто помалку од милион евра.

 

   

Најново

(ВИДЕО) Митрески: Славески ќе остане запаметен по изјавите ‘ немојте да ја зголемувате минималната плата‘

Sase Ivanovski

Мицевски: Договорот на Македонија со Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра носи нови инвестиции, развој за инфраструктурата, здравството, образованието и енергетскиот сектор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: За Славески 9 илјади денари беше висока плата, ама сега ќе има 300 илјади денари плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ИЗНЕНАДЕН СУМ ШТО ВЛАДАТА УСПЕА ДА НАПРАВИ ВАКОВ ПОВОЛЕН ДОГОВОР СО ЗЕМЈА ОД СВЕТСКО РЕНОМЕ КАКО БРИТАНИЈА

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА АРСОВСКА Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините

Sase Ivanovski

ПРОНЕВЕРА ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Финансиската полиција уапси едно лице

Sase Ivanovski

АТАК ЗА ТРЕТА ПОБЕДА ВО КАВАДАРЦИ Јанчев тргнува во нова битка со силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СЕ ЗАМОНАШИ ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО ВАТИКАН Ѓоко Ѓорѓевски сега е монах Георгиј

Sase Ivanovski

КНИГИ НА МИСИРКОВ, ПУЛЕВСКИ, КОНЕСКИ… БИЛЕ УНИШТЕНИ СО ХАКЕРСКИ НАПАДИ ВРЗ МАНУ Најважните стари книги за македонскиот јазик повторно се на интернет

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: ЕУ интеграцијата на Западен Балкан до 2030 година е задничка обврска на регионот и Унијата 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Ни треба специјална анти пожарна единица, при гасењето на пожарите забележав пожарникари во лоша физичка кондиција а некои имаа и фобија од оган

Sase Ivanovski

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

САД нема да издаваат студентски визи – се бара проверка на кандидатите на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

„СКЕНИРАЧИ“, ИМАЈТЕ ТРПЕНИЕ, КАКО СЕ ОБРАБОТУВААТ НАЛОЗИТЕ, ТАКА ЌЕ ВИ ЛЕГНУВААТ ПАРИТЕ – од МојДДВ за прв квартал граѓаните ќе бидат побогати за 12,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година

Sase Ivanovski

Министерство во Газа: 67 мртви и 184 ранети во Појасот Газа во последните 24 часа

Sase Ivanovski

СЕ ПОМАЛКУ СЕ РАЃААТ ДЕЦА, БЕЛАТА ЧУМА ЈА ТРЕСЕ ЗЕМЈАВА Негативен природен прираст во првото тромесечје: се родиле 3.526 бебиња, починале 5.398 луѓе

Sase Ivanovski

Таравари остана со уште еден пратеник помалку, Мимоза Муса останува во ВЛЕН: Промената започна и ќе ја продолжиме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Со помош на премиерот за неколку дена ќе бидат ставени во функција сите три Ер Трактори, потоа ќе треба да најдеме пилоти но и за тоа има решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Првиот пожар што ќе го гасам е во ДЗС, дирекцијата е во многу лоша состојба

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче го нарушува единството со тоа што е против стратешкиот договор со Велика Британија

Sase Ivanovski

Колку заработи првото приватно комунално претпријатие во Македонија од собирање смет?

Sase Ivanovski

БЛИЦ: Лани беше пекол, наскоро почнува „егзодусот“ на Србите во Грција и чекањето на Евзони

Sase Ivanovski

СЕГА ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ СМЕЕ ДА ОДРЖУВА ЛИФТОВИ И ЖИЧАРИ: казните за непочитување на законот почнуваат од 300 евра, ама може да достигнат и до 15.000

Sase Ivanovski

Меџити уверува дека Владата ќе биде постабилна и поцврста

Sase Ivanovski

НЕОПХОДНА Е ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТО Азир Алиу е вистинскиот човек за тоа, тврдат од Вреди

Sase Ivanovski

ПРЕПОЛНА САЛА СО 6.000 СКОПЈАНИ, А ГРЦИ САМО 200 Грчки АЕК бара нов термин за финалето, тврдат дека Алкалоид ги прекршил правилата

Sase Ivanovski

Анкета: Во ЕУ имаат доверба 54% од македонските граѓани

Sase Ivanovski

Митева: Со Оперативниот план за вработување треба да се промени логиката на државната поддршка

Sase Ivanovski

Карциномот на простата е најчест тип на рак кај машката популација, но постои третман на лекување

Sase Ivanovski

ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА БЕЗ ЃУБРИШТА Наместо ѓубре на ливада, да однесеме ресурс во фабрика, апелира Меџити

Sase Ivanovski

Герасимовски и ФЕС: Центар е прва општина во државата со предлог-план за праведна енергетска транзиција

Sase Ivanovski

Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија

Sase Ivanovski

Славески: Оние што имаа забелешки ќе ги убедам дека Народната банка ќе остане независна институција

Sase Ivanovski

КАЗАХСТАН Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА СЕОПФАТНО ПАРТНЕРСТВО СО МАКЕДОНИЈА Сиљановска Давкова и колегата Токаев во Астана зборуваа за економските врски

Sase Ivanovski

НОВОСАЃАНКА СЕ ОДВРЗАЛА ОД ПАДОБРАНОТ, ЈА НАШЛЕ МРТВА Несреќа со парасеjлинг ја потресе Будва

Sase Ivanovski

Инжинери на Македонија: Од денес ЕВН не смее да издава паушални фактури за потрошена струја

Sase Ivanovski

Трифун Костовски: Од госпоѓата Бежоска, гувернерот во заминување го доживеав мојот најлош период од професионалниот живот

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ И УРСУЛА ЌЕ ГО МЕНУВААТ ЛИКОТ НА КОЧАНИ Премиерот вети целосна трансформација на градот

Sase Ivanovski

Тренчевска за изборот на Славески: Партиски послушник кој барањето за повисоки плати го нарекуваше „фолклор“

Sase Ivanovski

„Бандитска“ МАНУ стратегија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУНОВСКА: Ако Црна Гора и Албанија влезат пред нас во ЕУ ние ќе останеме слепо црево на Балканот и ќе бидеме во опасност да се распаднеме како држава

Sase Ivanovski

Да живее Македонија! Благодарам Мицковски што ја штитиш Европа од мигрантите!- На конгрес на конзервативците во Будимпешта, Орбан му се заблагодари на Мицкоски за заштитата на европската граница од миграцијата

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Почна судењето за „Адитив“ во дигиталната судница во „Идризово“

Sase Ivanovski

Македонија и Малта заедно за реализација на огромните ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт

Sase Ivanovski

Скандал во бугарскиот парламент – пратеници ќе се степаа за рускиот јазик

Sase Ivanovski

До утре е рокот за поднесување барања за промена на лиценци за вршење на енергетски дејности

Sase Ivanovski

Приведено лице од Битола барано со потерница за издржување казна затвор од пет години

Sase Ivanovski

Тројца пациенти добија протези за еректилна дисфункција платени од државата

Sase Ivanovski

Александар Маневски е нов претседател на ОФС Куманово

Sase Ivanovski

Во Судан 70 мртви од колера за два дена

Sase Ivanovski

Пандов ги повика судиите да ја користат дигиталната судница во Идризово: Може да се суди и за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

А всушност зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против рамковна Северна Македонија? Оти алтернативата на „рамковна“ е – „дејтонска“

Sase Ivanovski

Министерството за здравство ќе ја остави доктор Катерина Паниќ во Кочани да се грижи за повредените, наспроти тоа што Таравари потпишал таа да оди во ГОБ „8 Септември“

Sase Ivanovski

Поранешниот амбасадор во Ватикан се замонаши – Ѓоко Ѓорѓевски го доби името Георгиј

Sase Ivanovski

GLEY со нов видео-серијал за физичка активност и ментално здравје

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Во општина Ѓорче Петров ќе се градат на 157.000 m2 три индустриски објекти хемиски фабрики и дополнително над 30 згради со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел на градот

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со сеопфатна стратегија за младите, нов Оперативен план за вработување за 2025 со инвестиција од 40 милиони евра и опфатени над 16.000 невработени лица

Sase Ivanovski

Повеќе од половина од Бугарите се против еврото

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 5 македонски рудници? Од продажба наплатија 260 милиони евра во 2024 година!

Sase Ivanovski

Европа ја зголемува возраста за пензии, ќе се работи и до 70 години?!

Sase Ivanovski

ФАКТОР.МК: КОСОВСКАТА ВИВА ФРЕШ, СОПСТВЕНИК НА КИТ-ГО МАРКЕТИТЕ, ЈА КУПУВА АЛБАНСКАТА ФИРМА СПАР – еве кој е нивни сопственик, кои ќе бидат следните чекори

Sase Ivanovski

Израел се подготвува да го нападне Иран без предупредување и без поддршка на Трамп?

Sase Ivanovski

САД објавија нова политика за визни ограничувања против странци кои „цензурираат“ Американци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руски офицер кој командувал со нападите врз Мариупол убиен со бомба пред зграда

Sase Ivanovski

Кочани: Писмо до јавноста од преживеаните во „Пулс“, пациентите загрижени затоа што им промениле доктор

Sase Ivanovski

Чиле: Поднесен предлог-закон за легализација на абортусот до 14 недели од бременоста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожари во Канада, евакуирани над 17.000 жители од Манитоба

Sase Ivanovski

Нов американски предлог: Девет живи заложници, 60 дена прекин на огнот и делумно повлекување на израелските одбранбени сили

Sase Ivanovski

Русија се соочува со невидено ниво на кибернапади од Киев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Воен авион се урна во Јужна Кореја

Sase Ivanovski

ДРЖАВАТА ШТЕДИ: Аргентина укина 48.000 работни места во јавниот сектор

Sase Ivanovski

Путин го праќа „Орешник“ во Белорусија

Sase Ivanovski

Пратенички прашања во Собрание

Sase Ivanovski

Русија го нападна Сумискиот регион, едно лице е убиено, друго е тешко повредено

Sase Ivanovski

Маск ја напушта администрацијата на Доналд Трамп

Sase Ivanovski

Украина бара од Русија да го поднесе својот меморандум за предлозите за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Судот ги поништи царините на Трамп и ги прогласи за нелегални

Sase Ivanovski

Променливо облачно и дождливо

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД ВАРДАР ДО ЛЕГЕНДА НА АЕК Македонец испиша историја во грчкиот клуб

Sase Ivanovski
Вчитувам....