„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.
Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните. Исполнуваме! За тебе! Македонија за тебе!“, објави на свјот Фб профил Александар Николоски.