Кремљ соопшти дека со „максимално внимание“ го следи Самитот на НАТО, што денеска почнува во Вашингтон. Тоа е сојуз, кој Русија ја смета за свој непријател, свој противник. Алијанса која постојано отворено изјавува дека нејзината цел е да и нанесе стратешки пораз на Русија на бојното поле, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека поради ова Москва со најголемо внимание ќе ги следи дискусиите и одлуките што ќе бидат донесени за време на Самитот. На Самитот на НАТО, меѓу другото, се очекува да биде потврдена поддршката за Украина.