Драги наши пријатели, сограѓани и компании, Ви пишуваме за нашата Катерина Ристовка која боледува од мултиплекс склероза од своите 24 години. Денес Кате има 36 години и веќе 12 години се бориме заедно со неа да и овозможиме да имa достоен живот во кој ќе може самостојно да ги извршува секојдневните активности но и да се надева на убава и здрава иднина. За жал опциите кои ни преостануваат не можеме веќе да си ги дозволиме и затоа решивме да пробаме да се обратиме на пријателите, граѓаните и компаниите кои живеат во нашата заедница.
Новата терапија која треба да ја направиме изнесува 20.000 евра, веќе како семејство во овие 12 години ги потрошивме сите финансиски средства со надеж дека ќе доведат до подобрување на состојбата на Кате. Сепак би сакале да не губиме надеж и веруваме дека заедно, доколку ни помогнат нашите пријатели, сограѓани и компании, со нивните донации ќе успееме да ја обезбедиме терапијата. Донациите може да бидат мали но ако се многу ќе бидат доволно за да ја достигнеме сумата од 20000 евра. На сите наши донатори и поддржувачи во борбата ќе им испратиме извештај за собраните средства, но се надеваме и дека ќе дојдеме со убави вести од Германија а на Кате ќе и се врати надежта за живот и насмевка на лицето.
Сметка за донација…
Од срце, Семејствотото на Катерина Ристовска