Што имаат да кажат повозрасните за СФРЈ, а колку се запознаени помладите со историјата на некогашната држава? „Слободен печат“ ги праша едно едноставно, но значајно прашање:
Поголемиот дел од анкетираните точно одговорија: Социјалистичка Федеративна Република Југославија – држава што обединуваше повеќе народи и култури во период од Втората светска војна, па до почетокот на деведесеттите години.
Но, одговорите на младите варираа. – Не сум баш сигурна што значи… ама можам да пробам. Ајде, помогни малку – несигурно призна една девојка. Ова само го потврди недоволното познавање на историјата кај помладата популација. Интересен одговор добивме и од една госпоѓа, која рече: – СФРЈ… тоа е Скопје, целата држава. Кога темата ја префрливме на животот во СФРЈ, еден повозрасен господин ни објасни дека тогашниот систем бил подобро организиран, со повеќе дисциплина и ред. Млада девојка, која за тоа време слушала од своите родители, рече: – Животот бил подобар – имало повеќе сигурност и убавина, но и ограничувања, особено кога станува збор за храна и производи. На прашањето што најмногу ѝ недостасува од тоа време, една постара госпоѓа искрено ни сподели: – Ми недостасува сè од тоа време. Буквално сè – социјалниот живот, играњето со друштво, тоа што не се грижевме за ништо… буквално – за ништо