Тајлер Хиро од Мајами утрово ја освои шампионската титула во шутирање три поени, додека Мек Мекланг од Оскеола Меџик од Развојната лига го одбрани трофејот во забивање, во рамките на НБА Ол-стар кошаркарскиот викенд, кој се одржува во Сан Франциско. Хиро го победи Бади Хилд од Голден стејт во финалето во шутирање тројки. Мекланг стана првиот играч во историјата на НБА кој три пати по ред победил на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот. Тој го одбрани трофејот во забивање, откако во финалето победи против Стефон Кесл од Сан Антонио.
Најдобри во конкуренција на вештини беа кошаркарите на Кливленд, Донован Мичел и Еван Мобли. Кошаркарите на Кливленд во финалето беа подобри од играчите на Голден стејт, Дрејмонд Грин и Мозес Муди. Натпреварувањето го одбележа и дисквалификацијата на кошаркарите на Сан Антонио, Крис Пол и Виктор Вембањама поради прекршување на правилата, што се случи за прв пат во историјата.