Поранешниот премиер и актуелен бизнисмен Љубчо Георгиевски во поткастот „Бизнис Муабети“ вели дека десет години бил трговец, но дека дејноста е неблагодарна и дека во тој сектор профитните маржи се ниски. – Мојата приказна со маркетите беше неуспешна и моравме да затвориме, додека во градежништвото работевме по некоја зграда и не е нешто посебно. Десет години работев со маркети и малку ми е жал за нив за оваа хајка со профитните маржи
Проверете ги профититие на крајот на годините. Сепак,има сфери каде што има многу поголеми профити отколку во маркетите. Видете го банкарскиот сектор на пример. Вие кога ќе ги видите профитите на банките и профитите на маркетите, ќе речете дека не е баш така како што се зборува, вели поранешниот премиер. Георгиевски додава дека во градежниот сектор сега има 20 вработени, а некогаш таа бројка достигнувала до 100 ангажирани работници.