29.8 C
Скопје
02/07/2025 08:01
МАКТЕЛ

   

ВМРО-ДПМНЕ електронски ќе попишува за да добие реален балансер

      

Владата најaвува и нов целосно дигитален попис што би се спровел во 2026 или 2027 година. Само кај 10 отсто од населението ќе се спроведе теренска проверка на податоците, но експерти сметаат дека тоа не може да се спроведе брзо и лесно По најавата за фазно укинување на балансерот и експресната промена на таа алатка во делот на вработувањата во јавниот сектор да одговараат на резултатите од пописот од 2021 година исклучиво на резидентното население, Владата најaвува и нов попис што би се спровел во 2026 или 2027 година. Станува збор за реализација на целосно дигитален попис, а само на 10 отсто од населението ќе се спроведе теренска проверка на податоците.

   

И додека нов попис беше ветување на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по пописот во 2021 година, кој само делумно го признаа, од владиниот партнер Вреди не добивме одговор дали се согласуваат за целосно дигитален попис. Вреди ја одмолча промената на балансерот, кога од него се тргна нерезидентното население, а министерот за здравство и претседател на дел од Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, рече дека не е битно дали Албанците се 30 отсто или 25 отсто. Судејќи според позициите за балансерот, најверојатно Вреди немаат ништо против електронски попис. И експертите за статистика велат дека нивен сон е дигитален попис, но само ако целосно се исполнети условите.

 Надградување на системот на електронскиот регистар на население

Во програмата на Владата, во делот – Реформи во политичкиот систем – е наведено дека „во процесот на надградување на системот на електронскиот регистар на население, Владата ќе создаде услови за извршување на дигиталниот попис на население во 2026 година“.
Висок владин функционер за „Слободен печат“ вели дека е достижно во 2026 година да има нов попис и дека ќе се работи на поврзување на регистрите на населението од повеќе институции за да се добие релевантен регистар до 2026 година.

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески – Слободен печат
– До 2026 година да се обезбедат регистрите, а 2026/27 година на 10 отсто од населението да се спроведе теренскиот дел. Нема временски ограничувања за електронски попис, тој може и секоја година да се прави, бидејќи податоците постојано се надградуваат. Целта е објективно мерење, а регистарот на население тоа ќе го дозволи. Најмногу нè интересира миграцијата, колку е движењето од помалите градови кон Скопје, движењето село – град или надвор од државата. Нема забелешки од Вреди за електронски попис Ако биде по европски критериуми и објективно спроведен, не очекуваме никакви забелешки од владиниот партнер. Пописот треба да зависи од реалноста, а не од нечии политички желби – вели функционерот.

Таравари во гостување на ТВ21 рече дека балансерот нема да се укине додека не се донесе закон за вработување според правичната застапеност и додаде дека во закон ќе фигурира процентот на резидентни Албанци во државата.

– Ние живееме во Македонија како Албанци. На последниот попис од 2021 година сме 25 отсто, вкупно со нерезиденти сме некаде околу 30 отсто, односно Албанците во Македонија се една третина или една четвртина од населението. Со ова движење, миграција на населението што се случува во Македонија, се смета дека се намалува бројот и на Македонците и на Албанците. Повеќе ме загрижува заминувањето, миграцијата, отколку во балансерот или во законот дали ќе останат 25 или 30 отсто Албанци – потенцира Таравари.
Арбен Таравари/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Симовски: Една третина граѓани не се со точна адреса на живеење

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, за „Слободен печат“ вели дека нивен сон е спроведување дигитален попис, но не е убеден дека до 2026 година ќе се исполнат условите што се клучни за спроведување на електронски попис.

– Има голема пречка за спроведување на електронски попис. Да немаше, ние ќе го спроведевме и во 2021 година. Клучната пречка е што пописот треба да даде слика за населението во простор, значи секој од нас како граѓанин каде точно живее. Она што кај нас се случува ако одите со регистри, тогаш морате да одите со официјалната адреса што е во нашите документи, а во огромен број случаи, повеќе од 30 отсто, таа не е соодветна на адресата каде што живееме. Тоа е клучниот момент зошто ние не тргнавме со таков вид попис. Ако сите податоци од базите на податоци добро ги поврзете, може да детектирате кој е во државата, а кој не е тука. Третиот момент што може да биде пречка е дека, според Уставот, треба да има графа за етничка припадност, а на овој начин не може да има. Ако овие услови се исполнат и ние ќе се впуштевме во една таква голема акција која исто така чини многу пари и бара голем ангажман. Ние сите сонуваме за тоа – вели Симовски.
Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, за Утрински брифинг
Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика / Утрински брифинг

Според него, битни се адресите на живеење и, ако се реши тој проблем, односно ако сите извадат документи на адресите на кои навистина живеат, тогаш е можно да се спроведе електронски попис.

– Но, не верувам дека тоа може кој било да го спроведе брзо и ефикасно, особено познавајќи го нашиот менталитет. Би бил среќен до 2026/7 да се создадат услови. И сега ја даваат можноста ако сите бази на податоци се ажурирани во овој дел за кој говорам. Но, никогаш нема да ја дадат можноста за етничка припадност, бидејќи тоа е чувство и не може електронски да се документира – вели Симовски.

Тој додава дека ако се исполнат условите, воопшто и нема потреба за теренски попис. Симовски објаснува дека дигиталниот попис се спроведува во скандинавските и во други земји и дека тој е дел од стандардните методи на попишување и нема временско ограничување од 10 години како традиционалното попишување.

– Словенците електронскиот попис го прават на дневна основа, а податоците ги објавуваат квартално. На пет години објавуваат детални податоци – вели Симовски.

Добро балансерот да важи само за резидентното население и потсетува дека по пописот во 2021 година, тој веднаш реагирал дека алатката треба да се однесува само на граѓаните што живеат тука – поентираше Симовски.

Интересно е да се потсети дека во Владата на Димитар Ковачевски по пописот имаше разидување кое население треба да биде таргетирано со балансерот. Додека тогашниот премиер и СДСМ сметаа дека треба да се таргетираат само резидентите, но ништо не преземаа, ДУИ и Алтернатива во балансерот ги сметаа и нерезидентите. Впечатливо е дека тогаш министерот за информатичко општество Адмирим Алити од Алтернатива, која сега е во Владата на Мицкоски, пресмета дека во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население.

ВМРО-ДПМНЕ пред и по пописот имаше повеќе забелешки и уште тогаш најави дека по доаѓање на власт, ќе спроведе електронски попис со кои ќе се добијат целосни и релевантни бројки и проценти за резидентното население во Македонија. Тие оценија дека пописот е нецелосен и со многу неправилности и не ја покажува реална слика за популацијата во државата. Забележаа дека 132.000 Македонци се непопишани, дека е направен целосен хаос во графата за религиска припадност.

   

Најново

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, посветена на Планот за раст

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот

Sase Ivanovski

Без здружени сили, гласовите на локалните избори ќе се изгубат, вели Александар Анѓушев од ДОМ

Sase Ivanovski

ЕУ АМБАСАДОРОТ МИХАЛИС РОКАС ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Бошков мост – Дебар

Sase Ivanovski

„ВМРО не е ваша сопственост“, му порача Костадин Костадинов на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Парламентарните партии го пречекорија прагот, независните повторно изиграни

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура

Sase Ivanovski

Постарите милениумци и генерацијата X споделуваат трендови на мода и убавина…погледнете назад…

Sase Ivanovski

Одбојката најдобар спорт

Sase Ivanovski

ИЛЈАДНИЦИ УЧЕСНИЦИ НА ВОДНО – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“ ПОКАЖА ДЕКА СПОРТОТ ОБЕДИНУВА

Sase Ivanovski

Апел за помош – Кате да добие шанса за достоинствен живот

Sase Ivanovski

СДСМ има пример за претседстел на општинска!!!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Јокиќ ги промаши сите обиди за три поени, но Денвер поведе во серијата со Оклахома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Sase Ivanovski

Владата гради клучен инфраструктурен проект што како опозиција во 2021 не го гласале како јавен интерес

Sase Ivanovski

Стојаноски: На 1200 локации до крајот на оваа година ќе се гради во рамки на јавниот повик за финасирање на инфраструктурни проекти од Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Средба на министерката Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек – Договорено интензивирање на соработка меѓу двете министерства

Sase Ivanovski

Дизел горивото од полноќ поевтино за еден денар

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

ВИДЕОАНКЕТА: Дали знаете што е СФРЈ?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕАко Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев и го посочува како некој од кого “треба да учи“ ?

Sase Ivanovski

Откако најавија дека ке им дојдат во Скопје ОЈО ги кани на средба семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христија Мицкоски: Коридор 8 – Нема да се потрошат милијарди евра за пруга која не води никаде

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Секоја чест! Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го ограби манастирот во село Обршани – камерата го сними

Sase Ivanovski

МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: Нам не ни требаат детски приказни за скршени јајца за „омлет“ за тие што бараат влакно во јајцето, туку „муда“ за систем и развој

Sase Ivanovski

ПОЛИЦАЕЦОТ ЌАЗИМ АДЕМИ СО ПРЕДЛОГ ДО СИТЕ КОЛЕГИ: Парите од бонус платата да ја донираме на семејствата на ранетите и загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

По истекот на велигденското примирје, Соединетите Американски Држави изнесоа нов предлог

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ИРАН И САД ПОМИНАА ДОБРО Дали двете земји ќе најдат заедничка точка за нуклеарната програма на Техеран?

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Sase Ivanovski

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

Sase Ivanovski

Дрон го загрозил слетувањето на два авиони на аеродромот во Дубровник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овие очила за вештачка интелигенција би можеле многу да ви помогнат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Браво за овие дечки! Еве како се товараат 5 тони отпад во 200 кеси…

Sase Ivanovski

Облечени во виолетови одори и со качулки на главата, учесниците во уникатната Назарен поворка во Билбао, се дел од прославата на Светата Недела пред Велигден

Sase Ivanovski

Се преземаат сите мерки за безбедна туристичка сезона во охрид

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Sase Ivanovski

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

Sase Ivanovski

Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈА ИМАМЕ НОВАТА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА НА БИХАЧКА, ОСТРА И ИНТЕЛИГЕНТНА ШТИПЈАНКА РАСПАЛИ ПО МИЦКОВСКИ: „Мене ми е нејасно како некои од моите поранешни сопартијци трчаат во скутот на еден потпросечен политичар како Христијан Мицкоски, зашто сдсмовската борбеност налага да се одважиме и да се спротивставиме на деструктивните политики на владејачкото мнозинство. Тоа ние и го правиме“

Sase Ivanovski

Нов ден, ново снаоѓање како да се избегнат гужвите

Sase Ivanovski

Околу 3.000 жени трчаа во Скопје: Оваа трка е симбол на женската моќ!

Sase Ivanovski

Трамп ги иззема паметните телефони и компјутерите од новите високи царински тарифи

Sase Ivanovski

Коцевски: ДЗС ниту еднаш низ годините не спровеле инспекциски мерки на објектот „Пулс“ и на останати клубови

Sase Ivanovski

Фотографијата од гробот на „украински војник“ е неверодостојна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Усвоена е дополнетата програма за стоковните резерви, поддршка за развојот на Армијата во процесот на модернизација и опремување, Македонија на пат кон енергетска транзиција

Sase Ivanovski

„Jас немам проблем од морални причини да поднесам оставка, а за другите ќе ги прашате нив“ – Мицковски прашан ке има ли оставки за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Кристина Костова: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Sase Ivanovski

Општина Центар: Герасимовски и амбасадорите го одбележаа месецот на Франкофонијата и оддадоа почит на жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

Европскиот фронт бара собраниска комисија да ја набљудува истрагата за случајот во Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ Неготино тврди дека се случувале разбојништва во домовите, од СВР Велес информираат дека лани било евидентирано едно, а годинава ниту едно разбојништво!

Sase Ivanovski

Владата распиша тендер за прес-клипинг, ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА КОЧАНИ Е СИНОТ НА ЕКС ПРЕМИЕРОТ ВЛАДО БУЧКОВСКИ: Овие протести се најголем патриотизам во моментов!

Sase Ivanovski

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, Собранието консензуално одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: ССМ нема кредибилитет веќе, СДС потврдија дека го координираат синдикатот

Sase Ivanovski

Ахмети: Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче презентираше економски индикатори, економијата и стандардот паѓаат

Sase Ivanovski

ЕУ не разгоре крвава војна во Украина, тоа го стори Русија

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) ЦУ: Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ефектите од засилените контроли во сообраќајот даваат резултат, системско решение за проектот „Безбеден град“ и имплементација на системот „One Stop Shop“ за побрз проток на патници

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Исклучително ми е драго што Министерството за локална самоуправа ја препозна идејата на ЗЕЛС!

Sase Ivanovski

Се поголем број млади луѓе во САД избираат да се воздржат од алкохол, водени од вкусот, здравјето и начинот на живот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НБА Ол-стар: Хиро победи во шутирање тројки, Мекланг најдобар во забивања

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ја втурна земјата во економска криза – цените повторно пораснаа за над 5%

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: 7 економски мерки за спас на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Белата куќа му одзеде акредитација на новинар затоа што одбива да го нарекува Мексиканскиот залив со новото име

Sase Ivanovski

Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии, ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард

Sase Ivanovski

„Кремљ сега пие вотка директно од шише, Путин не може да биде посреќен“: Реакции на разговорот Трамп-Путин

Sase Ivanovski

Ага Кан, муслимански духовен водач кој жонглираше со филантропијата, бизнисот и верата, почина на 88 години

Sase Ivanovski

Гневот на јавноста се зголемува како што се влошува економијата на Иран

Sase Ivanovski
Вчитувам....