Изминатиот викенд, во организација на ФФМ и УЕФА, во Скопје се одржа семинар на тема „Ургентни состојби и траума во спортот“, на кој како предавач учествуваше д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Во рамките на семинарот беа обработени клучни теми поврзани со ургентните состојби со кои може да се соочат медицинските тимови задолжени за укажување прва помош при спортски натпревари. Посебен фокус беше ставен на справување со состојби како што се: срцев застој, трауми на ‘рбетниот столб, главата, градниот кош, карлицата, екстремитетите, како и абдоминални трауми.
Семинарот заврши со практичен дел, при што учесниците имаа можност да го демонстрираат стекнатото знаење преку симулациски вежби и практично полагање. Овие семинари секогаш претставуваат одлична можност за споделување искуства и усвојување нови знаења.