Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на Тирана изјави дека на средбите со албанските претставници ја потврдиле нивната решеност за натамошно подобрување на соработката во многу области.
Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција по средбата и церемонијата на потпишување на Заедничка декларација за продлабочување на стратешкото партнерство кое е воспоставено со формирањето на Советот за соработка на високо ниво. Турскиот претседател го изрази своето задоволство од посетата, како што рече, на пријателска и братска Албанија, каде што го одржаа вториот состанок на Советот за соработка на високо ниво.