Во тек е изградбата на повеќенаменскиот објект во село Дреново на површина од 530м2, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360м2, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново. Инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци. Кавадарци за сите! – Градоначалник Митко Јанчев.
