20.8 C
Скопје
02/07/2025 02:23
МАКТЕЛ

   

Зошто Шведска е земјата во која живеат најосамените луѓе во светот

      

Зошто Шведска е земјата во која живеат најосамените луѓе во светот? На тоа прашање се обидува да одговори новиот документарен филм на авторот на „Видеократија“, Ерик Гандини, „Шведска теорија на љубовта“. Во него гледаме како интересната теорија на шведските социјал-демократи од седумдесеттите години за среќните и независни индивидуалци добива речиси социопатски димензии 40 години подоцна.

Шведска е најосамената земја во светот. Кога си болен во Шведска, не плачеш на нечие рамо, туку пополнуваш образец – сериозно и без трошка сарказам зборува еден од протагонистите во филмот „Шведска теорија на љубовта“. Оваа филозофија се темели на манифестот од 1972 година што претставува еден од камен темелниците на шведскиот модел на држава на благосостојба. Имено, таа година група социјалдемократски политичари дојде на идеја да создаде визија за иднината, чија основна премиса е дека ниту еден возрасен човек не би требало да зависи од роднините. Изграден е систем на социјална грижа, со што општествената одговорност е префрлена од семејството на државата, што беше особено важно за ослободување на жените кои беа заробени во застарените улоги на мајки и домаќинки. Беше тоа некој вид шведски општествен договор, а со помош на бројните нови институции Шведска требаше да стане општество на независни поединци.
Филмот ги разгледува ефектите што таквата слобода може да ги има врз поединецот, а режисерот Ерик Гандини го претстави филмот на ЗагребДокс.

   

Освен што е земја со најмногу домаќинства со еден член, Шведска зазема и прво место кога се во прашање стари луѓе кои умираат без роднини.

„Шведската теорија на љубовта“ има свои корени во книгата „Is the Swede human?“ на историчарите Lars Tragardh и Henrik Berggren, а главната идеја на овој бестселер е дека автентичните човечки односи се возможни само помеѓу автономни и рамноправни поединци. Но повеќе од 40 години од манифестот, 47 проценти од возрасните Швеѓани живеат без партнер, што е највисок процент во светот, а освен што е земја со најмногу домаќинства со еден член, Шведска зазема и прво место кога се во прашање стари луѓе кои умираат без роднини.

– Беше тоа време кога во Шведска беа доминантни социјалдемократите предводени од Улоф Палме, а темелната идеја беше ослободување на жената од старомодната семејна структура. Но, тоа отиде чекор понапред и стана социјалистичка визија на семејството од иднината. Беше тоа многу напредна идеја за она време – идејата дека ниту еден возрасен човек не би смеел да зависи од семејството, а државата ќе гарантира дека секоја индивидуа ќе биде економски независна. Тоа беше повеќе од само прашање на женската еманципација, бидејќи ја опфаќаше и идејата дека постарите луѓе не би смееле да зависат од децата, како и тоа дека студентите можат да студираат не зависејќи од родителите. Исто така, односот меѓу мажот и жената не смееше да биде дефиниран со економска зависност. Во тоа време во целиот западен свет се преиспитуваше улогата на семејството како такво, дури и на филм, а еден од примерите е и одличната драма на Ken Loach под името „Family Life“, која се темелеше на идеите на радикалниот шкотски психијатар R. D. Laing дека доминантното семејство е исходиште на шизофренијата и другите ментални болести – раскажува Гандини.

Банки на сперма

Роден во 1967 година во Бергам од шведска мајка и татко Италијанец, Гандини се преселил во Шведска на 19-годишна возраст, што му давало двојна културна перспектива.

каде престанува независноста, а почнува самотијата– Кога дојдов во Шведска, можев самиот да се издржувам благодарение на студентските кредити, независно од родителите, за што моите врсници во Италија можеа само да сонуваат. Истовремено, имав проблеми со разбирањето на општествените кодови. Се разбира, постојат добри страни на оваа идеја, но мојот филм ја истражува другата страна на оваа теорија. Бидејќи прашањето е, каде престанува независноста, а почнува самотијата, што е најголемата цена на таквиот начин на живот – истакнува режисерот.

Дискретно спакуваните домашни сетови за инсеминација кои во Шведска се доставуваат заедно со упатството за употреба се вообичаени, како што се тампоните во остатокот од Европа.Во сообразност со оваа теорија, има многу Швеѓанки кои се решаваат на живот без партнер, а таткото на своите деца го бираат по пат на банка на сперма. Дискретно спакуваните домашни сетови за инсеминација кои во Шведска се доставуваат заедно со упатството за употреба се вообичаени, како што се тампоните во остатокот од Европа.

– Денес една половина од нашите клиентки се од Шведска. Тоа се жени со високо образование и добро ситуирани кои не сакаат старомодни работи како готвење ручек на сопругот – вели Ole Schou, основач на данската фабрика Cryos, најголемата банка на сперма во светот, каде се чуваат дури 170 литри сперма.

Еден од подобро платените бизниси во Шведска се агенциите кои се занимаваат со луѓе кои починале, а тоа никој не го забележал.Еден од подобро платените бизниси во Шведска се агенциите кои се занимаваат со луѓе кои починале, а тоа никој не го забележал. Тим истражувачи на чело Ани Ставлинг и Луиза Фиеро ги бара роднините на починатите; кога нема никој да се јави, заминуваат во нивните домови за да ги најдат евентуалните траги: слики, семејни спомени, сметки, известувања од банка… Ако се утврди дека починатиот нема роднини, станот ѝ припаѓа на државата, а личните предмети се фрлаат.

Општествениот живот во Шведска се сведува на организирање активности, а една од најпопуларните, но и најбизарни е потрагата по исчезнати лица наречена „Missing people“. Секој викенд група волонтери во рефлектирачки елечиња заминуваат во шума да ги бараат исчезнатите, а во потрагата учествуваат над 25 илјади луѓе.

Сакаат дистанца

Една од протагонистките во филмот е Нела Али, Сиријка која веќе низа години живее во Шведска и им помага на бегалците да го научат јазикот и обичаите.

Однадвор, Шведска е ветена земја, но просечниот период во кој бегалците во Шведска наоѓаат работа и запознаваат Швеѓани изнесува седум години, што е најдолго во Европа.– Ако кажеш дека ќе дојдеш во 14 часот, мораш да дојдеш во 14 часот, во Шведска времето е многу важно. Исто така, Швеѓаните не сакаат долги конверзации – ги подучува Али бегалците. Однадвор, Шведска е ветена земја, но просечниот период во кој бегалците во Шведска наоѓаат работа и запознаваат Швеѓани изнесува седум години, што е најдолго во Европа.

– Швеѓаните не се расисти, тие едноставно сакаат да држат дистанца, но интеграцијата во Шведска е сè уште прилично разочарувачка – смета Гандини, а на студената Скандинавија ја спротивставува африканската срдечност.

Лекарот Ерик Ериксен работел 30 години во Шведска како хирург, а потоа со сопругата Африканка се отселил во Етиопија каде отворил полска болница и работи во невозможни услови. Свесен е дека во Етиопија владее материјална сиромаштија, но духовното страдање во Шведска, како што вели, е многу пострашно.

„среќата не е живот без проблеми, туку среќа е да се има проблем и да се решава“Филмот завршува со сјајното интервју на 90-годишниот полски социолог Зигмунт Бауман, кој смета дека независноста не е среќа, туку „празнина на животот, бесмисленост на животот и незамислива здодевност“ и дека клучот на среќата и заедништвото е во взаемната зависност, а поентира со реченицата дека „среќата не е живот без проблеми, туку среќа е да се има проблем и да се решава“.

Ерик Гандини се прослави со филмот „Видеократија“ од 2009 година, каде ја прикажува Италија во времето на владеењето на Силвио Берлускони. Дали имал проблеми заради тој филм?

– Да, имав проблеми, бев субјект на медиумски прогон, што ние на италијански јазик го нарекуваме „la macchina del fango“, а трејлерот на мојот филм беше забранет на сите телевизии. Денес ситуацијата со медиумите е нешто подобра, Берлускони ја изгуби политичката моќ, не само поради сите скандали кои го придружуваа, туку делумно и поради своите години, не е повеќе така шармантен и уверлив. Освен тоа, доаѓаат помлади политичари и има многу повеќе жени отколку порано. Но „берлусконисимо“ како идеологија е сè уште присутна, особено тој површен, хедонистички свет кој се прикажува на телевизијата и тешко е да се ослободите од него. Можете да го најдете дури и во фигурата на премиерот Матео Ренци, тој е исто така самољубив, како што беше Берлускони, се разбира, многу е помлад, но за некои работи многу наликува на него. Инаку, шведските политички скандали ги смеат луѓето во Италија бидејќи тие се толку минорни во споредба со нашите.

Фотографиите се од филмот The Swedish Theory of Love (2015)
Извор: Globus

   

Најново

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski

Во Турција поради шумските пожари евакуирани над 50.000 луѓе

Sase Ivanovski

Дали Доналд Трамп ја прави Европа „повторно голема“?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп ќе го отвори „Алкатраз со алигатори“, нов центар за притвор на имигранти во Флорида

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Горат Измир, Хатај и Адана, над 30 лица уапсени за подметнување пожар

Sase Ivanovski

Арагчи скептичен за почетокот на преговорите со САД ако нема гаранции дека ќе нема нови бомбардирања

Sase Ivanovski

„Топлинска купола“ во Европа, феноменот се смета за „тивок убиец“

Sase Ivanovski

Уапсен поранешниот градоначалник на Измир под обвинение за корупција

Sase Ivanovski

Данска го презема претседателството со ЕУ со безбедноста како приоритет

Sase Ivanovski

Акциите на Мета достигнаа рекордно високо ниво

Sase Ivanovski

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, посветена на Планот за раст

Sase Ivanovski

ТРАМП ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ТЕХЕРАН „Не беа спремни да го преместат ураниумот, истураа бетон за да го затворат влезот“

Sase Ivanovski

АКТЕРОТ МЕЛ ГИБСОН ЈА ПОСЕТИ СВЕТА ГОРА, ФОТКИТЕ СЕ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ И ЕДИ РАМА СЕ СКАРАА ЗА АЛБАНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ, ПА СЕ ОПКЛАДИЈА Кој изгуби и што треба да направи губитникот?

Sase Ivanovski

ИРАН СЕРИОЗНО ПОДДРЖУВА СВЕТ БЕЗ ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ Министерот Аракчи потсети на иранскиот напад со хемиско оружје врз Сардашт

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 50 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПО ЗАКАНАТА ЗА ПРИНУДНА ЕВАКУАЦИЈА Растат стравувањата од посилен удар

Sase Ivanovski

ИРАН МУ ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ДИРЕКТОРОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА НУКЛЕАРНА АГЕНЦИЈА Не дозволува ниту надзорни камери

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА ДА СЕ РАЗОРУЖА ХЕЗБОЛАХ“ Бејрут има неколку барања за Тел Авив

Sase Ivanovski

„НЕ СУМ ОБАМА, ПА ДА МУ НУДАМ НЕШТО НА ИРАН“ Трамп вели дека не разговара со Техеран по американските напади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 50.000 ЛИЦА ЕВАКУИРАНИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Горат Измир, Маниса, западот и југоистокот на земјата

Sase Ivanovski

(Видео) Најмалку 30 лица уапсени при обид за учество на Парадата на гордоста во Истанбул

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк, го нарече чист комунист

Sase Ivanovski

Еврејски доселеници нападнаа израелски војници на Западниот брег

Sase Ivanovski

Најмалку 46 лица го загубија животот во поплавите во Пакистан

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу шефовите на ЦИА и на руското разузнавање

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

Нема примирје – во фаза сме на привремена пауза на војната – тврдат во Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во последните руски напади со дронови низ Украина

Sase Ivanovski

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Sase Ivanovski

Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

Sase Ivanovski

Samsung постави рекорд во производството на телефони, глобалното производство се намалува

Sase Ivanovski

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа

Sase Ivanovski

Британските власти запленија 2,4 тони кокаин вреден 96 милиони фунти

Sase Ivanovski

ОВА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕ БИЛО ДОБРА ВЕСТ Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Sase Ivanovski

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Sase Ivanovski

Жестоки судири во Белград во текот на ноќта: „Ова е крајот на предавничката влада“ Вучиќ ќе има обраќање до нацијата

Sase Ivanovski

НЕ МУ ДАДОА ДА СЕ ВЕНЧА ВО СРЦЕТО НА ВЕНЕЦИЈА Безос се соочи со бунт и притисоци, па ја промени локацијата

Sase Ivanovski

Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа

Sase Ivanovski

Во израелскиот напад врз затворот Евин во главниот град на Иран, Техеран, што беше извршен на 23 јуни, беа убиени 71 лице, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир

Sase Ivanovski

Почина Ребека Дел Рио, вокалистка со ангелски глас и таинствена присутност, засекогаш врежана во колективната меморија преку нејзиниот незаборавен настап во култниот филм Mulholland Drive на Дејвид Линч

Sase Ivanovski

Жештините во светот стануваат неподносливи, а летото штотуку започна. Што велат научниците

Sase Ivanovski

(Видео) Српската полиција употреби солзавец и водени топови за да растера демонстранти во центарот на Белград

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРПСКАТА КАТИЦА ЈАНЕВА Е ПОЛУДА И ОД НАШИОТ БОКИ 13-КА

Sase Ivanovski

Индија демантира дека е вмешана во самоубиствениот напад во Пакистан, во кој беа убиени 13 војници

Sase Ivanovski

Сирски: Се спроведува нов руски напад врз Костјантинивка, клучен град на источниот фронт на Украина

Sase Ivanovski

Според Путин иднината е во развој на Арктикот

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на загинати во свлечиштето во северозападна Колумбија

Sase Ivanovski

РАДЕВ JA ИСКАРА БУГАРСКАТА ВЛАДА: Вели дека тој не дозволил легитимирање на македонизмот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“ преполна на Видовден – Ќаците ги гаѓаа со шишиња и јајца

Sase Ivanovski

„МЕ ИЗОЛИРАА И МИ ВРШЕА ПРИТИСОК ДА ПОТПИШАМ“ Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Sase Ivanovski

СПАС ЗА ГЛАДНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ГАЗА Поделени над 33.000 пакети со храна

Sase Ivanovski
Вчитувам....