Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин повика на темелна истрага за тврдењата на американскиот новинар Такер Карлсон, кој тврди дека администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин.
Подготовката на убиство на рускиот претседател Владимир Путин и самото разгледување на таквите обиди се сметаат за сериозна закана за глобалната безбедност, објави денеска претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, на својот канал на Телеграм. Володин нагласи дека секоја дискусија за убиство на рускиот лидер „е злосторство што може да доведе до почеток на нуклеарна војна“, пренесоа руските медиуми.
– Подготовка на атентат врз Путин, како и самата дискусија за тоа, е сериозна закана што може да предизвика почеток на нуклеарна војна. Сите мора да бидат свесни за сериозноста на борбата што Русија моментално ја води – рече Володин. Според него, потребно е да се разберат размерите на предизвиците и заканите со кои се соочува Русија, а тоа подразбира одговорност. Володин истакна дека Путин работи на зајакнување на земјата, постигнување мир и решавање на глобалните безбедносни прашања. Тој го означувајќи рускиот претседател како клучен адут на земјата.
Тој повика на темелна истрага за тврдењата на американскиот новинар Такер Карлсон, кој вчера излезе со тврдење дека администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден се обидела да го убие Путин. Карлсон рече дека во последните два месеци од неговиот мандат, поранешниот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, направил сè што е можно за да забрза војна меѓу САД и Русија.