-0.2 C
Скопје
04/03/2025 00:19
МАКТЕЛ

    

Може ли една држава со две химни?

      

Натпреварите на Светското првенство во ракомет секој ден започнуваат со интонирање на државната химна на екипата што игра. Стандардна работа. Пеат и се држат за срце играчите од националниот тим, понекогаш со различна боја на кожата и различен јазик, ама сите државјани на иста држава. Државната химна ги обединува на ветување дека заедно ќе се борат за победа на тимот. Освен на спортски натпревари, химна се изведува при свечени државни настани, а во некои земји се интонира и пред првиот школски час, како во САД, на пример. По тој пример тргнаа и дел од училиштата во Македонија последнава година, а се предложи и како законска обврска, но поради реакции на претставници од албанските партии, таа идеја згасна. Ладниот туш за македонската химна беше еден микс од негативни ставови и тези, обременети со предрасуди, недоволна информираност, а веројатно и со понекоја лоша мисла.

Да ги отвориме и проветриме тезите, низ споредби со други држави, можеби ќе ни олесни на сите и ќе престанат барањата за ексклузивни решенија во македонскиот случај, оти сме биле „специфично мултикултурно општество“. Нека ми каже некој, кое во денешно време не е? Прва теза: „Не ја отсликува мултиетничката реалност во Македонија“.

   

Погрешен пристап. Химната не е опис на сегашноста, туку ехо на минатите времиња, битки и ликови, кои довеле до сегашната држава. Таа е песна што им ги греела душите на некои претходни борци, како на нашиот поет Владо Малески, кој го напишал текстот на нашата химна и за прв пат ја свирел на гитара на собир на антифашисти во Струга во куќата на Сотир Шута, 1942. Музиката на композиторот Тодор Скаловски им се допаднала на борците на народно-ослободителното движење и на широките народни маси, се идентификувале со неа во борбите за Македонија, па по војната била прогласена за химна на Социјалистичка Република Македонија. Во 1992, по осамостојувањето, со закон стана химна на независна Република Македонија.

Да ја споредиме со холандската химна „Вилхелмус“, која е најстара, датира од 16 век, за време на Осумдесетгодишната војна на холандските протестанти против католичката шпанска империја која ги владеела. Се воспева Вилхелм, таткото на нацијата, кој поделен помеѓу верноста кон шпанскиот крал и службата кон Господа и Холандија, ја избира Холандија. Етнички или културолошки гледано, Вилхелм имал повеќе идентитети: германски благородник, пораснат на шпанскиот двор, со титула Принц од Оранж, област во јужна Франција. Очигледно никому не му пречела оваа шареноликост во националниот идентитет, било важно дека тој ја повел сегашната држава кон самостојност.

По повеќевековна употреба како свечена песна, прогласена е за химна на Холандија во 1932, иако приказната во неа ни најмалку не ја отсликувала реалноста од 20-от век. Оваа изразито „христијанска“ песна уште помалку ја отсликува реалноста на 21-от век со денешното Кралство Холандија сосе Карибските територии, каде што покрај 74% Холанѓани, живеат и Фризијци, Европјани од разни земји, Турци, Мароканци, Индонезијци, Суринамци, Холандски Карибијци, Евреи и други, вкупно 26%. Шаренолика е и религиски: 58% се атеисти, 30% христијани, 6% муслимани и 6% друга религија.

А и јазично: покрај официјалниот холандски, регионални јазици се фризиски, папиаменто и англиски, а признаени јазици се и долно-саксонски, лимбургиски, ромски и јидиш. Химната е испеана на холандски јазик. Втора теза: „Напоредно со македонската химна треба да се интонира и албанската химна, кај што има ученици Албанци“.

Невозможна мисија. Како некој го замислува ова? Државната химна е симбол на државата, обележје, како грбот и знамето. Таа повикува за сплотеност во борба и славје за сите кои се државјани на таа држава. Доброволно, се разбира. Ако си прифатил државјанство, почитуваш заеднички Устав, политички систем и симболи, тоа е рамката на современите држави. Значи, не може да пееш и признаваш химна на друга држава, зашто таа е туѓа, на други државјани. Дури и кога во неа живеат твои сонародници по крв и култура. Се грижиш за нив, ги сакаш, ама кога играш спортски натпревар, тие се во туѓиот тим.

Затоа не е логично да си државјанин на Македонија, а да воспеваш друга држава: „Господ му кажа на светот, народите ќе слабеат, но уште ќе живее и цвета Албанија. Борбата за неа нема да е залудна.“ (Ова е превод од англиски превод на 4-та строфа, па се извинувам ако не е прецизен.)

Инаку, химната на Албанија е многу убава композиција, земена од романската патриотска песна „На знамето пишува единство“, на композиторот Киприан Порумбеску. Текстот на химната, пак, е поема напишана од познатиот албански поет Александар Ставре Дренова, познат под акронимот Асдрени, роден во Корча во православно семејство, кој учел во грчко училиште и емигрирал во Букурешт. Во Романија се поврзал со други албански интелектуалци и писатели со кои започнал да ја јакне албанската дијаспора за борба за национално ослободување.

Поемата била отпечатена првин во албански весник во Софија, а потоа и во Букурешт. Текстот бил прилагоден на романската музика, а песната станала толку популарна, што била прогласена за химна во 1912, при прогласувањето независна Албанија. Денеска никому не му пречи што мелодијата била романска, ниту на Албанците, ниту на Романците. И нема зошто.

Трета теза: „Тоа не е НАША химна, туку МАКЕДОНСКА“.

Ова е теза што збунува, навредува, плаши и поставува многу прашања. Зарем повторна негација на правото на употреба на придавката „македонска“? Да, ова е македонска химна, на заедничката македонска држава, на сите македонски граѓани. Како што има и македонски домати и пиперки, македонско сирење, македонска мода, македонско образование и наука (иако на шкрги)… Безброј поими поврзани со географската одредница Македонија и името на државата.

Зашто, што и да имало низ вековите како зборче пред името, дали била тема, република, народна, социјалистичка, северна, секогаш тоа е само додавка на името Македонија. Впрочем и референдумот за независност беше за „независна Македонија“.

Кому и зошто му пречи придавката „македонски, македонска, македонско“? Па три децении душа ни изваде Грција со обид за забрана на оваа придавка, за да не дозволи да има македонски народ, македонски јазик, итн. Па затоа уште кога пркнавме како самостојна држава, по референдумот 1991, следната 1992 година во Лисабон, на состанок на Европскиот совет, успеа да издејствува декларација на цела Европска Унија, дека ќе нè признае како држава само БЕЗ ЗБОРОТ МАКЕДОНИЈА во името! За среќа, се најдоа доволно пристојни дипломати, кои брзо го поништија тој став. Но, голготата ни продолжи на друг начин…

Не очекуваме сега, наместо Грците, СО ИСТА ТЕЗА да настапуваат нашите сограѓани од партиите на Албанците. Се надевам ќе ја разберат горчината кај Македонците. И да не ја прават грешката на многу етнички лидери низ светот, кои произлегле од меѓуетнички конфликт и кои и во мирни услови ги држат тензични односите со другите заедници во една заедничка држава, сакајќи да го задржат така и своето место во политиката и во поделбата на моќта.

За ова извонредно пишува политикологот Хоровиц, критикувајќи го консоцијалниот модел на Липхарт, па предлага интегративен модел на споделување на власта, со кој се решени конфликтите во Малезија и Шри Ланка.

Македонскиот модел на споделување на власта е комбинација од двата модела со граѓанска рамка на државата (Бибер). Ова ни дава можност, ако сме мудри и се воздржиме од прекумерни афектации, да обезбедиме поинтегрирано општество и пристојна држава. Да го научиме европскиот интеркултурализам. Можеме ли?

Лилјана Поповска.

  

Најново

Ахмети: Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче презентираше економски индикатори, економијата и стандардот паѓаат

Sase Ivanovski

ЕУ не разгоре крвава војна во Украина, тоа го стори Русија

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) ЦУ: Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ефектите од засилените контроли во сообраќајот даваат резултат, системско решение за проектот „Безбеден град“ и имплементација на системот „One Stop Shop“ за побрз проток на патници

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Исклучително ми е драго што Министерството за локална самоуправа ја препозна идејата на ЗЕЛС!

Sase Ivanovski

Се поголем број млади луѓе во САД избираат да се воздржат од алкохол, водени од вкусот, здравјето и начинот на живот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НБА Ол-стар: Хиро победи во шутирање тројки, Мекланг најдобар во забивања

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ја втурна земјата во економска криза – цените повторно пораснаа за над 5%

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: 7 економски мерки за спас на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Белата куќа му одзеде акредитација на новинар затоа што одбива да го нарекува Мексиканскиот залив со новото име

Sase Ivanovski

Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии, ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард

Sase Ivanovski

„Кремљ сега пие вотка директно од шише, Путин не може да биде посреќен“: Реакции на разговорот Трамп-Путин

Sase Ivanovski

Ага Кан, муслимански духовен водач кој жонглираше со филантропијата, бизнисот и верата, почина на 88 години

Sase Ivanovski

Гневот на јавноста се зголемува како што се влошува економијата на Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Карпош: Разговор – Субвенции за поправка на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи во општин

Sase Ivanovski

СЕ СПРАВУВА СО СИТЕ ТЕРЕНИ НОВОТО COMBO 4X4 НА OPEL И DANGEL  

Sase Ivanovski

КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА: РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА, ГЛОБАЛИЗАМ И ВОУК АКТИВИЗАМ ВО НОВАТА КОНЦЕПЦИЈА ЗА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Нема промена, стари инкриминрани кадри од режимот го советуваат Мицкоски

Sase Ivanovski

Селена Гомез објави емотивно видео за имиграциските рации, кандидат за Сенат возврати: „Депортирајте ја!“

Sase Ivanovski

Државните институции ќе плаќаат струја по цени на Македонската берза, референцата ХУПЕКС оди во пензија

Sase Ivanovski

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Sase Ivanovski

ЕВРОПА НАЈАВИ ПОВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА РУСКОТО АЗОТНО ЃУБРИВО Колку тоа ќе ги чини европските земјоделци?

Sase Ivanovski

Д-р Михајло Ивановски од Аџибадем Систина – предавач на семинарот за ургентни состојби и траума во спортот

Sase Ivanovski

„И ДИСКУСИЈА ЗА АТЕНТАТ НА ПУТИН Е ПАТ КОН НУКЛЕАРНА ВОЈНА“ Володин предупреди дека Русија води сериозна борба

Sase Ivanovski

Украина апелира за враќање на своите сонародници

Sase Ivanovski

Николовски: Ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(АРХИВА) „4iG“ побара радиофреквенции од АЕК: Кога ќе почне омилената компанија на Орбан да ги урива цените на мобилните услуги?

Sase Ivanovski

БЛУ ОРИЏИН ГО ОТКАЖА ЛАНСИРАЊЕТО НА РАКЕТАТА „ЊУ ГЛЕН“ Безос се жали дека Маск фаќа врски кај Трамп за да му пркоси

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЖАЛИ: Почина позната актерка од македонски народни приказни

Sase Ivanovski

(Корпоративно ВИДЕО) 30 години Вива

Sase Ivanovski

Брисел криел дека Фон дер Лајен е во болница: таа објави фотографија од својот дом додека се бореше со тешка пневмонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Погледнете ги улиците во елитен кварт во Лос Анџелес пред и по пожарот

Sase Ivanovski

Сашко Митовски: Со голема гордност и радост ја споделуваме веста за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка, проект започнат од СДСМ во 2018 година

Sase Ivanovski

Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА. СЛЕДУВА БРЗ РАЗВОЈ НА ГАЗИ БАБА!

Sase Ivanovski

„Џин“ од 25 ката ќе се гради на местото на Европски универзитет

Sase Ivanovski

Рама: Тик Ток повеќе нема да го има во Република Албанија, тоа е наша должност

Sase Ivanovski

Турција ќе добие уште една милијарда евра од Европската унија за сириските бегалци

Sase Ivanovski

Дубаи повторно ќе го изненади светот и ќе ги помести границите со новиот необордер Tiger Sky Tower

Sase Ivanovski

Вулин: Нe сум сигурен дека ЕУ ја сака Србија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува платите во повеќе области, со СДС бевме на праг на банкрот

Sase Ivanovski

ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: До 2030 година се планираат дури 10.000 возила без возачи

Sase Ivanovski

Не паркирајте под високи или суви стебла“, апелираат од Паркови и зеленило: за попладнево е најавено невреме

Sase Ivanovski

ДЕСЕТ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Сараево е на третото место

Sase Ivanovski

Американските и полските власти отворија штаб за ракетна одбрана на кој Русија долго се противеше

Sase Ivanovski

Противниците на Кина на важни позиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како се пакувале цигарите во 1930 година

Sase Ivanovski

Русија праша во ОН: Ако Западот и помага на Украина, зошто Северна Кореја не може да ни помогне нам?

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски секогаш тука за најдрагите пријателчиња!

Sase Ivanovski

Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата “3ти Април” во Пробиштип

Sase Ivanovski

15 октомври – Меѓународен ден на руралната жена во Кавадарци се одржа саем на локални производи

Sase Ivanovski

Започна изградбата на повеќенаменскиот објект во село Дреново кавадаречко

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Една убава вест на денешниот празник

Sase Ivanovski

Најава за Неделно интервју со Крешник Бектеши

Sase Ivanovski

Тошковски: За да се скрати долгото чекање на граничните премини, системот „One stop shop“ навистина треба да профункционира

Sase Ivanovski

Ердоган и Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција и церемонијата на потпишување на Заедничка декларација за продлабочување на стратешкото партнерство

Sase Ivanovski

Симболичен погред пред влезот на општинската зграда во Ново Село

Sase Ivanovski

Претрес во липковско, пронајдени дрога и оружје, приведени две лица

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение против скопјанецот кој труел четири деца во Козле

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Претседателот на Украина Зеленски на своето патување во Париз и Рим им го претстави „Планот за победа“ на Макрон и Мелони

Sase Ivanovski

Западот не ги предводи, туку бара прекин на војните во Украина и Палестина

Sase Ivanovski

Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник

Sase Ivanovski

(Фотогалерија) Кардиоваскуларните болести се сѐ почести меѓу населението

Sase Ivanovski

Тетовец со нож нападнал малолетник, задржан е во полициска станица

Sase Ivanovski

Претставници на Истокот на годинешниот форум на УСАИД

Sase Ivanovski

Атина посветена на проширувањето на ЕУ, Софија избра аут

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допреа дното мислејќи само на тендери, за само два месеци се реализираат мерки со кои парите остануваат кај граѓаните

Sase Ivanovski

Samsung Galaxy S24 серија: Врвни функции со вештачка интелигенција и безбедност на податоците

Sase Ivanovski

По повод 23-годишнината од Охридскиот рамковен договор, првиот вицепремиер Изет Меџити организираше прием

Sase Ivanovski

Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските сили на руска територија

Sase Ivanovski

СДСМ Молк за долгот од 1 милион евра додека Министерството на Божиновска се посочува како можен извор на корупција

Sase Ivanovski

Францускиот претседател Емануел Макрон пречека десетици шефови на држави и влади во претседателската палата во Елисеј во петокот попладне пред церемонијата на отворањето на Олимписките игри⁣

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ Шкендија прв кандидат за првото место: Во Арачиново доаѓа Дарио Десниќ од ривалот Куманово!

Sase Ivanovski

Камала Харис: „Познати ми се типови како Доналд Трамп“

Sase Ivanovski

ИЗДРЖЕТЕ ДО СРЕДА Доаѓа заладување со позначителен пад на температурите

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски: Син ми се исели од државата поради политички прогон

Sase Ivanovski
Вчитувам....