Одбојката е групен спорт кој се игра на таков начин што две екипи од по шест играчи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Бод се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Играта се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 бода, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 бода. При тоа, победничката екипа мора да има два бода разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број бодови за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два бода.
Написала Софија Божиновска