Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пленарна седница ќе предложи измени на изборниот законик во делот на независните листи. Измените ги поддржуваат и владините партнери ВРЕДИ и ЗНАМ, а свои постписи на предлогот ставиле и опоизцискиот СДСМ и коалицијата. Измените на Изборниот законик следат откако Уставниот суд неодамна укина два члена со кои партиите го зголемија прагот за потребни потписи – за еден отсто од гласачкото тело во изборна единица. Како што веќе објавивме независните кандидати за учество на изборите ќе треба да соберат потписи во зависност од големината на гласачкото тело во општината.
Минимумот собрани потписи за учество на независните кандидати е 100 во најмалите општини, а максимумот, за Скопје ќе биде 3.500, наместо првичнио предложените 4.000 потписи. Предлогот е за општини до 10.000 избирачи, независниот кандидат да собере 100 потписи, до 20.000 – 200 потписи, до 30.000 гласачи потребни се 300 потписи, 1.000 потписи ќе им требаат на независните кандидати за најголемите општини како Куманово со над 92.000 гласачи. Откако Уставниот суд ги укина двете одредби од Изборниот законик, седум граѓански организации до Собранието поднесоа барање за обезбедување на уставно загарантираното право за активно учество во изборите на сите граѓани, без разлика дали доаѓаат од политичка партија или од независна иницијатива. Тие бараат намалување на прагот за потписи на 50 лица, фер услови и за мали општини, собирање потписи и на терен, а не само во Државната изборна комисија, како и продолжување на рокот за собирање.