Обвинетиот ги оставил децата и заминал да спие во спалната соба, а утрината ги затекнал онесвестени. Соседите пријавиле во МВР, по што полицајците ги пронашле децата паднати на подот во дневната соба, од каде што итно биле префрлени на Токсикологија.
Четирите деца се родени во 2006, 2007, 2008 и 2009 година и според информации на Телма, обвинетиот е очув на едното од нив. Станува збор за две момчиња и две девојчиња. Јавниот обвинител до скопскиот Кривичен суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.