Имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието консензуално, поддржано од сите пратенички групи се одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица. Сакаме да ја известиме македонската јавност дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а веруваме и останатите пратеници секојдневно си ги извршуваат своите работни обврски.
Ова се однесува на одржување на седници на Собранието и седници на работните тела, но сакаме да појасниме дека како пратениците постојано работиме на спремање на законски решенија кои би се ставиле на идните седници од следниот понеделник. Дополнително, во сите општините од каде што има жртви и повредени од немилиот настан во Кочани, нашите пратениците се присутни во пратеничките канцеларии и обавуваат средби со граѓаните излегувајќи во пресрет на на сите проблеми со кои се соочуваат.