Интелигентно: автоматско активирање на 4×4 кога е потребно, благодарение на електричната задна оска, Заштеда на ресурси: ефикасно користење на енергијата и автономно регенерирање, Разновидност: две должини на возилото, робусна конструкција со 90 mm повеќе растојание од подот, Ултра-модерно: „работна средина“ со иновативни карактеристики и бројни системи за помош.
Opel Combo, блеска со својот раскош однатре и однадвор, со новодизајниран преден дел, вклучувајќи го карактеристичното лице на брендот Opel Vizor. Опремен е со врвни технологии како што се приспособливите Intelli-Lux Matrix светла без отсјај и бројни системи за помош што го олеснуваат и го прават пред сè побезбедно секојдневното патување. Отсега, компактното комерцијално возило ќе биде уште поразновидно: клиентите на Opel сега можат да го изберат Combo и како практично возило со погон на сите тркала во две должини. Opel Combo 4×4, развиен во соработка со познатиот специјалист за погон на сите тркала Dangel, блеска како универзална применлива „машина за работа “која ги задоволува највисоките барања во однос на флексибилност и безбедност. Новиот Combo 4×4, без разлика дали се работи за урбана средина, непристапни терени или стрмни искачувања, импресионира со својата иновативна технологија и паметна опрема. Паметен систем: автоматско активирање на 4×4 за оптимална тракција. Новиот Combo Cargo 4×4 е опремен со интелигентен систем за погон на сите тркала кој автоматски се активира кога е потребно. Штом возилото ќе детектира губење на држењето, погонот на сите тркала се вклучува, обезбедувајќи оптимална распределба на погонската моќ. Моќта на ефикасниот турбодизел од 96 kW (130 КС), кој работи во комбинација со осум-степен автоматски менувач, не се распределува помеѓу предната и задната оска како кај конвенционалниот погон на сите тркала. Кај Combo 4×4, електричната задна оска обезбедува дополнителен вртежен момент за движење. Ова значи дека новиот Combo 4×4 секогаш обезбедува оптимална безбедност и контрола, дури и во тешки услови на возење. Сепак, погонот на сите тркала не е единствената карактеристика што го прави новиот Combo 4×4 идеален придружник на градилиштата и на непрооден терен. Неговиот робустен дизајн ги зема предвид и „предизвикувачките“ барања. Тие вклучуваат специјални штитници за моторот, менувачот и резервоарот за гориво и 90 mm повеќе растојание од земјата во споредба со FWD (погон на предни тркала) верзиите. Верзијата со погон на сите тркала е достапна во должина L1 (4.401 mm) и L2 (4.751 mm).
Ефикасно решение: Електрична поддршка и автономно полнење. Како и кај сите модели, Opel придава големо значење на пристапот „Greenovation“ со Combo 4×4, т.е. развојот на решенија за заштеда на ресурси. Друг белег кај новиот Opel Combo 4×4 е електричниот систем. Возилото има батерија од 48 V со капацитет од 4,8 kWh. Системот овозможува два изборни режими со различни вртежи на задната оска. Ова значи дека новиот Combo 4×4 може да ја максимизира својата ефикасност и перформанси. Автономното полнење обезбедува снабдување со енергија на системот за погон на сите тркала. Практична кабина за добро чувство при возење: станица за паметни телефони, дигитален ретровизор итн. За да се направи извршувањето на секојдневите работни задачи побрзо и поедноставно, Opel дополнително го подобри кокпитот и ергономското управување кај најновата генерација Combo и ги направи уште попријатни за корисниците. Инфозабавните системи со два 10” екрани во боја овозможуваат најсовремена графика, мултимедија и функции за поврзување. Компатибилните паметни телефони може да се поврзат и да се полнат безжично со Apple CarPlay и Android Auto. Алтернативно, возачите можат да го користат својот паметен телефон како инфозабавен систем преку иновативната станица за паметни телефони и да управуваат со него користејќи ги копчињата на управувачот. Дополнително, компактното комерцијалното возило е опремено, во зависност од верзијата, со до 18 најсовремени системи за помош при возење. Го истакнуваме динамичниот Surround View. Системот се состои од две камери, едната над задните врати, а другата под совозачкиот надворешен ретровизор. Сликите од камерите се прикажуваат во новиот дигитален ретровизор. Додека вози, возачот може да ја види областа зад задниот дел. Дотолку ја активира палаката за индикаторите за правец, може да ја види слепата точка која е нормално странично.
Опремен со напредни технологии и исклучително простран, Combo станува секојдневен партнер за широк спектар на задачи. И благодарение на автоматското активирање на 4×4, електричната помош и зголеменото растојание од подот, Combo Cargo 4×4 без никаков напор се справува при стрмни искачувања, како и со предизвикувачки и нерамен терен. За ЕУРОИМПЕКС. Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили. Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.