„Фајзер“ може да го врати производството на лекови во странство во САД за да избегне увозни тарифи за кои се заканува претседателот Доналд Трамп, изјави извршниот директор на фармацевтскиот гигант, Алберт Бурла. Изјавата на шефот на „Фајзер“ следи по подготовките на производителите на лекови за евентуално воведување американски царини од 25 отсто за увоз на лекови. Компаниите со производствени мрежи во САД ќе поминат подобро ако треба да го префрлат производството во нивната матична земја за да избегнат царини, рече Бурла во понеделникот, пишува Н1 Хрватска.
„Имаме капацитет во САД и производствените локации во моментов работат со добар капацитет. Ако нешто се случи, ќе се обидеме да го ублажиме со преместување на производствените локации во странство на локации овде“, додаде тој. „Фајзер“ има 10 производствени локации и два дистрибутивни центри во САД. Трамп за време на предизборната кампања вети дека ќе го поттикне домашното производство, а пред минатата недела посочи дека може да воведе царина од 25 отсто и за увоз на лекови, потсетува Ројтерс. Во февруари, американскиот претседател се сретна со извршните директори на големите производители на лекови. Меѓу темите на средбата биле и стравувањата на компаниите од увозните давачки.