Претставниците на јеменските Хути најавија дека ќе ги ескалираат своите акции и ќе почнат да гаѓаат израелски цивилни авиони како одговор на израелскиот напад на меѓународниот аеродром во Сана.Извори на Хути за либанскиот весник Ал-Акбар изјавија дека „претстојните операции ќе се разликуваат по обем и суштина од претходните операции“ против Израел и дека милитантната група поддржана од Иран ќе „додаде цивилни авиони кои припаѓаат на израелскиот ентитет на листата на цели“, објави денеска „Тајмс оф Израел“.
Заканата дојде откако израелските воени авиони го бомбардираа меѓународниот аеродром Сана, контролиран од Хутите, претходно оваа недела, по неколкунеделните речиси секојдневни напади со балистички ракети на Хутите врз Израел.Израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека целта израелската армија бил авионот кој е последниот преостанат авион на Хутите, откако шест други авиони беа уништени во претходниот напад.Хутите тогаш тврдеа дека целниот авион се користел за извршување на медицинска евакуација во Јордан.