16.8 C
Скопје
19/05/2024 07:56
МАКТЕЛ

  

     

 

Мегапаркови во ниви и во маалски ќошиња

      

Во киоскот со натпис „чизбургер“, поставен до мегапаркот што го направи скопската градоначалничка Данела Арсовска во Општина Ѓорче Петров, одамна не бил направен и продаден ниеден сендвич. Тој служи како куќарка за неколкутемина чувари што на смени внимаваат на овој парк. Дваесет и четиричасовното обезбедување тука било потребно, ни рече дежурниот чувар, бидејќи локацијата е надвор од населено место и нема струја, што привлекува несакани ноќни посетители и го зголемува ризикот од оштетување на клупите и на зеленилото.
„Навечер светиме со ламби, а се грееме на дрва“, додаде тој, покажувајќи на складираните цепаници до киоскот.

   

Мегапарковите беа едно од клучните ветувања на Арсовска во предизборната кампања во 2021 година, заедно со бесплатниот јавен превоз и новите автобуси. За разлика од превозот, ова ветување се реализира. Но, какви се резултатите од реализацијата?
Посетивме четири од петте ветени паркови, бидејќи последниот не е ниту почнат. Три се веќе во употреба, а четвртиот е во изградба. Еден е опкружен со ниви и со депонии и е надвор од населено место, друг е уредено зеленило меѓу згради, а трет е на траса каде што треба да се гради булевар. Некои имаат многу помала површина од онаа што беше најавена, или помалку елементи од тие што беа ветени на почетокот.

„Следете ги тополите“

 

   

     

Откако ниту сателитската навигација на мобилните телефони не ни помогна да го најдеме мегапаркот во Ѓорче Петров и нè однесе прво во депонија покрај Лепенец, а потоа во слепи улички меѓу куќите во Ново Село, помош побаравме од локален жител.
„Следете ги тополите, паркот е веднаш зад нив“, ни рече тој.
До тополите, пак, се поминуваше низ повеќе ниви и други имоти. Првото нешто што го забележавме на мегапаркот беше паркингот. Просторот за паркирање таму е корисен, со оглед дека паркот се наоѓа среде ниви, со само пет-шест куќи и два-три индустриски објекти во близина, и е на половина километар оддалечен од најблиското населено место, Ново Село.

Логично се наметна прашањето – зошто некој би правел парк овде?
„Мегапаркот во Ѓорче Петров е речиси целосно реализиран, а преостанува поставувањето на урбаната опрема, која е предвидено да биде поставена во следниот период“ изјавија од Град Скопје без да потенцираат кога ќе биде тоа.

Оттаму појаснија дека локацијата на која е изграден мегапаркот во Ѓорче Петров, претходно била дива депонија што предизвикувала значително загадување на просторот и на воздухот во тој дел на градот, па затоа било одлучено токму таму да се спроведе проектот. На северната страна до паркот сè уште има дива депонија, а и реката Лепенец што поминува веднаш покрај него е полна со ѓубре.

Мегапаркот има површина од над 30 илјади квадратни метри. Долг е околу 400 метри, односно за да се стигне од едниот до другиот крај се потребни десетина минути. Местото не изгледа идентично како видеоанимацијата што градоначалничката Арсовска ја објави во 2022 година на својот фејсбук-профил. Таму имаше и фонтани, летниковци и парк за миленици, кои на теренот ги нема. А тоа што најмногу недостасува е електричната инсталација и осветлувањето. Според најавеното соопштение, овој парк чини 1,1 милион евра.

„Микропарк Чаир“

Таблата на која пишува „Мегапарк Чаир“ е главниот показател дека ова парче зеленило меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и зградите е посебен проект, а не обично маалско зеленило. Просторот и порано беше зелен, со големи дрвја, а нови се патеките, неколку видиковци и други елементи. Најпосетен дел од овој парк се лулашките и другите детски реквизити, каде што неколку мајки си играа со децата.

Споредувајќи ги цртежите од промовирањето на паркот и тоа што е реализирано досега, во него недостигаат 23 летниковци, ново детско игралиште, парк за миленици и фонтани. Од Град Скопје велат дека средствата за тоа се обезбедени и дека паркот ќе се доправи во иднина. Оттаму не кажаа колку чини уредувањето на овој простор.
„Мегапаркот во Чаир е во постапка на реализација. До овој момент е завршено поставувањето на зеленилото, а преостанува инсталирањето на урбаната опрема за која обезбедени се средства и план за реализација“, се вели во одговорот од Градот.

Парк врз булеварска траса

Мегапаркот во Аеродром е, всушност, продолжение на т.н. проект „Рајски парк“, кој го направи поранешниот градоначалник Коце Трајановски покрај последната станица на автобуската линија број 5 во Ново Лисиче. Она што е ново во овој простор е обновениот тревник, изградената пешачка патека и поставените летниковци меѓу последна „петка“ и паркот Авионче од околу 800 метри, меѓу булеварот АСНОМ и комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Урбанистичката документација покажува дека дел од ова зеленило и некои елементи се наоѓаат на трасата каде што треба да се направи вториот крак од булеварот АСНОМ, што значи дека ако некогаш почне тој проект, дел од мегапаркот ќе треба да се уништи. Нема конкретен одговор зошто е одлучено така. Од кабинетот на градоначалничката само рекоа дека Рајскиот парк бил делумно оштетен кога се градел колектор и затоа решиле да го обноват зеленилото таму.

Ризично ќоше

Мегапаркот во Кисела Вода, сместен во ќоше меѓу пругата и улицата Есенинова, почна да се уредува во декември 2023 година. Во средината на март 2024, кога го посетивме местото, тоа не изгледаше различно од денот кога свечено беше одбележан почетокот на работите. Освен што овојпат немаше ниту булдожери, ниту работници, само купишта земја и отпадоци. Од најавени 52 илјади квадратни метри, нема ниту две илјади на просторот што се уредува, според пресметките од сателитските снимки. Имотите во продолжение се приватни, а од Град Скопје истакнаа дека се планира тие да се откупат.
„Во овој момент, секторот за уредување ја процесуира експропријацијата“, велат оттаму за БИРН.

Улицата Есенинова беше доградена во 2021 година за да ги поврзе населбите Кисела Вода и Пролет. Со тоа, сообраќајот на неа драстично се зголеми. Една жителка на населбата вели дека е чудно што токму тоа место е избрано за парк.
„Никако да не се постават реквизити за деца на ова место. Опасно е тие да трчаат тука, кога има улица и пруга веднаш до паркот“, ни рече таа.

Најавите се дека уредувањето на овој парк ќе заврши  до крајот на годината и тој ќе чини 486 илјади евра. Изградбата на последниот парк во Карпош ќе почне во текот на оваа година, а според информациите што ги добивме од градот, тој ќе чини нешто помалку од милион евра.

 

    

Најново

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski

Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви

Sase Ivanovski

Судир на два воза во Белград

Sase Ivanovski

Членовите на ДИК се жалат на притисоци, стравуваат за својата сигурност

Sase Ivanovski

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да биде власт, ќе го замениме СДСМ во левиот блок

Sase Ivanovski

Денеска е меѓународен ден против хомофобија, бифобија и трансфобија

Sase Ivanovski

Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

Sase Ivanovski

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Sase Ivanovski
Вчитувам....