12.8 C
Скопје
03/05/2024 22:55
МАКТЕЛ

  

     

 

(Видео) Спасовски на Министерската Конференција на Меѓународната организација за миграции: Заедно со меѓународните партнери ги јакнеме националните системи за управување со границите и миграцијата

      

Денеска, (15.11.2022), во Хотел Лимак започна дводневната Министерската Конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во соорганизација на МВР со Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), а на која присуствуваат министри за внатрешни работи од регионот. Со свои обраќање учествуваат министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак, Генерален директор на ИОМ, Антонио Виторино, а свое видео обраќање имаа и Прв заменик премиер и Министер за внатрешни работи на Чешка Република, Вит Ракушан, како и Европскиот комесар за добрососедство, Оливер Вархеји.Министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање, во свое и во име на МВР посака добредојде во Република Северна Македонија на високите гости, колеги министри со кои овие два дена ќе учествуваат на Министерската конференција заеднички организирана со Меѓународната мисија за миграции (ИОМ), а во рамки на Чешкото претседавање со Советот на Европската унија.„Важноста која МВР ја придава на меѓународната соработка и на стратешко и на оперативно ниво во менаџирањето на миграциските текови, е дотолку поголема бидејќи има повеќе проекти кои се реализираат во МВР, токму со поддршка или во соработка со ИОМ, со агенциите на Обединетите нации, и со други партнери кои имаат за цел да придонесат кон подобро владеење со миграцијата, зајакнати национални системи за управување со миграции и реадмисија, ефикасно управување со границите и справување со прекуграничните безбедносни ризици”, истакна министерот Спасовски во поздравното обраќање пред присутните.Во продолжение интегрално обраќање на министерот Спасовски:

   

Почитуван Прв Заменик Премиер и Министер за внатрешни работи на Чешката Република,Почитуван Генерален Директор на Меѓународната организација за миграции,Почитуван Комесар за добрососедство и проширување,Почитуван координатор на Обединетите нации во Северна Македонија,Почитувани колеги,Почитувани Заменици министри и шефови на делегации,Дами и господа,Дозволете ми да ве поздравам во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, а воедно и да ви посакам добредојде во Република Северна Македонија и на оваа конференција заеднички организирана со Меѓународната мисија за миграции, а во рамки на Чешкото претседавање со Советот на Европската унија. Ми претставува чест да ви се обратам како домаќин на овој настан, но и да ви се заблагодарам за вашето присуство, учество и посветеност на меѓународната соработка во областа на менаџирањето на миграциските текови во регионот и надвор од него.Многу пати досега е истакнато дека менаџирањето на миграцијата е комплексен безбедносен предизвик, со кој се соочуваме и како држава и како регион во целина, бидејќи Балканскиот полуостров е дел од природниот коридор и крстосница на мигрантските рути и под-рути кои водат од Азија и Африка кон Централна и Западна Европа.Верувам ќе се сложите со мене дека нелегалните миграции се секојдневна тема на дискусија и дејствување на полициските служби во нашиот регион и во Европа, каде притисокот и транзитот на нелегалната миграција преку западно – балканската рута и во 2022 година останува висок, а криминалниот пазар со криумчарење мигранти поради побарувачката за криминални услуги и понатаму е привлечен и профитабилен за криминалните групи.  И низ т.н. Балканска рута, регистрираме мрежи на организирани криминални групи кои ги користат сите можности за да се стекнат со големи суми на пари заработени на криминален начин.Секако актуелните воени и политичко безбедносни кризи на Блискиот и Средниот исток, неповолната економска и социјална состојба во матичните земји влијаат за влез и транзит на нелегални мигранти низ нашата земја. Од друга страна, годинава го имаме и развојот на украинската криза која долгорочно ќе влијае на геополитичката стабилност и одржувањето на безбедноста во светски рамки.На нашата јужна граница веќе седум години споделуваме искуство на заедничко работење со странски полициски службеници преку континуираното имплементирање на меѓународната заедничка операција со помош на ИОМ во која учествуваат колеги од осум европски земји, од кои седум се членки на Европската Унија со максимален број од 160 распоредени странски полициски службеници.Потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија што со гордост го промовираме во последниов месец и на меѓународно и на национално ниво за нас има повеќе значења. Пред се, по ратификација на Договорот, со цел обединување на силите и зајакната координација, се отвора можноста за распоредување на персонал на Фронтекс на наша територија. Со тоа дополнително ќе бидат регулирани и прецизирани политиките и практиките за заштита на границите, што, пак, ќе придонесе за јакнење на капацитетите за контрола на миграциите, особено на нелегалните. Истото несомнено ќе доведе до одржливи и трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани и граѓаните на Унијата.Дозволете, воедно накратко да ја истакнам важноста која Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја придава на меѓународната соработка и на стратешко и на оперативно ниво во менаџирањето на миграциските текови. Во оваа насока, би рекол и дека има повеќе проекти кои се реализираат во Министерството, токму со поддршка или во соработка со ИОМ, со агенциите на Обединетите нации, и со други партнери кои имаат за цел да придонесат кон подобро владеење со миграцијата, зајакнати национални системи за управување со миграции и реадмисија, ефикасно управување со границите и справување со прекуграничните безбедносни ризици.Почитувани,Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи со својот проактивен и отворен пристап, остануваат да бидат активен и кредибилен партнер во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси. Во делот на миграцијата, главен приоритет на МВР е одржување и продлабочување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, како и со агенциите на ЕУ, ОН и други релевантни меѓународни организации.Уште еднаш би сакал да потенцирам дека мораме да продолжиме како одговорни институции да го градиме капацитетот за одржливо управување со миграциите. Мораме да вложуваме во дополнителна обука на органите за спроведување на законот, да продолжиме да инвестираме во материјално-техничките средства, особено во информациските технологии кои може значително да помогнат во одговорот во оваа област.

 

   

     

Клучна активност на нашиот пат натаму во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на информации, која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа и напредокот во европските интеграции уште побрз.Наместо заклучок, би сакал да ја изразам мојата благодарност до Меѓународната организација за миграции за нивната досегашна поддршка на Министерството за внатрешни работи, како и за организирањето на оваа конференција. Искрена благодарност упатувам и до Министерството за внатрешни работи на Чешката Република за нивната несебична и континуирана поддршка во справувањето со миграциите од самиот почеток на миграциската криза до денес.На самиот крај, дозволете ми уште еднаш да ви посакам добредојде во Скопје и да посакам успешна и конструктивна дискусија и натамошна соработка.

    

Најново

Ахмети: Касами на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Sase Ivanovski

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

Sase Ivanovski

Ковачевски: Да испратиме јасна порака дека во Македонија има прогресивни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца

Sase Ivanovski

Лукаревска од Кочани: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат, нема ниту една добра причина за да се откажеме од добра иднина

Sase Ivanovski

Лукаревска: Ако биде сопрен патот кон ЕУ, најголем губитник ќе биде државата

Sase Ivanovski

Камерон во Киев преговара за „стогодишно партнерство“ со Украина

Sase Ivanovski

ПРОРУСКИОТ ПРЕМИЕР НА ГРУЗИЈА ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ПРАВАТ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО ГРУЗИЈА ЗА СОБОРУВАЊЕ НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери, Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава, Претрес во Битола, приведен дилер

Sase Ivanovski

100 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Премиерот Џафери на отворањето на Националната установа Музички ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово: Северна Македонија, европска земја со европски вредности и стандарди за сите граѓани

Sase Ivanovski

ДОБРИЛА АНДОНОВСКА ОД ГРОМ: Предлагаме да пакетот за социјална помош биде загарантирани 18.000 денари, тоа ни е во однос на труд и социјала и повторно да ги спомнам тука изградба на старски домови и геријатриски центри во сите градови коишто ќе бидат во склоп на постоечките болници кои имаат испразнети капацитети

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ЌЕ ГРАДАТ НОВ СТАДИОН ВО БЕЛГРАД, ЌЕ СЕ ВИКА НАЦИОНАЛЕН СТАДИОН, ВУЧИЌ ВЕТУВА ДЕКА НА НЕГО ВО 2028МА ЌЕ СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО НА ЛИГА ЕВРОПА

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Господ нека ни е на помош ако професорката стане Претседател. Секој чест за нејзината кариера како професор, но изгледа ќе го бараме Хорхе после некој месец

Sase Ivanovski

УТРЕВЕЧЕР ПОЛОВИНА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО Еве каде ќе се празнува Велигден, автомобилите оставете ги дома

Sase Ivanovski

НЕВООБИЧАЕНА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Куче паднало во шахта и изгризало кабли за интернет на поликлиника, еве како е решен случајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ГРУЗИЈЦИТЕ ГИ ЈАДЕ НЕКОЕ РЕБРО, САКААТ РУСКИ БОМБИ ДА ИМ ЛЕТААТ ВРЗ ГЛАВА

Sase Ivanovski

Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата против поранешен директор на ЈП Пазари Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: ВО ВИЛАТА ВОДНО НЕМА МИР И СПОКОЈ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ОД САБАЈЛЕ ДО ВЕЧЕР САМО СОСТАНОЦИ И НОСЕЊЕ ОДЛУКИ

Sase Ivanovski

„МАКЕДОНИЈА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ 107 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија

Sase Ivanovski

„Репортери без граници“: Македонија со скок од две места во најновиот извештај за слободата на медиумите

Sase Ivanovski

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП Две лица загинаа, а едно со потешки повреди е пренесено во болница

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владини функционери се обидувале да поткупуваат граѓани и во верски објект

Sase Ivanovski

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДАТА ДОБИВА КАНДИДАТОТ НА ПАРТИЈАТА (ПАРТИИТЕ) КОЈА ИМА МНОЗИНСТВО

Sase Ivanovski

Николоски: Зошто Груби толку силно притискаше за Законот за игри на среќа?

Sase Ivanovski

Руските сили влегоа во база со американски војници во Нигер

Sase Ivanovski

Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети му вети поддршка на Пендаровски, но организира бојкот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХИСТЕРИЈАТА ЗА ПРОМАЈАТА СМЕ ЈА НАСЛЕДИЛЕ ОД СТАРИТЕ РИМЈАНИ

Sase Ivanovski

Петковски: ВМРО и ДУИ се велемајстори за национализам, мислам ќе направат влада

Sase Ivanovski

БРАВО СДСМ И ДУИ, ЗА ОВА ЗАСЛУЖУВАТЕ ГОЛЕМО БРАВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗБОРНИОТ СПОТ НА ТВОЈА ПАРТИЈА Е КАКО ПРИКАЗНА НА ДИЗНИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС

Sase Ivanovski

Меџити до Османи: Не се грижи, идната влада ќе биде стабилна без ДУИ и Левица!

Sase Ivanovski

Црвенковски одлучи да се затвори дома и да пати, вели Петковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Спикерското место во Парламентот е моќна позиција, не за џабе Груевски не го даде

Sase Ivanovski

Штип одбележа 23 години од загинувањето на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Sase Ivanovski

Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите, Северна Македонија прворангирана од земјите во регионот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Sase Ivanovski

Македонија е најдобро рангирана во регионот според Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

3 мај светски ден на медиумите

Sase Ivanovski

Повторно отворен мостот “Беласица”

Sase Ivanovski

ПОПУЛИЗМОТ Е КАНЦЕР ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ДРЖАВИ – Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Sase Ivanovski

Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив

Sase Ivanovski

Едно лице се тепало со четворица, пресметка во прилепско

Sase Ivanovski

Поради сообраќајна несреќа: Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

СРБИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ ЗАПУКАА ЖЕСТОКО

Sase Ivanovski

Мисајловски: Нова детска градинка и амбуланта во Бутел!

Sase Ivanovski

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Sase Ivanovski

Пронајдете го вашиот нов дом во некој од новите објекти на Golden Art

Sase Ivanovski

МАТРИКСОТ ВЕЌЕ ПОСТОИ, ЗАСЕГА САМО ВО ХОНГ КОНГ

Sase Ivanovski

Гардероби во Сити мол. Ни Европски пат со СДСМ ни Твоја Македонија со ВМРО. Ние другари мои сме ептен згрешени во главите

Sase Ivanovski

ЛЕГЕНДАРНО ФОТО: Пред 20 години, Металика одржале концерт во затворот Сен Квентин

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: На велики Петок во црквата Св. Јован во Бутел. Најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите

Sase Ivanovski

ЃОРЃИ СПАСОВ: Силјановска е македонскиот Среќко Шоиќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Празниците се само потсетник дека секој ден треба да бидеме солидарни и да им помагаме на нашите социјално загрозени сограѓани.

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН КОНЦЕПТ, ЗОШТО ДА НЕ?

Sase Ivanovski

Стојаноска: Мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да и го зададеме последниот удар на оваа криминална власт

Sase Ivanovski

Димитриевски во „Аргумент плус“ потенцира – ЗНАМ ќе се води од националните и државни интереси во  идните коалиции за влада на Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека ако остане СДСМ на власт, во март 2025 минималната плата ќе биде 30 илјади денари

Sase Ivanovski

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Sase Ivanovski

Мицкоски во Тетово: Подеднакво ќе работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри

Sase Ivanovski

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

Sase Ivanovski

Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

Sase Ivanovski

Странските агенции за новата влада на Србија: Враќање на проруските политичари

Sase Ivanovski

Бакојани: Сите беа свесни за моите посебни врски со српскиот народ

Sase Ivanovski

НАТО: Загрижени сме поради хибридните напади од Русија

Sase Ivanovski

Турција ги прекина сите трговски односи со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО) Камион без возач се преврте над толпата деца во Киргистан

Sase Ivanovski

Насилни протести во Лондон против преместувањето на барателите на азил, уапсени 45 лица

Sase Ivanovski

Станбена криза во Холандија: паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

Sase Ivanovski

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Sase Ivanovski

Европски фронт: Завршниот митинг ќе се одржи на 5 мај на плоштадот во Тетово

Sase Ivanovski

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Sase Ivanovski

Најголем дел од новинарите во земјава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната

Sase Ivanovski

Операција „Пандора“ на Европол: Затворени 12 кол- центри за телефонски измами

Sase Ivanovski

Родители се испотепале поради недоразбирање на нивните деца

Sase Ivanovski

Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира

Sase Ivanovski

Нема да ги отстранувам таблите Северна Македонија, но ќе го употребувам само Македонија, истакна Силјановска

Sase Ivanovski
Вчитувам....