„Откако не бевме примени на средба во Град Скопје, по извесно време ги отстранивме автобусите од „Илинденска”. Ако нема некој договор во меѓувреме овие два дена, од понеделник почнувајќи од шест часот наутро ќе има повторно блокади.
Тие ќе бидат кај крстосниците пред Т.Ц. Мавровка, кај Црвен Крст, и, како што кажа, ќе биде блокиран и целиот дел пред градското Собрание на „Илинденска”, истакна Јовановски.
Од друга страна, од Град Скопје најавија дека од следната недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.Арсовска овие денови не се појавува во јавноста, но последно што им порача е дека нема да дозволи никој да ја уценува.Препукувањата на релација Јовановски и Арсовска во одреден момент преминаа и на лична основа.