12.8 C
Скопје
03/05/2024 21:50
МАКТЕЛ

  

     

 

22 ПРОДАВНИЦИ ВО 10 ГРАДОВИ – 10 ГОДИНИ ДМ МАРКЕТИ ВО ЗЕМЈАВА: Компанија ќе засади 27.000 нови стебла, односно нови 10 хектари зелена површина

      

Компанијата dm дрогерие маркт во изминатата деловна 2021/22 година во Република Северна Македонија оствари промет од 1,79 милијарди денари, со што забележа раст од 27,7% во однос на претходната година. Со ова компанијата ја одбележа јубилејната десетта година работење на македонскиот пазар, со зголемување на фреквенцијата на своите купувачи за 24,5%. Компанијата го прослави јубилејот и со рекордна сума на општествено одговорни донации од повеќе од 5,3 милиони денари, со што уште еднаш го зацврсти и потврди постоечкиот углед на општествено одговорна компанија.

   

Компанијата, во својата јубилејна десетта година на пазарот, со отворање на две нови дрогерии во Скопје и во Струга ја прошири својата продажна мрежа на 22 дрогерии во 10 градови.

 

Со цел да им овозможи на своите купувачи уште попријатно искуство во пазарувањето, компанијата инвестираше и во модернизација на неколку постоечки продажни објекти. Повеќе од 70 милиони денари беа инвестирани во отворање нови и реновирање на продажни објекти.

   

     

На ниво на целата dm групација во сите 14 земји (Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија) dm оствари раст на прометот од 10,7% во однос на претходната година, односно вкупен промет од 13,581 милијарди евра, ја прошири продажната мрежа на 3.945 дрогерии, а бројот на вработените во целиот концерн надмина 71.620.

„Во изминатата деловна година остваривме промет од 1,79 милијарди денари со раст од 27,7% во однос на претходната година, што е потврда за нашиот успех, но и за нашата посветеност кон заедница и нашите купувачи. dm е дел од најуспешните компании на македонскиот пазар, а во прилог на тоа говори и извонредниот двоцифрен раст кој го остваруваме деветта година во континуитет. Како компанија чија централна вредност е човекот и оваа година се обидовме да ја оправдаме довербата на нашите купувачи, но и да се грижиме и да ги развиваме нашите најважни ресурси – нашите вработени. Продолжуваме заедно да растеме и напредуваме, подготвувајќи се за нови предизвици и проекти во годината што претстои. Ќе продолжиме да го надминуваме она што бевме вчера за да бидеме пример за добра практика за другите, притоа создавајќи поповолна социјална и деловна клима“, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm Северна Македонија и Србија.

Најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар

Во нашата земја, години наназад dm е препознаен како приоритетен ланец за снабдување, со комплетна понуда на повеќе од 14.500 производи. Во прв ред тука спаѓаат прехранбените намирници, сертифицираната органска храна, пред сѐ од dm марката – dmBio, што го прави dm најголем понудувач на сертифицирана органска храна на македонскиот пазар. Кон ова се придодаваат и производите наменети за купувачите со специфични диететски потреби. Покрај тоа, dm нуди бројни други производи во рамките на својот асортиман за нега и исхрана на бебиња, како и производи за дезинфекција и хигиена во домот, нега и убавина, природна козметика, додатоци во исхрана, храна за домашни миленици и др.

Со понуда на повеќе од 4.700 производи, dm е и најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар. Висококвалитетните, но и ценовно достапни dm марки, како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, и многу други, гарантираат идентичен квалитет на производите во сите 14 земји каде dm е присутен на пазарот.

Лидери во одговорното работење

Во јубилејната десетта година од деловното работење во Северна Македонија, dm дрогерие маркт реализираше голем број проекти насочени кон обезбедување поддршка на општествената заедница, на кои компанијата е особено горда. Постигнувајќи успешни деловни резултати, компанијата се стреми постојано да инвестира во заедницата во која работи, а во изминатата деловна година преку различни хуманитарни проекти донираше повеќе од 5,3 милиони денари.

Деловната 2021/22 во знакот на одржливиот развој

Одговорниот ангажман кон заедницата во изминатата деловна година беше крунисан со лансирањето на новиот еколошки проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во чии рамки компанијата, во соработка со своите институционални партнери, ќе засади 27.000 нови стебла, односно нови 10 хектари зелена површина. Со спроведување на овој еколошки проект, dm има за цел да ја едуцира јавноста и да ја подигне свеста за значењето на шумите како еден од најважните фактори за заштита на животната средина. Овој проект планирано е да прерасне во своевидна традиција со која ќе се збогатува зеленилото во нашата земја од година во година. Само во рамките на овој проект, dm дрогерие маркт донираше повеќе од 1 милион денари во  набавка на садници и модернизација на опремата на Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Покрај ова, дрогерискиот ланец континуирано промовира одржливи стандарди и негува зелени навики, како преку различни проекти, така и преку асортиманската понуда на бројни еколошки алтернативи, производи базирани на поеколошки состојки и рециклирани материјали, како и сеопфатен асортиман на природна козметика.  Компанијата континуирано ги промовира зелените стандарди и преку едукација на своите вработени и купувачи кога е во прашање пазарувањето на рециклирани производи, дополнски пакувања, рециклирање на пластичните пакувања, употреба на трајни торби со гаранција за цел живот како алтернатива на пластичните кеси и многу други аспекти од одржливото пазарување. Како дел од оваа заложба, оваа година за првпат се одржа и т.н. „Недела на одржливост“, преку која вработените на dm имаа можност да ги запознаат сите аспекти и сегменти на одржливото работење на компанијата, како локални, така и на ниво на dm групацијата.

Уметноста како инспирација во работните потфати

Деловната 2021/2022 година на компанијата dm помина во различни настани и акции кои во преден план ја ставија кампањата „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“. Како дел од кампањата инспирирана од уметноста, најголемиот дрогериски ланец dm ги обои своите излози и градските ѕидови низ цела Европа, истовремено поддржувајќи ја работата на локалните уметници. Благодарение на оваа иницијатива, градот Скопје доби нов мурал од dm, кој се наоѓа на улицата Максим Горки, а излогот на дрогеријата на dm на центарот на градот на улица Даме Груев бр. 7 беше исцртан со истите инспиративни мотиви, преку кои компанијата сака да ја поттикне инспирацијата кај сите граѓани на главниот град и пошироко.

Одговорен работодавач

dm ја задржува улогата на посакуван работодавач и во изминатата деловна година. Личниот и професионален развој, четиринаесетте атрактивни плати во текот на годината, проширените здравствени систематски прегледи за вработените, бесплатни курсеви по германски јазик, како и редовните обуки и семинари кои компанијата ги нуди во текот на целата година, се само потврда за инвестициите кои компанијата ги реализира во своите вработени во текот на годината.

Во изминатата јубилејна десетта година, како посебен знак на благодарност кон своите вработени, компанијата исплати дополнителна 15. плата во пропорционална висина на индивидуалниот работен стаж во компанијата.

Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување, како и ваучери за приватни здравствени прегледи.

Изминатата година, вработени од компанијата за прв пат учествуваа во концернското образование „dm Академија“ одржано во Хрватска, со што македонскиот пазар ги доби првите сертифицирани дрогеристи, со што dm одново докажа дека професионалниот развој на своите вработени и професионалното советување на своите купувачи е високо на листата на приоритети на компанијата.

Уште еден доказ за важноста на вработените за компанијата е и анкетата за вработени која се спроведува на ниво на dm групацијата на секои четири години. Токму оваа година, dm во Северна Македонија по втор пат ја спроведе оваа анкета, на која повеќе од 95% од вработените одговориле дека својата работа во dm ја доживуваат како значајна и придонесуваат кон успехот на компанијата, а дури 94% одговориле дека во dm гледаат многу добар работодавач.

Како дел од заложбата за унапредување на процесот на личен и професионален развој, компанијата разви своја дигитална платформа „dm-Lernwelt – Свет на учење“ преку која секој вработен може да се информира за актуелните теми, да посетува online курсеви и обуки.

Принципот „Човекот во центарот на работењето“ останува главната водилка на dm во своето делување

„Човекот во центарот на сите активности“ е принцип кој е длабоко вткаен во темелите на dm drogerie markt уште од неговото основање и доследно се применува до денес, на ниво на целата dm групација која има повеќе од 71.620 вработени. На целиот меѓународен пазар, dm ги применува истите вредности – без разлика дали се работи за вработени, купувачи или партнери, секогаш водени од фактот дека економијата е „алатка во рацете на човекот“, а не обратно.

ПР објава

    

Најново

„МАКЕДОНИЈА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ 107 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија

Sase Ivanovski

„Репортери без граници“: Македонија со скок од две места во најновиот извештај за слободата на медиумите

Sase Ivanovski

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП Две лица загинаа, а едно со потешки повреди е пренесено во болница

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владини функционери се обидувале да поткупуваат граѓани и во верски објект

Sase Ivanovski

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДАТА ДОБИВА КАНДИДАТОТ НА ПАРТИЈАТА (ПАРТИИТЕ) КОЈА ИМА МНОЗИНСТВО

Sase Ivanovski

Николоски: Зошто Груби толку силно притискаше за Законот за игри на среќа?

Sase Ivanovski

Руските сили влегоа во база со американски војници во Нигер

Sase Ivanovski

Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети му вети поддршка на Пендаровски, но организира бојкот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХИСТЕРИЈАТА ЗА ПРОМАЈАТА СМЕ ЈА НАСЛЕДИЛЕ ОД СТАРИТЕ РИМЈАНИ

Sase Ivanovski

Петковски: ВМРО и ДУИ се велемајстори за национализам, мислам ќе направат влада

Sase Ivanovski

БРАВО СДСМ И ДУИ, ЗА ОВА ЗАСЛУЖУВАТЕ ГОЛЕМО БРАВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗБОРНИОТ СПОТ НА ТВОЈА ПАРТИЈА Е КАКО ПРИКАЗНА НА ДИЗНИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС

Sase Ivanovski

Меџити до Османи: Не се грижи, идната влада ќе биде стабилна без ДУИ и Левица!

Sase Ivanovski

Црвенковски одлучи да се затвори дома и да пати, вели Петковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Спикерското место во Парламентот е моќна позиција, не за џабе Груевски не го даде

Sase Ivanovski

Штип одбележа 23 години од загинувањето на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Sase Ivanovski

Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите, Северна Македонија прворангирана од земјите во регионот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Sase Ivanovski

Македонија е најдобро рангирана во регионот според Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

3 мај светски ден на медиумите

Sase Ivanovski

Повторно отворен мостот “Беласица”

Sase Ivanovski

ПОПУЛИЗМОТ Е КАНЦЕР ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ДРЖАВИ – Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Sase Ivanovski

Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив

Sase Ivanovski

Едно лице се тепало со четворица, пресметка во прилепско

Sase Ivanovski

Поради сообраќајна несреќа: Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

СРБИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ ЗАПУКАА ЖЕСТОКО

Sase Ivanovski

Мисајловски: Нова детска градинка и амбуланта во Бутел!

Sase Ivanovski

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Sase Ivanovski

Пронајдете го вашиот нов дом во некој од новите објекти на Golden Art

Sase Ivanovski

МАТРИКСОТ ВЕЌЕ ПОСТОИ, ЗАСЕГА САМО ВО ХОНГ КОНГ

Sase Ivanovski

Гардероби во Сити мол. Ни Европски пат со СДСМ ни Твоја Македонија со ВМРО. Ние другари мои сме ептен згрешени во главите

Sase Ivanovski

ЛЕГЕНДАРНО ФОТО: Пред 20 години, Металика одржале концерт во затворот Сен Квентин

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: На велики Петок во црквата Св. Јован во Бутел. Најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите

Sase Ivanovski

ЃОРЃИ СПАСОВ: Силјановска е македонскиот Среќко Шоиќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Празниците се само потсетник дека секој ден треба да бидеме солидарни и да им помагаме на нашите социјално загрозени сограѓани.

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН КОНЦЕПТ, ЗОШТО ДА НЕ?

Sase Ivanovski

Стојаноска: Мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да и го зададеме последниот удар на оваа криминална власт

Sase Ivanovski

Димитриевски во „Аргумент плус“ потенцира – ЗНАМ ќе се води од националните и државни интереси во  идните коалиции за влада на Македонија

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека ако остане СДСМ на власт, во март 2025 минималната плата ќе биде 30 илјади денари

Sase Ivanovski

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Sase Ivanovski

Мицкоски во Тетово: Подеднакво ќе работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри

Sase Ivanovski

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

Sase Ivanovski

Стојаноска: Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството

Sase Ivanovski

Странските агенции за новата влада на Србија: Враќање на проруските политичари

Sase Ivanovski

Бакојани: Сите беа свесни за моите посебни врски со српскиот народ

Sase Ivanovski

НАТО: Загрижени сме поради хибридните напади од Русија

Sase Ivanovski

Турција ги прекина сите трговски односи со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО) Камион без возач се преврте над толпата деца во Киргистан

Sase Ivanovski

Насилни протести во Лондон против преместувањето на барателите на азил, уапсени 45 лица

Sase Ivanovski

Станбена криза во Холандија: паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

Sase Ivanovski

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Sase Ivanovski

Европски фронт: Завршниот митинг ќе се одржи на 5 мај на плоштадот во Тетово

Sase Ivanovski

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Sase Ivanovski

Најголем дел од новинарите во земјава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната

Sase Ivanovski

Операција „Пандора“ на Европол: Затворени 12 кол- центри за телефонски измами

Sase Ivanovski

Родители се испотепале поради недоразбирање на нивните деца

Sase Ivanovski

Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира

Sase Ivanovski

Нема да ги отстранувам таблите Северна Македонија, но ќе го употребувам само Македонија, истакна Силјановска

Sase Ivanovski

Држава со посебни потреби!

Sase Ivanovski

Пендаровски не ја извисил Силјановска. МТВ го поканила, но од неговиот тим им одговориле дека понудените термини не им одговараат

Sase Ivanovski

Тренчевска: Не ја казнувајте државата заради тоа што одредени функционери грешеа, зад нас имаме сериони резултати

Sase Ivanovski

Одлучено е да се вратат старите цени на осигурителните полиси при регистрација на возила

Sase Ivanovski

Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус

Sase Ivanovski

Џабир Дерала добитник на германската награда – Солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година

Sase Ivanovski

САД соопштија дека случајно убиле цивил за време на напад со дрон во Сирија

Sase Ivanovski

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Нина Шерифовска од Малиќи Груп со препорака за развој на женско претприемништво

Sase Ivanovski

Гоце Цветановски: Продадов стан за да го направам првиот наш долгометражен цртан филм

Sase Ivanovski

ЗА ЕДНА ГОДИНА “СЕ РАЃААТ” ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

Sase Ivanovski

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

Sase Ivanovski

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

Sase Ivanovski

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СИЛЕН НАПАД ВРЗ ОДЕСА Ракетите пристигнаа веднаш штом Украина доби нова муниција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: „НАЈГОЛЕМИ ДЕМОНСТРАЦИИ ОД ВИЕТНАМ ПА НАВАМУ“ Бројот на уапсени студенти во САД надмина 300

Sase Ivanovski
Вчитувам....