Приведен крадец во Куманово, следува соодветна пријава На 23.11.2022 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово. Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Приведен криминалец баран со потерница Денеска (24.11.2022) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(31) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 14 месеци за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување девет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.