Гостите што за својот викенд – избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја посетат „Винодонија” ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија, најавуваат организаторите. И уште еден адут на „Винодонија” кој ќе се одржува во х. Мариот, е настапот на џез бендот на домашниот реномиран музичар Георги Шаревски.