Како што истакна министерот, иако односите меѓу Кина и САД генерално се стабилизираа, негативните фактори сè уште се присутни.„Светот гледа дали Пекинг и Вашингтон ќе работат заедно за да ги решат глобалните проблеми или ќе влезат во конфликт во кој двете страни ќе изгубат“, додаде тој.Блинкен е во посета на Кина од 24 април, а веќе го посети Шангај, каде што се сретна со секретарот на локалниот партиски комитет Чен Џининг, бизнис претставници и студенти.Американскиот државен секретар вчера пристигна во Пекинг на разговори со Ванг Ји. Се уште не е објавено дали кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го прими американскиот државен секретар.