Во земјава лидери на партии кои имаат видео емисии на интернет со публика од 10 000 прегледи шират отворена омраза против владиката Партениј затоа што бил со бугарско етничко потекло?!?! Прашање на време е кога владиката ќе биде линчуван од некој фанатик во Бигорски манастир?! Се оцрнуваат цели народи на пример влашкиот народ кој е означен како закана за државата и за македонскиот народ?! Прашање на време е кога некој Влав ќе биде нападнат поради ваквите емисии на интернет?! Деновиве портали па и разни инфлуенсери шират омраза кон Бугарите и го оправдуваат претепувањето на Бугаринот во Охрид па и се бунат зошто Пендаровски го осудил претепувањето на човекот кој беше нападнат?!
Зошто Весна Бендевска од комисијата за анти дискриминација молчи и спие?! Зошто ОЈО спие?! Нели во кривичниот законик е забрането ширење верска расна и етничка омраза?!?! Зошто не го спроведуваат законот?! Зошто чекаат омразата да кулминира и некој да загине?! Ќе спијат ли потоа мирно затоа што не превенирале црно сценарио по кое ќе има мајки во црно и прекинати дипломатски односи со Бугарија и блокирана ЕУ иднина на државата?! Зошто земаат плата овие луѓе?!