За односите нашата земја, Анагностопулу упати критики до Владата дека доцни цели пет години со ратификацијата на трите меморандуми, дека не е одржан Висок совет на соработка што треба да се одржува еднаш годишно, дека нема напредок во работата на комисиите за учебниците и за трговските ознаки, но и дека нема нови билатерални договори.
„Ние го изразуваме континуитетот на државата. Целосно го прифаќаме Договорот од Преспа. Не можеше да биде поинаку, бидејќи претставува уставна обврска, но од друга страна, ние ќе продолжиме тесно да го следиме развојот и усогласувањето. Бидејќи за да може да има разврска, да се ратификуваат протоколите и да постои кој било предвиден напредок во однос на секундарни протоколи или меморандуми, ќе треба да постои договор на двете страни и ќе треба да постои целосно усогласување со одредбите на Договорот од Преспа“, рече Герапетритис.За трите меморандуми, кои сè уште не се ратификувани во Парламентот, уште еднаш повтори дека ќе дојдат за ратификација „кога тоа ќе го оцени Владата“ и додаде дека треба да се укаже дека „мора да постои верно придржување и од страна на соседната земја“.