ЕСМ потсетува дека Одлуката на Владата беше донесена за да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и одведување и пречистување на води, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата.Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата рече дека ги вложуваат сите напори, по задолженија од Владата, да ги менаџираат и кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија. По задолжение до Владата, АД ЕСМ го презеде парното греење во Скопје, дополнителното снабдување со електрична енергија, 100 проценти испорака на електрична енергија кон ЕВН Хоум, наместо 60 проценти како што е по законот, покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и на МЕПСО и работење на ТЕЦ Неготино.