19.8 C
Скопје
26/04/2024 20:16
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Продолжувањето по европскиот пат е приоритет за сите, калкулации за иднината не треба да има

      

„Време е да почнеме нова приказна во која Северна Македонија станува европска земја, земја со закон, ред, систем, иднина, подобар живот за сите, за тоа ни е потребен за национално единство за Европската Унија“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба во Собранието.

На прес-конференцијата, премиерот Ковачевски информираше дека лидерската средба на присутните претседатели на парламентарните партии, им се предадени предлог заклучоци коишто се однесуваат на исполнување и поддршка на стратешките цели и евроинтеграцискиот процес од страна на парламентарните партии, како и на обврските на Владата во преговарачкиот процес за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски.

   

„Со претседателите на парламентарните политички партии денес разговаравме за државните стратешки цели, за приоритетите и за следните чекори и одлуки кои нѐ очекуваат во наредниот период, а се однесуваат на нашата европска иднина. Воедно, ги запознав претседателите на парламентарните партии детално со состојбите врзани со енергетската криза и навремените мерки кои ги преземаме за справување со истата, економската криза и поддршката за граѓаните и компаниите која е овозможена и со последниот ребаланс но и со новиот Буџет за 2023 година.

 

Разговаравме и за владеењето на правото, борбата со криминал и корупција, но и за блокираните закони во Собранието од кои зависи нашиот перформанс како држава, а кое беше нотирано како слаба страна и во извештајот на ЕК. Би сакал да ве информирам дека дискусијата беше отворена и сметам дека и така треба да продолжи и во иднина.

   

     

Почитувани граѓани,

Денес сме тука затоа што полноправното членство во Европската Унија е една од нашите стратешки цели која македонското Собрание ја зацрта како цел и ја потврди конкретно во 2001 година со усвојувањето на Законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со што започнаа формалните односи со ЕУ. Денес, сме тука, затоа што конечно, после цели 17 години, гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ.

Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме. Во последниве пет години направивме многу крупни чекори и успеавме да се докажеме како достоен НАТО сојузник и како достоен ЕУ партнер.

Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време на француското претседателство. Свесни за сите негови предности и слабости го препознавме како можност за деблокирање на процесот и придвижување напред. И самите бевте сведоци, го усвоивме во Собранието во атмосфера на тешка седница, тензии и недоверба.

Собранието тогаш донесе заклучоци со кои се гарантираше дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и веднаш ќе започне скринингот, заклучоци со кои целосно и континуирано се гарантираат нашиот јазик и идентитет, се гарантира дека историските прашања се надвор од преговарачката рамка и дека Бугарија на дело ќе покаже дека не се противи на употребата на македонски јазик во ЕУ.

И денес, гледаме дека сето ова е вистина и реалност. И ЕУ и ние досега ги исполнивме сите ветувања. На 19 јули беше одржана првата меѓувладина седница со која отпочнаа преговорите.
На 15 септември започна скринингот.
На 26 октомври беше потпишан Договорот со ФРОНТЕКС со формулација македонски јазик без никакви додавки, ѕвездички и фусноти.

Тоа се три датуми кои ќе останат запишани во македонската историја како денови кога ние добивме целосна потврда за нашите заложби за европска иднина и кога сите ние добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици во Европа.
Фронтекс договорот е првиот и единствен договор кој е одобрен од сите 27 земји, договор на кој сме ставиле потпис, а на кој стојат имињата на сите јазици на ЕУ. Овој договор беше блокиран од страна на Бугарија токму заради македонскиот јазик, но, со отпочнувањето на преговорите, ЕУ исто како и ние се докажа како партнер од доверба кој ги исполнува ветувањата.

Отворањето на преговорите е огромен успех за сите нас. Процесот е конечно започнат и сега е важно да напредуваме во реформите, заради граѓаните и заради градење на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи. Низ преговорите ќе ни се отвораат повеќе фондови, а на долг рок – бенефитот ќе го имаат нашите граѓани.

Во меѓувреме добивме и позитивен Извештај од Европската комисија, прв после отворањето на преговорите. Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година е цитирам „добро ниво на подготвеност“. Во околу 90% од областите имаме делумна или добра подготвеност.

Воедно, процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност. Овој процес мора да биде инклузивен и транспарентен, а со вклучувањето на граѓанскиот сектор и експертите во преговарачкиот процес, заедно со европските фондови кои ни се на располагање, гледаме нова можност за повеќе реформи и побрзи реформи.

Наше е да продолжиме со реформите, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија ни е од стратешки интерес кој со заложба од сите засегнати е достижно многу брзо. Минатата недела бев во Берлин на Самитот на Берлинскиот процес кој е уште еден доказ дека ЕУ забрзано работи на евроинтеграцијата на Западниот Балкан.

На Самитот потпишавме три договори за мобилност кои се во насока на заложбите за Заеднички регионален пазар, што е исклучително важен процес на нашиот европски пат бидејќи е практично подготовка за интеграција во единствениот пазар на ЕУ. На овој начин, меѓу другото регионот ќе стане многу поатрактивен, конкурентен и подостапен за странските инвеститори, што во крајна линија ќе значи и побрз и повисок развој.

Овој процес, овој Самит ја покажува и докажува детерминираноста на ЕУ за брза и сигурна интеграција на регионот, а особено на Северна Македонија. Ние бевме таму препознаени како сигурен партнер, најстабилна земја на Балканот и затоа и се одлучи Северна Македонија да е депозитар на сите три договори кои се потпишаа и тие ќе бидат депонирани во нашето МНР.

Граѓаните треба да знаат дека процесот на европеизација не е проект на една поединечна политичка партија. Ние денес, тука од Собранието мора да ја испратиме пораката дека ова е национален проект, проект во кој мора сите да дадеме свој придонес, бидејќи се работи за државата, и за граѓаните. Пред нас стојат многу предизвици, а она што го нагласив и денес пред претседателите на парламентарните партии е пред сѐ потребата за непречено функционирање на Собранието, бидејќи истото е исклучително важно за нашиот европски пат.

Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници и да се одблокираат процесите, за да може да имаме поефективни решенија, особено за законите кои се однесуваат на судството, кои се важни и за владеењето на правото како постулат, важни се за нашиот европски пат, но се уште поважни и за враќањето на довербата на граѓаните во судската власт.

Ние како Влада, но и како владејачка и државотворна партија, сме отворени за соработка за сите решенија кои ќе придонесат за да се постигнат овие цели. Инклузивност и обединетост по ова прашање е повеќе од потребно. Потребна ни е инклузивност и по темата за ЕУ секако, а не терен за политички борби и пресметки. Не смееме да дозволиме уставните измени на кои се обврзавме со европскиот предлог со заклучоците од Собранието, да бидат пречка која самите ќе си ја поставиме. За прв пат одлуките зависат само од нас, а блокадата ако се случи, ќе ја направиме ние.

Вие веќе знаете, доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму, се отвораат кластерите, без потреба од нова одлука и без можност за нова блокада од Бугарија. Треба да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент и атмосфера која ја има во ЕУ во наша полза. Треба да сме свесни дека живееме во турбулентен политички, економски и безбедносен период. И да препознаеме дека сега имаме отворена врата и сега имаме подадени раце од нашите партнери.

И тоа треба да се искористи! Да покажеме политичка волја и капацитет за да ги валоризираме нашите досегашни заложби и напори и во најбрз можен рок да станеме членка на ЕУ. Не е време за поделби, никој нема корист од тоа. Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да ја реализираме поставената цел. Затоа и напоменав дека од корист ќе е формирање собраниска група за европски реформи која врз основа на Извештајот на Комисијата и скрининзите ќе се погрижи реформите поврзани со ЕУ преговорите да не бидат блокирани и да не доцнат.

Националниот совет за евроинтеграции претседаван од опозицијата треба да биде вистинското место за тоа. Комисијата за европски прашања во секој случај си ја задржува својата важна законодавна улога. Потребен ни е Договор за национално единство за ЕУ кој ќе ги покаже искрените намери за европеизација на општеството и полноправно членство во ЕУ. Мора да покажеме зрелост како држава, мора да покажеме демократски капацитет и да останеме на европскиот пат низ годините пред нас. Конечно е време за да почнеме нова приказна во која Северна Македонија станува европска земја, земја со закон, ред, систем, иднина, подобар живот. И тоа за сите нејзини граѓани.

Како што посочив и на средбата, СДСМ е посветен на таа приказна. Исто така посочив дека сега е исклучително важно да се постават приоритетите правилно. Првиот приоритет е она што е од интерес на државата и сите граѓани, а тоа е продолжувањето по европскиот пат. Потоа следат интересите на политичките партии. И тој е редоследот и концептот – на прво место е и секогаш ќе биде интересот на државата. И тука нема дилема.

Сакам да нагласам дека калкулации овде и сега не треба да има. Овде се работи за нашата и за иднината на нашите деца. Никој нема право да ја кочи иднината на државата, заради лични или партиски интереси и заради напредок во личната политичка кариера. Никој нема право да блокира, никој нема право да биде кочничар во процеси кои значат подобар живот, просперитет, развој и напредок.

Почитувани медиуми,

Членството во ЕУ е врвен национален интерес и така треба и да се третира. Очекувам во наредниот период, сите да сме на ниво на задачата, да дадеме сѐ од себе и да ги приоретизираме работите по вистинскиот редослед и концепт, и максимално да дадеме свој придонес. Нашата единствена алтернатива е ЕУ. Треба да го искористиме поволниот период кој го имаме пред нас, да ја искористиме поддршката која ја добиваме во моментов, и да обезбедиме за граѓаните, за сегашните, за идните генерации, европска и побогата иднина“.

    

Најново

Белгиски медиуми: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е крај за европскиот сон на Македонија

Sase Ivanovski

Мерко не се појави на судењето за набавка на луксузното Aуди А6

Sase Ivanovski

Ќе се крати рокот за одлучување – дисциплинските постапки за судиите нема да може да се чуваат во фиока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИ СПРАТ ОД КУЌА ПОЗАДИ УНИВЕРЗАЛНА, НЕМА ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИНДИКАТИТЕ ПРЕКИНАА ГОВОР НА ЏОРЏА МЕЛОНИ, ПОЧНАА ДА ЈА ПЕАТ РАБОТНИЧКАТА ХИМНА

Sase Ivanovski

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРОМАВ ЧОВЕК, ЖИВ ЃАВОЛ

Sase Ivanovski

Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Sase Ivanovski

Дилетанти во напад – Професорката Силјановска Давкова треба да им рече ФАЛА!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Sase Ivanovski

САМО ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ КАКО ШТО КАЖА АНТЕ МАРКОВИЌ

Sase Ivanovski

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 еур за отворање на е-продавница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ЕБР и ЕОП: Поддршка до специјалните единици бидејќи ти се првиот столб на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата

Sase Ivanovski

Русија ѝ се закани на Полска:„Тие ќе бидат први на списокот на нашето воено планирање“

Sase Ivanovski

21 Политичка партија ја потпишаа Заложбата за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Sase Ivanovski

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Sase Ivanovski

За 15% поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Sase Ivanovski

Сонот на штипјани станува реалност – браната Отиња го решава водоснабдувањето на градот

Sase Ivanovski

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност

Sase Ivanovski

Не е точно дека директорката на Токсикологија оди на работа по 4 часа дневно и дека се паркира на влез од Клиниката, рече министерот за здравство

Sase Ivanovski

КОЛОЗОВА: ЧАО ЕУ, ДОБРЕДОЈДЕ ЕУРОАЗИЈА

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Sase Ivanovski

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Sase Ivanovski

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Sase Ivanovski

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите – поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија

Sase Ivanovski

Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници

Sase Ivanovski

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Sase Ivanovski

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директорка на градинка во Велес, за употреба на лажен сертификат

Sase Ivanovski

Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

Sase Ivanovski

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите

Sase Ivanovski

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Тимот студенти од правен факултет од Приштина меѓу топ 3 во светот, ги победија елитните Харвард, Кембриџ, Колумбија, Оксворд и Јејл

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Пукнато парно ја поплави Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Sase Ivanovski

И Николоски од Струмица го повика Таравари да формираат влада

Sase Ivanovski

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО НАЈМНОГУ ДОНАЦИИ ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА, ПЕНДАРОВСКИ СО НАЈМАЛКУ

Sase Ivanovski

Новинарите на италијанската државна телевизија ќе штрајкуваат поради „задушувачката контрола“ од владата на Мелони

Sase Ivanovski

Зајкова: Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничка

Sase Ivanovski

МФ: Одржана седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност со цел разгледување на одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата

Sase Ivanovski

Анкета: Половина од новинарите во Србија подлегнале на самоцензура, третина се соочиле со закани

Sase Ivanovski

Нигерија: Над 100 затвореници избегаа откако дождовите го оштетија затворот

Sase Ivanovski

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Sase Ivanovski

Варшава го отповика полскиот командант на Еврокорпус поради истрага за шпионажа

Sase Ivanovski

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Sase Ivanovski

Путин: Руската економија станува посилна и покрај сите предизвици

Sase Ivanovski

Нема договор меѓу Белград и Приштина за користење на динарот, нова рунда преговори на 13 мај

Sase Ivanovski

Поскапе регистрацијата на возила – ова се новите цени

Sase Ivanovski

Египет предупредува на „катастрофални последици“ додека се наѕира офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Девојка (19) во Украина се обидела да си го продаде синот за 23.500 евра

Sase Ivanovski

Подобро да бидам најлошиот на светот, отколку да направам нешто против мојата Србија!

Sase Ivanovski

Брод на кралската морнарица соборил ракета истрелана од Хутите

Sase Ivanovski

СДСМ: Jа слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ние ќе продолжиме да се бориме

Sase Ivanovski

Зеленски им се заблагодари на Џонсон и Шумер за американската помош за Украина

Sase Ivanovski

Уапсен украински министер, осомничен за корупција

Sase Ivanovski

Маскиран со фантомка и со автоматска пушка ограбил казино во тетовско: Притвор за 28-годишен разбојник

Sase Ivanovski

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Sase Ivanovski

Кина со предупредување до САД: Не ги преминувајте црвените линии!

Sase Ivanovski

ДЕНКО МАЛЕСКИ: ГНЕВОТ НА НАРОДОТ МОРА ДА СЕ ИЗВЕНТИЛИРА, НА ВМРО ДПМНЕ МОРА ДА МУ СЕ ДОЗВОЛИ ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ИНАКУ НЕ НИ БЕГА ГРАЃАНСКА ВОЈНА!

Sase Ivanovski

Исмаили: Верувам дека може да ја направиме промената

Sase Ivanovski

Зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании, смета Агенцијата за супервизија на осигурување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПУТИН ГО УАПСИ ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РУСИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ОД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: ЖИВЕЕЛ КАКО МИЛИЈАРДЕР СО ЈАХТИ СО ДИЈАМАНТИ, АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ ГО ОТКРИ НЕГОВИОТ КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со видео надзор општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Sase Ivanovski

Волонтери собраа два камиони ѓубре кај Аквадуктот – „Од депонија стана рај“ (ФОТО)

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДРЖИ ПАРТИСКИ КОНГРЕС ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

Sase Ivanovski

Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ СВЕТОТ ОСТАНУВА НА ЛГБТ ЛУЃЕТО

Sase Ivanovski

И ПОСЛЕ ЗОШТО ВОЈНИ ИМАЛО НА БАЛКАНОТ, СРЕЌА Е ШТО УШТЕ ПОСТОИ ОВАА ВУКОЈЕБИНА

Sase Ivanovski

Додик: Резолуцијата во Сребреница е лага, но ќе однесеме венци во Поточари ако тоа не навреди никого

Sase Ivanovski

Столтенберг: Кина мора да престане да и помага на Русија во војната против Украина

Sase Ivanovski

Ковачевски: Сите да размислат што ќе биде ако се вратат грдите времиња на меѓуетнички тензии

Sase Ivanovski

„Ако не ја запреме Русија, ќе не убијат сите“ смета Зеленски

Sase Ivanovski

Јакимовски: Муцунски се подбивал со мојот пораз – јас барем го признав, тие пијани држеа прес-конференција

Sase Ivanovski

Која е Бегоња Гомез, жената поради која ќе падне шпанскиот премиер

Sase Ivanovski

Граѓаните чекаат автобус на оштетени постојки, некаде и без стреи и клупи

Sase Ivanovski

5 египетски артефакти вратени од САД во Египет

Sase Ivanovski
Вчитувам....