Лишен од слобода дилер од Струга
Лишен од слобода дилер од тетовско
На 12.11.2022 во 15.00 часот во с.Јеловјане, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е А.А.(25) од с.Јеловјане затоа што по извршениот претрес по издадена судска наредба во неговиот дом е пронајдена марихуана, пушка „Фабарам“ модел Лион Х368 кал. 12 ГАХ3 и 32 патрони кал. 12 м.м и др. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Лишени од слобода криумчари на мигранти
На 12.11.2022 околу 14.30 часот на патот Демир Капија – Неготино, на место викано „Јела“ од полициски службеници од Полициска станица Неготино биле лишени од слобода С.Ф.(26) од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, и А.Ќ.(20) од Гевгелија, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со гевгелиски регистарски ознаки, затоа што во возилата биле пронајдени шест лица мигранти (пет од Сирија и едно од Пакистан). За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.