-Неопходно е Северна Македонија час поскоро да ги почне преговорите, домашните кочници и стравови да ги надминеме за да ги почнеме преговорите. Следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат, ќе треба да се менуват закони, но не само закони, туку тоа ќе треба да се почувствува во реалниот живот, граѓаните ќе треба да почувствуваат поинаков живот. Ќе биде многу тешко, особено за политичката елита да ги исполни сите критериуми што ги очекуваат граѓаните, но затоа се тука либералите подготвени да го помогнат и да го поддржат овој процес, не само на домашен план, туку и меѓународно, истакна Милевски.
Тој е убеден, нагласи, дека и во наредниот период, кога партијата ќе ја води Зајкова , ЛДП ќе стои на располагање за сите активности на земјата кои се во насока на почеток на преговорите и членство во ЕУ. Час поскоро целиот регионот е неопходно да стане полноправна членка на ЕУ, напомена Милевски. На конференцијата, по Милевски, кусо обраќање имаше и европратеникот, копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук