Пораки со поддршка пристигнуваа од целиот свет, вклучувајќи и од селекторот на Бразил, Тите, од Светското првценство во Катар. Легендарниот бразилски фудбалер Пеле синоќа преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите ширум светот за пораките со поддршка кои ги прими откако претходно неделава повторно беше примен во болница во Сао Паоло. Пеле, кому во септември лани му беше отстранет тумор од дебелото црево, беше хоспитализиран во вторникот поради проценка на ефикасноста на хемотерапијата.