Изминува и ноември, а даночните закони што беа најавени за септември, па за почетокот на октомври, средината, па крајот на октомври, ги нема и во последната декада од ноември. На прагот сме на 2023 година.За компаниските буџетирања недостасуваат важни даночни претпоставки.Субвенции за придонеси од плата веќе нема, непознаница е како ќе се оданочува доходот на граѓаните, каматите од депозити, капиталните добивки, осигурувањето,… ќе има ли данок на екстра профитот,.. стапките на ДДВ, реинвестираната добивка, прагот за ДДВ регистрација…На бизнисот му требаат навремени информации.