Приведено лице барано со потерница за издржување затворска казна Денеска (14.11.2022) околу 07.50 часот во Тетово, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 29-годишниот тетовец А.В. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Лишени од слобода крадци од Битола, расчистени 18 тешки кражби На 13.11.2022, полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола, Е.В(29) од Битола и Х.В.(52) од с.Канатларци, прилепско. Тие се сомничат дека во последните два месеци извршиле 18 тешки кражби во куќи и ормари на мобилен оператор на подрачјето на Битола, при што одзеле разни предмети. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лишено од слобода лице барано со потерница Денеска (14.11.2022) во 11.20 часот на ул.„Скупи“ во населбата Злокуќани во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(25) од Струмица, со место на живеење во с.Трубарево, скопско. За неа била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 200 од Кривичниот законик. Таа ќе биде предадена на надлежна казнено поправна установа за издржување на казната.