Приведен крадец осуден на 30 месеци казна затвор Денеска (17.11.2022) во 13.20 часот на ул.„Гарибалди“, во населбата Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(33) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Кривична пријава против скопјанец, за изработка и употреба на лажна платежна картичка Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против A.Т.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик. Пријавениот, во текот на март 2022 година, противправно набавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и лични податоци од носителот, по што ги употребил за вршење на 16 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги, во вкупна вредност од 31.659 денари. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во тој износ.