Во земјите од Западен Балкан најголемиот напредок е забележен во областа инклузија на децата со инвалидитет, а посебно во процесот на деинституционализација на таквите деца, инклузивното образование и помошта што е достапна на ниво на локална заедница, стои во Регионалниот преглед на економиите на Западен Балкан во поглед на Европскиот столб на социјални права 2021, што го подготви Советот за регионална соработка (РСС). Според извештајот, интеграцијата на лицата со инвалидитет е тешка на сите нивоа. Се проценува дека процесот на прилагодување на физичката инфраструктура за потребите на лицата со физички ограничувања е многу бавен, вклучувајќи го и физичкиот пристап до училиштата, здравствените установи и јавниот простор, додека, мерките на социјална заштита се неадекватни за вистинските потреби на оваа социјална група.